10/11/2026
🌍 Одржливите промени на локално ниво бараат заедничка визија, отворена комуникација и активно учество. Во Општина Тетово е формирано Советодавното тело за животна средина, со што започнува нов процес на координирано делување за прашањата поврзани со животната средина.
🌱 Во рамките на проектот „Зелено локално управување“, ова тело ќе претставува платформа за поврзување на локалните институции, експертите и граѓаните, со цел нивните знаења, искуства и идеи да се преточат во насоки за подобрување на состојбите.
🤝 Преку заедничка работа ќе се отвораат важни локални прашања, ќе се утврдуваат приоритети и ќе се разгледуваат можности за поконкретни и долгорочни решенија.
🌿 Првиот чекор е направен. Следува заедничка работа за почиста, поздрава и поодржлива животна средина во Тетово и неговата околина!
ℹ️ „ФИНАНСИРАНО ОД ШВЕДСКА, ПРЕКУ ПРОЕКТОТ ПОДДРШКА ЗА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“
UNOPS
Swiss Development & Cooperation
Komuna e Tetovës / Општина Тетово