04/05/2026
Оваа година, MPE Masterclass 2026 се одржа во Лисабон, Португалија 🇵🇹
Иснспирација, знаење и силна заедница!
Овој значаен настан ги обедини пациентите со миелом, застапниците за пациенти, негувателите, здравствени професионалци, истражувачи и претставници од индустријата, во чест на 15 години посветена работа и напредок во миелома заедницата.
Во текот на викендот слушнавме врвни експерти кои споделија најнови сознанија за современи третмани и начини на лекување, MRD, ризици од инфекции и MGUS, а преку интерактивни работилници заеднички ја обликувавме иднината на застапувањето на пациентите и примената на вештачката интелигенција.
Дополнително, беа одбележани успесите на ADP 2025 генерацијата и беа објавени добитниците на грантови за 2026 година — искрени честитки до сите!
Особено сме горди што ХЕМА-ОНКО е полноправен член на MPе и што континуирано, секоја година, активно придонесува и учествува на овој престижен Masterclass, зајакнувајќи го гласот на пациентите и соработката на европско ниво.