29/10/2026
🌱 МАЛИ ИЗБОРИ – ГОЛЕМА ИДНИНА! 💚
Дали некогаш сте размислувале како микропластиката, хемикалиите и секојдневните навики можат да влијаат врз нашите хормони и репродуктивното здравје?
Токму за овие прашања разговаравме вчера, на уште една едукативна работилница во рамки на проектот „Мали избори – голема иднина“, заедно со д-р Elma Abdula Hasanagovski.
🧬 Во фокусот беше ендокриниот систем – како функционира, зошто хормоналната рамнотежа е важна и како одредени фактори од животната средина можат да влијаат врз неговото функционирање.
Разговаравме за микропластиката, изложеноста на одредени хемикалии, ендокрините нарушувачи и за тоа зошто грижата за репродуктивното здравје и идната плодност треба да започне уште во младоста.
💚 Нашата цел не е да им кажуваме на младите што да мислат или какви избори да прават.
Нашата цел е да им овозможиме пристап до проверени информации, да ги поттикнеме да поставуваат прашања и да размислуваат критички, за самите да можат да носат информирани одлуки за своето здравје и својата иднина.
🎓 Особено нè радува интересот и активното учество на учениците од СМУГС Д-р Панче Караѓозов / Shmmqsh D-r Pançe Karagjozov – Скопје, кои уште еднаш покажаа колку е важно да се отвораат теми што ретко се дел од секојдневните разговори, а имаат значење за нивната иднина.
🙏 Искрена благодарност до д-р Елма Абдула Хасанаговски за издвоеното време, споделеното стручно знаење и отворениот разговор со младите, како и до училиштето за соработката.
🤝 Проектот „Мали избори – голема иднина“ го реализира Здружението „До бебе по патот на ИВФ“, со финансиска поддршка од Град Скопје.
🌱 Не можеме да ги избегнеме сите влијанија од средината, но можеме да научиме како да ја намалиме изложеноста на одредени ризици. Мали избори денес. Повеќе знаење и грижа за идната плодност утре. 💚
#МалиИзбориГолемаИднина #РепродуктивноЗдравје #ИднаПлодност #ЕндокринСистем #Микропластика #ЗдравиНавики #ГрадСкопје #ДоБебеПоПатотНаИВФ