09/05/2026
Угостителско-туристичкото училиште Нови Пазар, во соработка со Градот Нови Пазар е организатор на II Меѓународен Гастро Фест, кој се одржува во периодот од 7 до 10 мај 2026 година во Нови Пазар, во Домот на младите.
Овогодинешна земја домаќин е Република Турција, која со своето богато кулинарско наследство и препознатливи вкусови дава посебен печат на овој меѓународен гастрономски настан.
Натпреварувачката програма ќе се реализира на 8 и 9 мај, а опфаќа дисциплини од областа на кулинарството и угостителството, вклучувајќи подготовка на различни видови јадења, десерти, како и категоријата „Јадење на земјата домаќин – Република Турција“.
Претставник од Македонија, од Гастромак е шеф Миле Неделковски кој со своето долгогодишно искуство ќе даде свој допринос за развојот на гастрономијата во овој регион.
Натпреварот ќе собере учесници од повеќе земји од регионот, а оценувањето ќе се врши во согласност со јасно дефинирани критериуми и меѓународни стандарди.
Среќно