URB - ARH

URB - ARH Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from URB - ARH, Non-Governmental Organization (NGO), Skopje.

Организација за развој, заштита и промоција на урбанизмот, архитектурата и културното наследство УРБ-АРХ /
Organization for Development, Preservation and Promotion of Urbanism, Architecture and Cultural Heritage URB-ARH Основна цел на Организација за развој, заштита и промоција на урбанизмот, архитектурата и културното наследство УРБ-АРХ – Скопје е: заштита, развој, унапредување и промовирање на у

рбанизмот, архитектурата и културното наследство, какo и заштита на животната средина во РСМ, Балканските простори, а во соработка со меѓународни здруженија и организации и урбанистичките и архитектонски вредности во европските и светски простори.

26 Јули е важен датум во колективната меморија на Скопје, тој е потсетник дека градовите се живи системи – ранливи на пр...
26/07/2026

26 Јули е важен датум во колективната меморија на Скопје, тој е потсетник дека градовите се живи системи – ранливи на природни катастрофи, но и способни за обнова, адаптација и напредок.

По земјотресот во 1963 година, Скопје стана глобален пример за солидарност, модернистичко планирање и визија за иднината. Многу од архитектонските и урбанистичките вредности создадени во периодот на обновата и денес го обликуваат идентитетот на градот.

На денешниот ден се сеќаваме на жртвите, но и на лекциите што градот ни ги остави: дека квалитетното планирање, отпорната инфраструктура и јавниот интерес мора да останат во центарот на урбаниот развој.

Да го чуваме наследството. Да градиме поодржлива и поотпорна иднина.

#Скопје #26Јули #Земјотрес1963 #Архитектура #Урбанизам

30/05/2026
30/03/2026

Минатиот четврток, на ден 19.03.2025 година во просториите на Младинскиот хаб при Град Скопје, се одржана еднодневна работилница за параметриски дизајн „(И)регуларни геометрии: од код до фабрикација“ која успешно ги обедини архитектурата, технологијата и иновацијата.

Работилницата, беше организирана од Органицацијата УРБ-АРХ и PIXOLID.de. Под менторство на Звонко Вугрешек ко-основач на PIXOLID.de и предавач по роботика и вештачка интелегенција во дизајн и фабрикација на повеќе факултети во Берлин, учесниците имаа можност да се запознаат со основите на алгоритамскиот дизајн и дигиталната фабрикација – теми кои сè повеќе го обликуваат современиот архитектонски дискурс, но сè уште се новина во македонски контекст.

Продолжи со читање на marh.mk
👉 https://marh.mk/parametricizam-i-digitalna-fabrikacija-novi-praktiki-vo-makedonskata-arhitektura/

Минатиот четврток, на ден 19.03.2025 година во просториите на Младинскиот хаб при Град  #Скопје, се одржана еднодневна р...
23/03/2026

Минатиот четврток, на ден 19.03.2025 година во просториите на Младинскиот хаб при Град #Скопје, се одржана еднодневна работилница за параметриски дизајн „(И)регуларни геометрии: од код до фабрикација“ која успешно ги обедини #архитектурата, #технологијата и #иновацијата.
Работилницата, беше организирана од Органицацијата УРБ-АРХ и студио Pixolid. Под менторство на арх. Zvonko Vugreshek од TU Berlin, учесниците имаа можност да се запознаат со основите на дигиталната #фабрикација и #параметрицизам – теми кои сè повеќе го обликуваат современиот архитектонски дискурс, но сè уште се новина во македонски контекст.
Работилницата обедини учесници и професори од повеќе институции, меѓу кои Машинскиот факултет – Скопје, Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград и Архитектонскиот факултет при МИТ Универзитет Скопје, поттикнувајќи интердисциплинарна размена на знаење и искуства. Преку практична работа, учесниците креираа параметриски форми, кои потоа беа поврзани со реалниот процес на изработка, вклучувајќи презентација на машинска продукција со роботска рака.
Настанот заврши со доделување на сертификати, заокружувајќи едно интензивно и инспиративно искуство кое отвора нови перспективи за примена на дигиталните технологии во архитектурата во регионот.
Mirjana Devetakovic Damjan Balkoski

Благодариме Porta3 🤝
13/03/2026

Благодариме Porta3 🤝

„(И)регуларни геометрии: Од код до фабрикација“, фокусирана на параметриски дизајн и дигитална фабрикација. Работилницата е во соработка со Pixolid, и под менторство ....

(И)регуларни геометрии: Од код до фабрикацијаРаботилница за параметриски дизајнДоколку сакаш да научиш како сложените фо...
04/03/2026

(И)регуларни геометрии: Од код до фабрикација
Работилница за параметриски дизајн
Доколку сакаш да научиш како сложените форми настануваат преку код и како од дигитален модел стануваат физички објект – оваа работилница е за тебе.
📅 19.03.2026
🕔 10:00–16:00
📍 Младински хаб на Град Скопје (зелен кров на Дом на градежници)

Ментор: Звонко Вугрешек
Ќе работиме во Rhino и Grasshopper, со можност за изработка на сопствен модел.
Секој учесник добива сертификат.
Котизација: 40 евра
Пријавување: +389 76 465 000 (до 16.03.2026)
Бројот на места е ограничен.

08/02/2026

Вовед Темата на спортот и урбанизмот претставува важен аспект на современото просторно планирање и одржливиот развој на градовите. Во услови на забрзана урбаниза....

08/02/2026
Нова година посветена на истражување, креативност и одржлива архитектонска мисла 🎄
01/01/2026

Нова година посветена на истражување, креативност и одржлива архитектонска мисла 🎄

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when URB - ARH posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share