Зелен Институт - Zelen Institut - Green Institute

Зелен Институт - Zelen Institut - Green Institute Здружение на граѓани Зелен Институт - Скопје

04/05/2026
Повик за ангажирање на финансиски/институционален експертЗдружението за еколошко одржлив развој Зелен институт од Скопје...
04/05/2026

Повик за ангажирање на финансиски/институционален експерт

Здружението за еколошко одржлив развој Зелен институт од Скопје во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми , во рамки на проектот ,,Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните”, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, објавува заденички :

Jавен повик за ангажирање на финансиски/институционален експерт

Експертот ќе работи заедно со тим од технички експерти во две фази:

• Фаза A2.1 – Базично истражување (15 дена)
• Фаза A2.3 – Пред-физибилити студии (20 дена)

Повик за ангажирање на финансиски/институционален експерт Здружението за еколошко одржлив развој Зелен институт од Скопје во партнерство со Националното зд...

19/03/2026
📍 Куманово, 16 март 2026Градоначалникот Maksim Dimitrievski  потпиша Меморандум за сооработка во рамки на проектот за уп...
19/03/2026

📍 Куманово, 16 март 2026

Градоначалникот Maksim Dimitrievski потпиша Меморандум за сооработка во рамки на проектот за управување со биоотпад.

Воедно, продолжи обуката на👥 анкетари, спроведена од експерти, како и подготовката на📄 интервјуа поврзани со 🍃 биоотпадот. Во процесот се вклучени претставници од:

⏺️ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово
⏺️ЈП „Македонски шуми“ – подружница Куманово
⏺️Месната индустрија „БДА-компани Куманово“
⏺️Свињарската фарма „Илиевски компани 3“

♻️ Биоотпадот како ресурс

Биоотпадот претставува значаен ресурс кој општините можат да го искористат за производство на:

🌳 Компост
🌿 Биогас
🪵 Пелети и брикети
🥔Сточна храна

Со тоа се намалуваат трошоците за транспорт на отпад, а истовремено се спречува загадување и ризик од пожари.

🤝 Заеднички пристап
За успешно управување со биоотпадот, неопходно е:

➖Здружување на општините
➖Активно учество на граѓаните
➖Вклучување на правни субјекти што создаваат биоотпад

Биоотпадот треба да се:
♻ селектира
♻ делумно реупотреби
♻ делумно преработи
Изборот на решенија ќе зависи од видот на отпадот и локалните потреби.

📊 Следни чекори

Проценката ќе се врши преку пред-физибилити студии во четири пилот региони:

📍 Берово
📍 Кавадарци
📍 Куманово
📍 Радовиш

По теренските анкети и организирани форуми со општини, јавни претпријатија, бизнис-сектор и граѓани, ќе се изработи национален концепт за управување со биоотпад.

🌱 Проект и поддршка

Оваа активност е дел од проектот:
„Нула биоотпад: во партнерство со граѓаните“

Имплементатор: Зелен Институт - Zelen Institut - Green Institute
Партнер: Здружение на сопственици на приватни шуми

Поддржано од: Влада на Швајцарија 🇨🇭 Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Civica Mobilitas

ℹ️ Напомена:
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Зелен Институт - Zelen Institut - Green Instituteт и не ги одразува ставовите на Владата на Швајцарија 🇨🇭 Embassy of Switzerland in North Macedonia, Civica Mobilitas или партнерските организации што ја спроведуваат.

📣На1️⃣3️⃣ март 2️⃣0️⃣2️⃣6️⃣во Кавадарци продолжи обуката на 👥 анкетари од страна на експерти и изработка на интервјуа за...
18/03/2026

📣На1️⃣3️⃣ март 2️⃣0️⃣2️⃣6️⃣во Кавадарци продолжи обуката на 👥 анкетари од страна на експерти и изработка на интервјуа за ♻️биоотпадот со претставникот на🚛ЈП за комунални работи „Комуналец“, директорот на🌲 ЈП Македонски шуми – подружница Кавадарци, директорката на 🏥ЈЗУ Општа болница, како и менаџерот и енологот од 🍾една винарија. Посетата на проектниот тим започна со👥средба кај секретарот на општината, Тодор Ефремов и потпишување 📝Меморандум за соработка.

Биоотпадот 🍃 e ресурс кој општините треба да го искористат за добивање компост, биогас, пелети, брикети, храна за стоката и други намени, заштедувајќи транспортни трошоци за јавните комунални претпријатија и спречувајќи загадување☢️ и опасност од пожари 🚒. За да се постигне тоа, општините треба да се здружат и организираат, заедно со граѓаните 👩‍🌾👨‍🌾 и 🏪правните субјекти што создаваат 🍃 биоотпад .
Биоотпадот 🍃 треба да се ♻️селектира, дел да се реупотреби, дел да се преработи. Изборот ќе зависи од видот на 🍃 биоотпад и потребите на граѓаните 👩‍🌾👨‍🌾и 🏪правните субјекти во регионот кај што се создава. Проценката📊 ќе се направи преку 📄пред-физибилити студии, со четири пилот градови и нивните региони: Берово, Кавадарци, Куманово и Радовиш. По спроведени теренски анкети 👥и редица форуми 🗣️ со градоначалници, јавни комунални претпријатија, 🏪бизнис-сектор, 👩‍💼експерти и 👩‍🌾граѓани, ќе се изготви 📜предлог-концепт за решавање на биоотпадот 🍃 на ниво на држава 🇲🇰.
Објавата е дел од проектот 🍃 „Нула биоотпад: во партнерство со граѓаните“, што се спроведува од страна на Зелен Институт - Zelen Institut - Green Institute, во соработка со „Здружението на сопственици на приватни шуми“ како партнер .
Проектот е поддржан од Владата на 🇨🇭 Швајцарија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Civica Mobilitas.


Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Зелен Институт - Zelen Institut - Green Institute и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на 🇨🇭 Швајцарија Embassy of Switzerland in North Macedonia, Civica Mobilitas или организациите што ја спроведуваат.

12/03/2026

📢 Нов број на Граѓански импулс!

🌱👥 Февруари беше активен месец за грантистите на Цивика мобилитас!
Од еколошки иницијативи и младинско учество, до активности за родово одговорно буџетирање и подобрување на здравствената заштита.

🌿 Во Југозападниот регион започна иницијатива за граѓанска мрежа за чист воздух.
♻️ Во Скопје продолжија работилниците за повторна употреба и пренамена на био-отпад со ученици од основни училишта во општините Карпош, Кислеа Вода и Ѓорче Петров.
🌱 Во Берово започнаа теренски истражувања за управување со био-отпад и соработка со локалната самоуправа.
👥 Млади од Прилеп и Крушево учествуваа на обуки за застапување и учество во носење одлуки.
👩‍💼 Над 60 жени од Делчево, Штип и Виница учеа за родово одговорно буџетирање.
🎗️ Граѓански организации на Светскиот ден за борба против ракот упатија и повик до Владата и Министерство за здравтсво за подобар пристап до скрининг и квалитетна здравствена заштита.

🔎 Прочитајте повеќе за месечениот осврт на линкот во коментар 👇

#ГраѓанскиИмпулс
Embassy of Switzerland in North Macedonia

🌱 Обуката за анкетари 👥 за биоотпад продолжи во Радовиш. На 5 март 2026 проектниот тим се сретна со градоначалникот Љупч...
09/03/2026

🌱 Обуката за анкетари 👥 за биоотпад продолжи во Радовиш. На 5 март 2026 проектниот тим се сретна со градоначалникот Љупче Почивалец и потпиша Меморандум за соработка. Експертите ја продолжија обуката на 👥 анкетари и тестирањето на прашалникот преку интервјуа со претставници од локални институции и компании.
🤝 Интервјуата се одржаа со: 🚛 ЈП „Плаваја,“ 🌲 ЈП Македонски шуми – подружница Радовиш, 🥛✨ Млекарата „Ѓорѓиеви“ и 🐐 Козарската фарма „Чифиани.“
🚛 ЈП „Плаваја“ – моментално нема капацитет за одделно собирање биоотпад, но би започнале со стручна, кадровска и финансиска поддршка. Општината смета дека граѓаните би селектирале биоотпад ако им се обезбедат услови.
🥛✨ Млекарата „Ѓорѓиеви“ – има проект за биогасна централа, но реализацијата бара значителни инвестиции. Засега немаат консултации за заеднички вложувања.
🐐 Фармата „Чифиани“ – млекото го доставува до „Ѓорѓиеви“ и е заинтересирана за соработка со нив и други субјекти за заедничко решавање на органскиот отпад.
🌍 Биоотпадот е ресурс со многу можности: компост за земјоделски почви; биогас за електрична и топлинска енергија; дрвен чипс, пелети и брикети како обновлив енергенс; храна за стока; биопластика и суровини за индустриски процеси.
📊 Проценката на технички, организациски и финансиски модели ќе се направи преку пред-физибилити студии во четири пилот градови: Берово, Кавадарци, Куманово и Радовиш и припадните плански реигони. По анкетите, базичното истражување и форумите со градоначалници, јавни претпријатија, бизнис-сектор, граѓански организации и граѓани ќе се изготви предлог-концепт за решавање на биоотпадот на државно ниво.

🤝 Проектот „Нула биоотпад: во партнерство со граѓаните“ го спроведува Зелен Институт во соработка со „Здружението на сопственици на приватни шуми“ и е поддржан од Владата на Швајцарија🇨🇭 преку програмата Civica Mobilitas.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија🇨🇭 Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Civica Mobilitas


Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Зелен Институт - Zelen Institut - Green Institute и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија🇨🇭 Embassy of Switzerland in North Macedonia, Civica Mobilitas или организациите што ја спроведуваат.

📢На 27 февруари 2026 📅 во Берово започна обука на 👥анкетари од страна на експерти и изработка на првите интервјуа за био...
04/03/2026

📢На 27 февруари 2026 📅 во Берово започна обука на 👥анкетари од страна на експерти и изработка на првите интервјуа за биоотпадот со директорите на ЈП за комунални работи „Услуга“, ЈП Македонски шуми – подружница Берово, најголемиот 🫐 овоштарник во Малешевијата „Малеш“ и националниот хотелско-угостителски комплекс 🛏️„Манастир“. Посетата на проектниот тим започна со средба кај градоначалникот Петар Ружински и потпишување Меморандум за соработка.

Биоотпадот🍃 e ресурс кој општините треба да го искористат за добивање компост, биогас, пелети, брикети, храна за стоката и други намени, заштедувајќи транспортни трошоци за јавните комунални претпријатија и спречувајќи загадување☢️ и опасност од пожари🚒. За да се постигне тоа, општините треба да се здружат и организираат, заедно со граѓаните👩‍🌾 и правните субјекти што создаваат биоотпад🍃.
Биоотпадот треба да се селектира, дел да се реупотреби, дел да се преработи♻️. Изборот ќе зависи од видот на биоотпад и потребите на граѓаните и правните субјекти во регионот кај што се создава. Проценката ќе се направи преку пред-физибилити студии📝, со четири пилот градови и нивните региони: Берово, Кавадарци, Куманово и Радовиш. По спроведени теренски анкети 📋 и редица форуми‍🗣️ со градоначалници, јавни комунални претпријатија, бизнис-сектор, експерти и граѓани, ќе се изготви предлог-концепт за✅решавање на биоотпадот на ниво на држава.
Објавата е дел од проектот ♻️„Нула биоотпад: во партнерство со граѓаните“, што се спроведува од страна на Зелен Институт - Zelen Institut - Green Institute, во соработка со „Здружението на сопственици на приватни шуми“ како партнер .
Проектот е поддржан од Владата на 🇨🇭 Швајцарија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Civica Mobilitas.


Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Зелен Институт - Zelen Institut - Green Institute и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на 🇨🇭Швајцарија Embassy of Switzerland in North Macedonia , Civica Mobilitas или организациите што ја спроведуваат.

Address

Булевар „Кочо Рацин„ 18
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 17:00
Wednesday 08:00 - 17:00
Thursday 08:00 - 17:00
Friday 08:00 - 17:00

Telephone

00389078288238

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Зелен Институт - Zelen Institut - Green Institute posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share