МАТРОНА ИНТЛ Здружение на граѓани за промоција и поддршка на здравјето и заштита на човекови права
Нашиот главен фокус е вложување во современо здравство и поздрава иднина за нашите граѓани. Една од таквите активности е секако и постојаната поддршка и информирање на јавноста за важноста на доењето за идните генерации. Покрај нашите главни цели, поддржуваме и организираме и многу други проекти кои
се за информирање на трудниците за поздрава иднина.
Визија, мисија, цели
Визијата, мисијата, долгорочните цели, вредностите и дејностите на Здружението се утврдуваат со соодветни долгорочни и среднорочни документи за генерална политика и стратегија утврдени од органите на организацијата.
Визија
Визијата на здружението е општество со здрави и задоволни граѓани со рамноправен пристап, информираност и едуцираност за сите превентивни здравствени програми, здрав животен стил, здраво детство и оподборални услови за правилен раст и развој на секое дете како и загарантирани права на секој човек.
Мисија
Мисијата на здружението е да ја поттикнува и олеснува имплементацијата на здравствени превентивни програми и на различни начини да врши промоција и подршка за унапредување на здравјето на севкупната заедницата, здрав животен стил и навики, да ги поттикнува и олеснува активностите за подобрување на условите за правилен раст и развој на сите деца како и да работи на создавање соодветни услови секој човек (дете) да може слободно да ги практикува и добива загарантираните човекови права.