17/06/2026
👥️ Помошник генералниот секретар Даниел Лазарев и претседателот на ОУР Штип Горан Саздовски, остварија посета на управните служби во Пробиштип, Кочани, Виница, Берово и Делчево.
🗣 На поединечни средби со колегите беше поразговарано за платите, но и специфичните услови за работа на оваа категорија на вработени, како и нивни идеи и предлози околу новиот Колективен договор.
✍️ Благодарност за сите нови членови кои се приклучија и ја препознаа нашата борба. Во наредниот период како што расте нашето членство така ќе ги зачестуваме и посетите на управните служби, со цел давање на посебен акцент и поддршка за нивната состојба.