04/01/2026
🥧 PKU бурек од оризова хартија
Едноставен, брз и вкусен PKU бурек – идеален кога ви се јаде нешто солено, а сепак без комплицирани пресметки 💚
🛒 Состојки:
3 листа оризова хартија
PKU млеко (за натопување и премачкување)
Прстофат сол
Vegan VioFast рендано сирење
Egg replacer – 2 мали лажички
околу 80 ml вода
👩🍳 Подготовка:
Во мал сад измешај ја замената за јајце со околу 80 ml вода, додека не добие конзистенција слична на јајце.
Потоа додади го ренданото vegan VioFast сирење и убаво измешај – ова е филот за бурекот.
Во плитка чинија измешај PKU млеко со малку сол.
Оризовите листови (кори) натопи ги во млекото, само колку да омекнат.
Постави ги трите оризови листови во хоризонтална линија, делумно преклопени една со друга.
Стави го филот по средина, завиткај внимателно како ролат, а потоа свиткај го во кружна форма – како класичен бурек.
Премачкај одозгора со малку PKU млеко.
Печи на 220°C додека бурекот не добие убава златна боја.
✅ PKU нутритивна напомена:
Овој рецепт содржи многу ниска количина на протеини и Phe, поради малата количина на млеко што се користи само за натопување и премачкување.