Бадникови поворки - Штип

Бадникови поворки - Штип Бадникови поворки – Штип е дел од мрежата на Здружението за возобновување на православните традиции „Бадникови поворки“.

11/01/2026

📸 Бадниковата поворка низ видео-приказна ✨️😊

🫂 Река народ со вера и љубов, дечињата со жолтите ѕвездички и пештерката - на чело на поворката... Заедно го навестивме Христовото Раѓање!

🤳 Низ ова видео ви ја претставуваме атмосферата на нашата највеличествена активност, Бадникови поворки - Штип, 2026.

🎶 ,,Вечниот Бог" и ,,Небо и земја" допреа до срцата на сите кои беа присутни на Плоштадот ,,Слобода", каде ја поставивме големата пештерка.

💛 За Слава на Бога, да си закажеме средба и за следната година!

#БадниковаПоворка #Бадникови2026 #ПоворкаШтип #СлаваНаБог #ХристовоРаѓање #ВечниотБог #штипскаповорка

09/01/2026

⭐️ Втора година по ред ,,Вечниот Бог" низ Штип Сити Мол! ✨️

💛 И годинава учесниците во Бадникови поворки - Штип, во предвечерието на Бадник го навестија Христовото Раѓање во Штип Сити Мол, каде внесовме светлина, топлина и празнична благодат. 🎶🎼

⭐️Жолтите ѕвездички и пештерката, кои ја носат вечната порака за мир, надеж и љубов, потсетија на вистинската смисла на празникот. ✨️😊

📌 Посетителите нѐ следеа со внимание и радост и со воодушевување се приклучија на празничната атмосфера.

❤️ Со Божикната радост, срца да стоплиме! 🫶🏻😊

#БадниковиПоворки #подготовкизахристовотораѓање #штипскаповорка #бадникови2026

🌟 Огромна е радоста што деветта година по ред заеднички ја најавивме веста за Раѓањето Христово низ штипските улици прек...
06/01/2026

🌟 Огромна е радоста што деветта година по ред заеднички ја најавивме веста за Раѓањето Христово низ штипските улици преку Бадникови поворки - Штип 🌟🌟🌟

Децата во Бадникови Поворки ги симболизираат ангелите, кои ја најавуваат веста, а ѕвездичките се симбол на Витлеемската ѕвезда, која упатува кон местото на Раѓањето на Богомладенецот.

Бадник за сите - радост за сите! ❤️
❤️ Со радост, срца да стоплиме!

❤️ Благодарност од срце до хуманите граѓани кои се вклучија во хуманитарната акција на Бадникови поворки - Штип, 2026.📦 ...
05/01/2026

❤️ Благодарност од срце до хуманите граѓани кои се вклучија во хуманитарната акција на Бадникови поворки - Штип, 2026.

📦 Пакетите веќе се дистрибуирани во рацете на ранливи семејства кои живеат во Штип. Барем за миг внесовме трошка радост во нивните домови. Божиќ е за сите, да биде радост за сите! ✨️🌟🫶

🎁 Јорганчиња и нова облека нашите волонтери однесоа и во Детското одделение во КБ - Штип; пакети со хигиенски средства - за штитениците во ЦПЛИП ,,Порака" и пакети до други слични установи и здруженија.

❤️ Благодарност за комплетната логистичка поддршка до Брегалничката епархија и до сите наши волонтери од Академија Еуроарт / Euroart Academy, кои деветта година по ред неуморно се вложуваат во оваа долгогодишна хумана приказна.

🌟 Во неработните денови, ги досредувавме ѕвездичките - симбол на Витлеемската ѕвезда што води кон местото на Христовото раѓање.

Од срце за срца! ❤️
Со радост, срца да стоплиме!

👉 Деветта година по ред Бадниковата поворка во Штип ќе ја пее песната за Вечниот БОГ.🗓 Се гледаме на 6 јануари 2026 (вто...
04/01/2026

👉 Деветта година по ред Бадниковата поворка во Штип ќе ја пее песната за Вечниот БОГ.

🗓 Се гледаме на 6 јануари 2026 (вторник),

⏰️ во 10:00 часот,

⛪️ во Црквата ,,Свети Никола" во Штип.

✨️ Ѕвездичките ќе го навестат Христовото Раѓање, како што тоа го стори Витлеемската ѕвезда, која ги доведе мудреците до пештерата на Синот Божји.

⛪️ А големата пештерка на Плоштадот ,,Слобода" ќе ни биде потсетник за Раѓањето на Богомладенецот.

Добредојдени сте сите - деца, младинци, родители, баби, дедовци - радоста да ја шириме! ❤️

📣 Ајде, заедно да ја разгласиме веста за Христовото Раѓање!

#БадниковиПоворки #ШтипскаПоворка #ПодготовкиЗаХристовотоРаѓање #Бадникови2026

03/01/2026

⭐️ ,,Ќе направиме вистинска ѕвезда од Витлеем и ќе разгласиме дека Христос се роди!" ⭐️

🎭 Драги наши, со вас го споделуваме нашето актерско парче реализирано од Драмскиот клуб при Книжевно-креативниот центар ,,Еквилибриум" на Академија Еуроарт / Euroart Academy - Штип.

⭐️ Вака изминатиов месец, дечиња, младинци и возрасни изработуваа божиќни ѕвездички.

🎭 А нашите членки Јована Коцева, Јана Ѓорѓева и Валерија Спасова ги пренесоа радоста и ентузијазмот со кои ги изработуваме секоја година и ја претставија нивната симболика.

✨️ Со ова ја споделуваме радоста за претстојните Бадникови поворки на 6 јануари 2026.

📣 Ги покануваме сите граѓани на Штип, деца, младинци и возрасни да ни се приклучат кон највеличествената Бадникова поворка.

📌 На 6 јануари 2026 (вторник), во 10:00 ч., заедно сите тргнуваме од Црквата ,,Св. Никола" во Штип.

🔜 Преку ул. ,,Маршал Тито" се упатуваме кон Градскиот плоштад ,,Слобода", каде што децата како предвесници на Христовото раѓање во еден глас продолжуваат да ги пеат Бадниковите и Божиќните песни и песната ,,Вечниот бог". ❤️❤️❤️

💛 Идеја и координација:
Милена Ристова-Михајловска, регионална координаторка на Бадникови поворки

❤️ Реализација, менторство, видео и монтажа: Ребека Спасова, едукаторка во Драмскиот клуб при АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ

💛 Играат:
⭐️ Јована Коцева
⭐️ Јана Ѓорѓева
⭐️ Валерија Спасова

✨️ Бадникови поворки - Штип ✨️

▪️ јануари, 2026 ▪️

#АкадемијаЕуроарт #БадниковиПоворки #БадниковаПоворка2026 #Бадникови #ПоворкаШтип

Хуманитарна акција на Бадникови Поворки 🌟Пунк за собирање Божикни хуманитарни пакети 📦🎁❤️Кога❓️Утре, 3 јануари 2026, саб...
02/01/2026

Хуманитарна акција на Бадникови Поворки 🌟

Пунк за собирање Божикни хуманитарни пакети 📦🎁❤️

Кога❓️Утре, 3 јануари 2026, сабота. 🤗

Каде❓️Во дворот на Црква ,,Св. Никола" - Штип

Од колку❓️Од 10:00 до 16:00 ч.

🌟 Ги очекуваме сите хумани граѓани да ни се приклучат, за барем за миг да внесеме радост во домовите на најранливите! 🫶🫶🫶

Доколку имате прашања, пишете ни во инбокс на Бадникови поворки - Штип 📩

🌟 Петта креативно - уметничка работилница на Бадникови поворки - Штип за правење ѕвездички во административниот дел на Ц...
31/12/2025

🌟 Петта креативно - уметничка работилница на Бадникови поворки - Штип за правење ѕвездички во административниот дел на Црква ,,Свети Никола" - Штип.🫶 🌟✨️

🎼 Ги пеевме песните ,,Вечниот Бог" и ,,Небо и земја", за да ја најавуваме радоста што допрва ќе се шири. ❤️

✨️ Благодарност до сите овие прекрасни деца и родители за вклученоста и слава на Бога за сите чинители, учесници, помагатели, поттикнувачи и поддржувачи на овие ноемвриско - декемвриски подготовки!

🎁 Ги повикуваме хуманите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција за донирање на храна и хигиенски средства за најранливите по повод Божиќните празници на 3 јануари 2026 год. (сабота) од 10:00 до 16:00 ч.

🌟 На 6 јануари 2026 (вторник) во 10:00 ч. тргнува Бадниковата поворка во Штип од Црквата ,,Св. Никола" кон Градскиот плоштад ,,Слобода".

Сите сте поканети и добредојдени!
Да ја умножиме радоста!
Срца да стоплиме! ❤️

Со радост ве очекуваме! 🤗🥰❤️

,,И рекоа: 'Каде е Тој кој се родил, Царот на Јудејците? Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме'.“ 🌟

📣 Најавуваме уште една работилница за правење ѕвездички: утре, 30.12.2025 од 19:00 ч.🎁 Ги повикуваме хуманите граѓани да...
29/12/2025

📣 Најавуваме уште една работилница за правење ѕвездички: утре, 30.12.2025 од 19:00 ч.

🎁 Ги повикуваме хуманите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција за донирање на храна и хигиенски средства за најранливите по повод Божиќните празници на 3 јануари 2026 год. (сабота), од 10:00 до 16:00 ч.

🌟 На 6 јануари 2026 (вторник), во 10:00 ч. тргнува Бадниковата поворка во Штип од Црквата ,,Св. Никола" кон Градскиот плоштад ,,Слобода".

Сите сте поканети и добредојдени!
Да ја умножиме радоста!
Срца да стоплиме! ❤️

Со радост ве очекуваме! 🤗🥰❤️🌟

27/12/2025
📣 Ајде, заедно да ја разгласиме веста за Христовото Раѓање!👉 Деветта година по ред Бадниковата поворка низ улиците на Шт...
27/12/2025

📣 Ајде, заедно да ја разгласиме веста за Христовото Раѓање!

👉 Деветта година по ред Бадниковата поворка низ улиците на Штип ќе ја пее песната за Вечниот БОГ.

🗓 Се гледаме на 6 јануари 2026 (вторник),
⏰️ во 10:00 часот,
⛪️ во Црквата ,,Свети Никола" во Штип.

✨️ Ѕвездичките ќе го навестат Христовото Раѓање, како што тоа го стори Витлеемската ѕвезда, која ги доведе мудреците до пештерата на Синот Божји.

⛪️ А големата пештерка на Плоштадот ,,Слобода" ќе ни биде потсетник за Раѓањето на Богомладенецот.

Добредојдени сте сите - деца, младинци, родители, баби, дедовци - радоста да ја шириме! ❤️

#БадниковиПоворки #ШтипскаПоворка #ПодготовкиЗаХристовотоРаѓање #Бадникови2026

Address

Bregalnicka, Shtip 2000
Stip
2000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Бадникови поворки - Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Бадникови поворки - Штип:

Share