Академија Еуроарт / Euroart Academy

Академија Еуроарт / Euroart Academy Едукација, уметност, култура, фолклор и др./ Education, art, culture, folklore etc.

☀️ Нешто од професионалните, а случајни фотографии од нашите играчи, пејачи и инструменталисти на Фестивалот ,,Пауталија...
18/06/2026

☀️ Нешто од професионалните, а случајни фотографии од нашите играчи, пејачи и инструменталисти на Фестивалот ,,Пауталија" во Бугарија.

Нашите деца, младинци и возрасни на сцената и зад сцената. 👏👏👏👏

🇲🇰 Во секој чекор од орото се крие приказна, а во секоја песна - душата на народот.

💖 Народната носија се носи на телото, а фолклорот се носи во срцето.

🌼 Фолклорот е мост меѓу минатото и иднината, изграден од љубов кон традицијата, а нашите членови од Академија Еуроарт / Euroart Academy со радост ги негуваат.

17/06/2026

✨️ Инструменталците на ,,Копачка" - точката што го финишираше нашиот настап на Фестивалот ,,Пауталија, 2026" во Ќустендил, Бугарија. 🥁🥁🍀🥰

Традицијата се излева преку ритамот, публиката одговара со аплауз! 👏👏👏

Приредивме вистинско музичко доживување со впечатлива изведба на пет тапани со нашите инструменталци од ИС ,,Дадец" (од лево кон десно):

🥁 Андреј Димов,
🥁 Војдан Михајловски,
🥁 Божидар Томановски,
🥁 Иван Тасев и
🥁 Андреј Илиев.

Тие се истакнаа со сила, прецизност и умешност, создавајќи атмосфера што никого не остави рамнодушен. 💖✨️

Маестралната изведба наиде на силни овации, ем од публиката ем од жири-комисијата. 🌟🌟🌟

Големо бравоооо! 👏👏👏

Продолжуваме со подготовки за настапи и проекти во текот на летото. 🍀🤩

Продолжуваме да ја оживуваме и да ја развиваме традицијата. 🥰🥰

#ИСДадец #АкадемијаЕУРОАРТ #Копачка #Пауталија2026

16/06/2026

🏆 Не - прва, не - втора, не - трета, туку високата СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА од жирито!!!

👏👏👏 Бравоооо, академцииии!!!

🎉 Честитки за сите - ова е успех за целиот тим, за сите 60 лица таму и сите кои нè бодреа од тука!!!

16/06/2026

🎉 Ви благодариме за 93.000 прегледи за само 2 дена!!!

🥳 55 споделувања и над 3650 лајкови!!!

Топтан на мегдан, оро на плоштад, Јоан и игроорците со леколеки чекори 🥰🥰🥰🥰
и нашите инструменталисти со силен екот 🥁🥁🥁🥁🥁🥁

Радост сте ни, деца наши!!! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Пред настап - подготовки, генерална проба, финално дотерување на секој детаљ ✨️Најмалите ни игроорци од Детската група -...
15/06/2026

Пред настап - подготовки, генерална проба, финално дотерување на секој детаљ ✨️

Најмалите ни игроорци од Детската група - највозбудени за настапот, внимаваат на секој елемент од народната носија. 🤩🤩

Членовите од Тин-група го усогласуваат сценариото, се координираат за сѐ да биде на свое место. 👏👏👏

Возрасните - рекреативки ни се одговорни за позитивната енергија и одличната енергија на генералната проба, ги потсетуваат сите дека на настап сме со широки насмевки. 🥰🥰

Инструменталците усогласуваат динамика и ритам, наштимуваат инструменти за совршена звучна слика. 🥁🥁

Нашите волонтери ни се одлична поддршка за фото-доказ, да ги овековечат сите моменти, да ги проверат сите детали и реквизити за настапот. 📸🍀😍

А сето ова заедно го правиме со координација на нашата проф. д-р Милена Ристова - Михајловска - учителка, наставничка, дада, професорка, многу драга и почитувана водилка во сѐ. 💖🫂

Зад нас е уште една многу успешна турнеја во #Ќустендил, Бугарија, која помина во исклучително ведра и позитивна атмосфера. 🍀🍀🍀

#АкадемијаЕУРОАРТ #Лето2026 #ПодготовкиЗаНастап #Ќустендил #Пауталија2026

Фантастичните ни  #академци со успешен настап на ,,Пауталија, 2026" во Ќустендил, Бугарија 👏👏👏За некои прв меѓународен н...
14/06/2026

Фантастичните ни #академци со успешен настап на ,,Пауталија, 2026" во Ќустендил, Бугарија 👏👏👏

За некои прв меѓународен настап - радосни за првата турнеја со ЕУРОАРТ. 🇲🇰🇲🇰

Други си ги евоцираа спомените на сцената на Фестивалот. 🌟🤩

Сите заедно имавме мошне успешна дружба, бевме пријателски настроени, ведри, позитивни, дружељубиви и имавме радосни и весели моменти. 🥰🥰🥰

Публиката и жири-комисијата ги поздравија нашите точки со силен аплауз, што беше доказ за умешноста што ја покажавме на сцена. 👏👏🤝

Најмалите беа исто толку посветени како и највозрасните, меѓу нас постоеше кохезија од енергија, харизма, почит и љубов. 🤩🤩

Со оваа турнеја ја отворивме летната сезона за Академија Еуроарт / Euroart Academy во оваа 2026 година и со задоволство се подготвуваме за нашите меѓународни претставувања ова лето. ✨️🫂

#АкадемијаЕУРОАРТ #Пауталија2026 #ЌустендилБугарија #турнеи #Лето2026

14/06/2026

🎶🇲🇰 Лесни игроорски чекори во Ќустендил и толку многу љубов кон традицијата! 🇧🇬🎶

Оро на плоштад - Топтан на мегдан и нашите академци - игроорци и инструменталисти кои уште еднаш покажаа дека фолклорот не е само игра и музика, туку душа, дисциплина и гордост.

Со прецизни чекори, сигурен ритам и насмевки што зборуваат повеќе од зборови, тие достоинствено ја претставија македонската традиција пред бројната публика.

А некаде во позадина е и нашиот Јоан - тивок, но присутен, внимателен и посветен. Токму така се создаваат идните чувари на традицијата - чекор по чекор, нота по нота. ❤️

🌿 „Народното оро не ги поврзува само рацете, туку и срцата на генерациите и ги поместува границите, ги спојува луѓето и народите.“

#АкадемијаЕуроарт #ОроНаПлоштад #ТоптанНаМегдан #Кустендил #МакедонскиФолклор #ЧувариНаТрадицијата #ГордиНаНашитеДеца 🇲🇰🎻🪗💃🕺

Продефилиравме низ улиците на  #Ќустендил. ✨️✨️🥁🍀Нашите академци - скоцкани, дотерани, насмеани, со голема желба, огроме...
13/06/2026

Продефилиравме низ улиците на #Ќустендил. ✨️✨️🥁🍀

Нашите академци - скоцкани, дотерани, насмеани, со голема желба, огромен елан, извежбани... 😊

За кратко сме на сцена, подготвени за нашиот настап на Фестивалот ,,Пауталија, 2026". 🥰🥰🥰

#АкадемијаЕуроарт #Пауталија2026 #Фестивал #Дефиле

☀️ Од осветувањето на  #Крстот во с. Таринци, Општина Карбинци ✨️🇲🇰 Нашите ценети академци: Антонија, Матеа, Наум и Вања...
13/06/2026

☀️ Од осветувањето на #Крстот во с. Таринци, Општина Карбинци ✨️

🇲🇰 Нашите ценети академци: Антонија, Матеа, Наум и Вања - чувари на традицијата, верата и македонскиот дух, кои со своето присуство и посветеност ја збогатуваат секоја свеченост и оставаат убав пример за младите генерации. 🌿

Нека Светиот крст што се извишува над Таринци биде симбол на љубов, надеж, единство, соживот и благослов за сите нас. 🙏✨

Благодариме за поканата - радоста се множи кога се дели! 🥰

#Таринци #Карбинци #ОсветувањеНаКрст #АкадемијаЕуроарт #Традиција #Вера #Македонија 🇲🇰 #МладиЧувариНаТрадицијата #КултурноНаследство ❤️💛

12/06/2026

🎶🥁 Прв настап на Јавен час со извонредниот народен оркестар на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ на нашиот инструменталист, играч и пејач, Војдан Михајловски, под менторство на исклучително посветениот м-р проф. Марио Иванов.

Инаку, Војдан е ученик во Нижото музичко училиште при Dmuc Sergej Mihajlov.

👏 Благодарност и честитки до м-р проф. Иванов и до директорот Илија Ќосевски за посветеноста, љубовта и несебичното пренесување на знаења со кои изродуваат плејада деца и младинци - негувачи на македонската традиција и фолклор. 🇲🇰

🥁 „Тапанот е срцето на народната музика - неговиот ритам ги буди корените, ги води чекорите на изворните ора и ја чува жива традицијата низ генерациите.“

Уживајте во настапот! 🎵❤️🥁

Address

Stip
2000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Академија Еуроарт / Euroart Academy posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Академија Еуроарт / Euroart Academy:

Share