Врз основа на член 18 од Законот за здруженија и фондации 2010 (Сл. Весник на РМ бр.52/ 2010) и собранието на здружението Македонско, Германско, Хрватско МГХ Интернационална Асоцијација - Штип на својата седницата одржана на ден 23.11.2011 година донесе:
С Т А Т У Т
На Здружението - Македонско, Германско, Хрватско за меѓународна соработка, туризам, култура и економија, со назив МГХ Интерн
ационална Асоцијација од Штип
Општи одредби
Член 1
Здружението Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација од Штип е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување заради остварување, заштита и услогласување на своите интереси, уверувања и програмски активности за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување, подобрување и унапредување на економската, културната соработка и поголем развој на туризмот помеѓу Република Македонија, Република Германија, Република Хрватска и пошироко, што ќе бидат примарни дејности во дејствувањето на ова Интернационално здружение.
Здружението ќе работи и во полето на унапредување на моралните вредности, зајакнување и поголемо развивање на меѓуетничките, националните и интернационалните односи и врски, со крајна цел за економски развој во територијата на Република Македонија и пошироко.
Член 2
Граѓаните се здружуваат во здружението Македонско, Германско, Хрватско МГХ Интернационална Асоциајција од Штип, заради остварување на следните цели:
1. Зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во развој на локалната, националната и интернационалната демократија;
2. Здружението ќе дејствува во областа на: Туризам, Економија, Култура и Образование и целите ќе ги остварува преку: Консалтинг услуги, Лобирање, Застапување, Презентирање, Промовирање, Маркетинг и Трговија;
3. Здружението ќе гради партнерства помеѓу НВО секторот, ЛС и бизнис секторот, на локално, национално и интернационално ниво;
4. Здружението ќе гради партнерства за прекугранична и интернационална соработка.
Член 3
Здружението Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација-Штип се организира за подрачјето на општина Штип и ќе дејствува на територијата на Р.Македонија, Р.Германија, Р. Хрватска и пошироко.
Здружението во своето дејствување ќе се проширува на национално и интернационално ниво. Здружението по потреба и за поефикасно работење, ќе оснива и свои бранши во Р.Македонија и во државите од Регионот (Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија, Грција и други држави).
На национално и интернационално ниво, здружението ќе остварува партнерства и ќе соработува со агенции, медиуми, организации, здруженија, фондации, институции, приватниот сектор и ќе членува во различни видови на асоцијации од земјата и странство.
Член 4
Здружението Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација-Штип како здружение со своите цели, задачи и дејности, истите ќе ги остварува во согласност со регулативата утврдена со Уставот на Република Македонија, со овој Статут, Законите на Р.М. и меѓународната легислатива која регулира материја од оваа област.
Член 5
Полниот називот на здружението е:
Здружение; Македонско, Германско, Хрватско - МГХ Интернационална Асоцијација од Штип
Полниот назив на здружението на англиски јазик е:
Association: Macedonia,Germany,Croatia-MGC International Association from Stip
Скратен назив на здружието е:
Здружение; МГХ Интернационална Асоцијација – Штип или МГХ ИА од Штип i
Скратен назив на здружението на англиски јазик е:
Association MGC International Association – Stip ili MGC IA from Stip
Член 6
Седиштето на здружението е во Штип на ул. “Ванчо Велев–Велата”бр. 8, а се организира и делува на подрачјето на општина Штип, на територијата на Република Македонија и останатите земји. Здружението има своја e-mail адреса: [email protected].
Член 7
Здружението Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација од Штип има својство на правно лице, со права обврски и одговорности кои произлегуваат од овој Статут и законските прописи.
Здружението Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација-Штип го претставува и застапува Претседателот.
Здружението има свој печат, штембил и лого.
Печатот е тркалезен и го содржи скратениот назив од името на здружението на Македонски и Англиски јазик со кирилично и латинично писмо, а на средината стои логото на Здружението.
Штембилот на Здружението е правоаголен со следниот текст:
МГХ Интернационална асоцијација - Штип на македонски и англиски јазик со кирилично и латинично писмо, број дата и место.
Логото на здружението е во боја и ја симболизира визуелната врска помеѓу државите: Македонија, Германија и Хрватска со дејноста која меѓу себе ќе ја имаат во унапредувањето на културната соработка, туризмот, економскиот развој и друго. Како графички елемент кој се повторува, претставува една совршена уметничка линија – арабеска, што симболизира мостови и бои на пријателство, во кој се земени боите од Македонија – црвена, од Германија – црна и жолта и од Хрватска – плава. Таа синтеза на елегантни форми и бои е дополнета со знамињата на трите држави и во целина ја даваат модерната елегантна линија на едно современо графичко решение и на еден совршен визуелен идентитет за сериозна меѓународна организација, со назив:
МГХ Интернационална Асоцијација од Штип.
Цели и задачи на Здружението
Член 8
Граѓаните се здружени во Здружението заради остварување на поширок заеднички интерес.
Визија на здружението е: Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација - бренд за развој на меѓународна соработка;
Мисија на здружението е: Македонско, Германско, Хрватскo-МГХ Интернационална Асоцијација од Штип, ќе работи на развивање и зајакнување на меѓународната соработка преку промовирање и размена на економските, туристичките, културно-историските и други вредности;
Општи цели и задачи на здружението се следните:
Согласно потребите и програмските задачи ќе регистрираме свои ограноци (бранши) во Република Хрватска и Република Германија.
Со цел за поефикасно и поцелисходно работење и дејствување, здружението ќе постапува согласно член 3 од овој Статут;
Ќе дејствуваме преку основните стратешки области во сферата на Економија, Култура и Образование, Туризам и во други области, делови и сегменти согласно насите потреби и утврдени цели;
МГХ Интернационална Асоцијација од Штип ќе врши активности на локално, национално и интернационално ниво во трите држави и пошироко, преку: Консалтинг, Лобирање, Застапување, Презентирање, Промовирање, Маркетинг и Трговија, со цел за поголем развој, афирмација, сплотување, зближување и размена помеѓу народите и различните култури на трите држави и пошироко;
Ќе дејствуваме преку институционални и државни органи на сите нивоа – локално, национално и интернационално ниво;
Ќе преземаме активности за унапредување на културната соработка и поголем развој на туризмот помеѓу трите држави и пошироко, преку размена на културни настани и туристички ангажмани со крајна цел за економски развој на РМ, на земјите во Регионот и пошироко;
МГХ Интернационална Асоцијација од Штип ќе презема активности за надминување на јазичните бариери помеѓу народите, преку медиумски програми, организирање курсеви и обуки, ќе организира курсеви и обуки и за размена на знаења и други видови на соработка помеѓу државите, со организирани групи и претставници;
Здружението ќе ги негува македонските, германските и хрватските односи помеѓу трите држави и односите на државите во Регионот и пошироко;
Основна задача и правец на дејствување на МГХ Интернационална Асоцијација од Штип, ќе биде да се шири свеста за соживот на меѓуетничка, меѓунационална и меѓународна толеранција и соработка и ќе дејствуваме во правец кон развој на подемократски и поразвиени општества;
МГХ Интернационална Асоцијација во Штип ќе дејствува во правец кон побрз процес на Евро-интеграција на Република Македонија и другите држави во Регионот.
Член 9
Здружението со посебна одлука ќе формира и трговско друштво, во согласност со Законот за трговски друштва на РМ. Претседателот на здружението истовремено ќе биде и управител на ТД со неограничени овластувања.
Член 10
Здружението ќе работи и дејствува врз основа на Кодекс за работа, Правилник за работа, План и Програма за здружението и други акти согласно законската регулатива. Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности на национално и меѓународно ниво:
• Организирање на конкретни програмски активности;
• Спроведување на заеднички проекти;
• Организирање на културни и туристички активности;
• Ќе врши консалтинг услуги и други активности;
• Организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
• Поттикување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
• Лобирање, Застапување, Презентирање и Промовирање, Маркетинг и Трговија и во други дејности предвидени согласно целите, задачите и програмата на здружението;
• Врши и други работи предвидени со овој Статут.
Членување во здружението
Член 11
Член на Здружението Македонско, Германско, Хрватско - МГХ Интернационална Асоцијација од Штип може да биде секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Македонија или странец и домашно или странско правно лице, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена Изјава.
Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање на потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување, во согласност со Законот.
Зачленувањето се врши со пристапница односно со издавање на членска книшка на лицето кое станува цлен на здружението.
Здружението Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација од Штип за своите членови води регистар на членство кој се ажурира еднаш годишно. Податоците од регистарот се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.
Член 11.а
Член на Здружението може да биде со статус:
• Редовен член
• Придружен член
Член 12
Членот има право да бира и да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работа на Здружението, да придонесува во развојот, промовирање и афирмација на Здружението, доброволно да се откаже од членувањето, да ги изнесува своите ставови по поставени прашања. Правото да бидат избрани е ограничено само за малолетните членови.
Член 13
Членовите на Здружението се должни:
• Да го почитуваат Статутот и другите Акти н здружението;
• Да присуствуваат на состаноците, да доставуваат податоци и Извештај за работата на здружението, во остварувањето на неговите цели и задачи;
• Да земаат активно учество во спроведувањето на Програмата
на здружението;
• Да ги извршуваат активностите предвидени со
Програмата за работа.
Член 14
Членството во здружението може да престане во следните случи:
• По барање на членовите на здружението;
• Ако не го почитува Статутот и обврските кои произлегуваат од него;
• Ако дејстува против целите на здружението;
• Ако не ја плаќа редовно чланарината;
Одлука за престанок на членството во здружението донесува Оснивачкиот борд.
Јавност во работата
Член 15
Работата на Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација од Штип е Jавна.
Јавноста во работењето се обезбедува со редновно известување (на членовите, други здруженија или пошироката јавност) за работењето и активностите на здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување Извештај за работа на органите и телата на здружението, за материјално - финансиско работење и друго.
За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата, интернет страница, како и списаниjа и табла за јавно огласување која стои на видно место или во просториите на самото здружение.
Финансирање на здружението
Член 16
Здружението остварува средства од:
• Членарина;
• Самофинансирање;
• Наменски средства со изготвување на проекти од фондации и други извори;
• Донации, доброволни прилози, подароци, спонзорства, тестаменти, легати и слично;
• Буџети и средства од ЛС на Р.Македонија, Р.Хрватска, Р.Германија и други држави во Регионот и пошироко;
• Давање на услуги на други здруженија, организации и институции;
• Провизии од органи, организации и приходи остварени од туристички услуги, од трговската дејност на здружението, од саеми, промоции, презентации, разни собири и свечености;
• Приходи остварени од обавување на сопствена дејност;
• Приходи од заедници и од други установи;
• Од трговски друштва и правни лица;
• Од други услуги (имотни права и слично);
• И други извори предвидени со Законот и Статутот.
Член 17
За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целосообразно користење на средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите.
Здружението Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација од Штип донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението.
Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнува по член 16 од Статутот, како и расходот за општествената активност, плати на вработените, материјали, трошоци за работа на Здружението и други расходи сврзани со работата на Здружението. Финансискиот план може во секое време да се измени.
Член 18
Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација од Штип има сопствена жиро с-ка чиј потписник е претседателот на здружението како законски застапник. По потреба и зголемен обем на работа, здружението може да отвори и свои под-сметки.
Претседателот на здружението т.е. законскиот застапник одлучува кои ќе бидат потписниците на под с-ките на здружението.
Член 19
Оснивачкиот борд на здружението со посебна Одлука може да оснива ТД-трговско друштво. ТД ќе има посебна жиро-сметка чиј потписник е управителот со неограничени права и одговорности, кој истовремено е и претседател на здружението.
Органи на Здружението
Член 20
Органи на Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација од Штип се:
1. Собрание;
2. Претседател;
3. Оснивачки борд;
4. Надзорен орган.
Собрание на здружението
Член 21
Собранието е највисок орган на Здружението.
Собранието на Здружението Македонско,Германско,Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација од Штип и го сочинуваат сите полнолетни членови на Здружението.
Собранието избира Претседател со мандат од 4 години и со право на повторен избор.
Претседателот го застапува и претставува Здружението. Претседателот на здружението истовремено е и Управител на ТД кое ќе дејствува и работи за потребите на здружението. Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.
Член 22
Изборното Собрание се свикува на секои 4 години и конституирањето на органите и телата мора да се изврши 30 дена пред истекот на мандатот на членовите на органите и телата, а кој избор може да се изврши и по пат на конференциска врска.
Поканата со материјалите за дневен ред во писмена форма (и по електронски пат), согласно законот за Административно работење се доставуваат најмалку 4 дена пред одржувањето на седницата, а за надворешните членови се доставуваат исклучиво по пат на електронска пошта.
Член 23
На Изборно собрание се избира:
1. Работно претседателство од три члена;
2. Записничар;
3. Двајца оверувачи на записничарот;
4. Органи на управување на здружението.
Член 24
Седници на Собранието свикува Претседателот на Собранието по сопствена иницијатива.
Седници на Собранието се свикуваат и по предлог на Оснивачкиот борд на Здружението или на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.
Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Оснивачкиот борд или иницијаторите.
Седницата на Собранието заз работа на Оснивачкиот борд може да се свика и по предлог на надзорниот орган,
Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определуваат со Деловникот за работа на Собранието.
Член 25
Собранието на Здружението Македонско, Германско, Хрватско - МГХ Интернационална Асоцијација од Штип од редовите на своите Редовни членови, на редовни или вонредни собранија избира Оснивачки борд.
Член 26
Собранието може полноправно да одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови, а кои своето присуство го имаат пријавено и по пат на електронска пошта.
Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.
На собранието се одлучува со јавно гласање, но по потреба и на предлог од 1/3 од редовните членови / делегати, гласањето може да биде и тајно.
Членовите на Собранието во секое време треба да ги имаат целите и интересите на Здружението, над поединечните или посебни цели на која и да е друга страна.
Член 27
Собранието ги врши следните работи:
• Донесува Статут на Здружението Македонско, Германско, Хрватско-МГХ Интернационална Асоцијација - Штип и врши измени и дололнувања на истиот;
• Усвојува годишен извештај, насоки и план за работа;
• Усвојува завршен сметка и финансиски план;
• Одлучува за промена на целта на здружувањето;
• Одлучува за основање и укинување на ограноци и други облицина на организирање на здружението;
• Одлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации;
• Констатира прием на нови членови од редот на придружно членство и одлучува за престанок на членувањето;
• Избира Претседател на Здружението;
• Донесува програма за работа на Здружението;
• Избира и разрешува членови на Оснивачкиот борд;
• Го разгледува и усвојува извештајот за работа на Оснивачкиот борд помеѓу две собранија;
• Ја следи материјално финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
• Расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;
• Донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
• Избира и разрешува членови на Надзорниот орган;
• Разгледува и одлучува врз основ на наодите на Надзониорт орган;
• Одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство;
• Врши и други работи кои произлегуваат од Статутот, законите и меѓународната легислатива.
Оснивачки борд
Член 28
Оснивачкиот борд на здружението Македонско, Германско, Хрватско - МГХ Интернационална Асоцијација од Штип е Извршен орган на собранието, во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на здружението во согласност на Статутот.
Член 29
Оснивачкиот борд на Здружението Македонско, Германско, Хрватско - МГХ Интернационална Асоцијација од Штип брои седум /7/ члена.
Оснивачкиот борд избира Претседател на здружението. Претседателот на здружението има неограничени овластувања.
Член 29а
Согласно потребите и интересите на здружението, оснивачкиот борд може да донесе одлука за оснивање на ТД-трговско друштво и избира Управител на ТД со неограничени овластувања.
Член 30
Претседателот на Оснивачкиот борд ги свикува седниците на Оснивачкиот борд, предлага дневен ред и ги раководи седниците.
Во случај на отсутност на претседателот на Оснивачкиот борд на седницата го заменува еден од членовите на Оснивачкиот борд, по предлог на претседателот.
Претседателот е должен да свика седница на Оснивачкиот борд најмалку еднаш месечно, а по потреба повеќе пати по барање на ½ од членовите на Оснивачкиот борд.
Член 31
Оснивачкиот борд ги врши следниве работи:
• Ги подготвува седниците на собранието, припрема материјали за седниците на собранието;
• Го подготвува Нацрт-статутот, предлага измени и дополнување на статутот и ги подготвува другите одлуки што треба да ги донесе собранието;
• Ја спроведуда политиката, заклучоците и одлуките донесени на собранието;
• Ги спроведува статутарните и програмиските задачи на здружението;
• Формира стручна служба и врши контрола на нејзината работа;
• Управува и одговара за управувањето со имотот на здружението;
• Подготвува годишен и периодичен извештај за својата работа;
• Донесува и реализира Програма за работа;
• Донесува соодветни правилници, одлуки, спогодби и склучува договори;
• Одлучува за прием на нови членови и престанок на членување;
• Именува и разрешува секретар - главен координатор на здружението;
• Донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела и комисии-одбори и ја насочува нивната работа;
• Организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;
• Донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;
• Дава согласност за набавки и отуѓување на основните средства;
• Дава согласност на правилникот за организација и работните задачи на стручната служба на здружението, и врши контрола на нејзиното работење;
• Донесува одлуки по приговори и жалби;
• Предлага и споведување финансиски план и изготвува завршна сметка на Здружението;
• Избира мандатор-Претседател на здружението;
• Избира Управител на ТД;
• Решава за формирање на ограноци (бранши) во надворешно дејствување на здружението;
• Решава за формирање на сектори – внатрешна организациска поставеност на здружението;
• Именува членови на стручната служба на здружението;
• Донесува акти со кои се уредува работата на Стучната служба;
• Врши и други работи кои произлегуваат од потребите на статутот на здружението и од Законот.
Член 32
Оснивачкиот борд за својата работа одговара пред Собранието на здружението.
Оснивачкиот борд се состанува и одржува седници по потреба
Седницата на оснивачкиот борд ја свикува претседателот
Предлог за свикување на оснивачкиот борд може да поднесе една половина од членовите на оснивачкиот борд или една третина од членовите на собранието.
Со седницата раководи и претседава претседателот, а во негово отсуство ќе раководи член од оснивачкиот борд, кој ќе биде назначен од страна на Претседателот на здружението
Начинот на свикување на седницата и работењето на оснивачкиот борд се уредува со Деловник за работа
Членовите на оснивачкиот борд во секое време треба да ги имаат целите и интересите на здружението, над поединечните или посебните цели на која и да е друга страна.
Член 33
Заради поефективно извршување на статутарните и програмските задачи на здружението, оснивачкиот борд може да формира и други работни тела, одбори и органи.
Надзорен орган
Член 34
Надзорниот орган на Здружението брои 3 члена кои се избираат од редот на надворешни лица, кои не се членови на Собранието.
Членовите на Надзорниот орган во исто време не може да бидат и членови на други органи на здружението.
Мандатот на членовите на Надзорниот орган трае 4 години.
Член 35
Надзорниот орган работи на седници:
Седниците ги свикува претседателот и раводи со нивната работа.
Претседателот на Надзорниот орган свикува седници најмалку еднаш годишно и по потреба.
Член 36
Надзорниот орган ги врши следниве работи:
• Врши надзор на правилното спроведување и примена на одредбите од статутот и другите општи акти на здружението
• Врши надзор на извршувањрто на одлуките на собранието, на оснивачкиот борд и на другите органи и тела на здружението
• Врши надзор на наменско трошење на средствата
• Еднаш годишно поднесува извештај за направениот увид во работата на здружението
• Предлага мерки за спречување и отранување на неправилностите во работата
• Врши и други работи согласно законот и актите на здружението
• Своите наоди и одлуки надзорниот орган ги доставува до собранието и оснивачкиот борд на МГХ Интернационална Асоцијација од Штип.
Стручна служба
Член 37
За извршување на администативно стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес и за поцелосно остварување на задачите и целите на здружението, се формира струлна служба.
Организацијата и работата на Стучната служба се уредува со акти кои што ги донесува оснивачкиот борд.
Член 38
Правата, должностите и одговорностите за работа на вработените на стручната служба на здружението - координаторите на програмите, ги утврдува главниот координатор на програмата, кој раководи со стучната служба на здружението.
Член 39
Главниот координатор на програмата може да биде во редовен работен однос како и другите координатори со сите права, должности и одговорности што произлегуваат од ЗРО, Статутот и другите акти на здружението.
Член 40
Главниот координатор и координатори на програмите можат да бидат лица со најмалку три години работно искуство во странски и домашни невладини организации, да има високо образование, добро познавање на странски јазик и работа со компјутери, пишување и раководење на проекти, висок степен на познавање на областа во која делува здружението, како изразени организациони и менаџерски способности и квалитети.
Член 41
Врабоените во стучните служби можат да бидат избирани и за членови на извршниот орган на здружението т.е. на оснивачкиот борд.
Член 42
Изборот на главен координатор и координаторите на програми го врши оснивачкиот борд на здружението, со мнозинство на гласови и согласно Статутот на здружението.
Член 43
Главниот координатор на програма е одговорен за делокругот на својата работа и за извршување на финансискиот план, одлуките и заклучоците донесени од страна на оснивачкиот борд и собранието на здружението.
Главниот координатор и координаторите на програма се одговорни за својата работа пред оснивачкиот борд.
Главниот координатор и координаторите на програма учествуваат во работата на оснивачкиот борд без право на глас.
Главниот координатор и координаторите на програма имаат право да свикаат седница на оснивачкиот борд, доколку за тоа имаат согласност од 1/2 од членовите на оснивачкиот борд.
Член 44
Средствата за работа на стучната служба и координаторите на програми се определуваат со финансискиот план секоја година, и тоа средства за плати, материјални трошоци и други тековни средства за работа на Здружението.
Престанок на здружението
Член 45
Здружението престанува со работа во следниве случаи:
• Ако за тоа се изјаснат 2/3 од членовите на собранието на здружението;
• Ако бројот на членовите се намали под бројот определен со Законот за основање на здружение;
• Одлука за престанок на здружението донесува собранието со двотретинско мнозинство;
• Основачите на здружението Македонско, Германско, Хрватско - МГХ Интернационална Асоцијација од Штип имаат право да го укинат здружението;
• Престанок на здружението настанува ако за тоа настапат причини утврдени по член 63 став (1) алинеа 2,3 и 4 и став (2) од ЗЗФ (сл.в. на РМ, бр.52 од 16.04.2010г.), кој ги донесува надлежниот суд на предлог на застапникот по закон, членовите на органите или членовите, во случај кога не е донесена одлука за престанок на постоење од органот определен со статутот;
• Постапката за престанок на организацијата пред надлежниот суд се води според одредбите на Законот за парнична постапка;
• За престанокот на организацијата судот по службена должност го известува Регистарот.
Член 46
Во случај на престанок на работата на здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на организацијата, истовремено на здружението.
Член 47
Доколку неможат да се исполнат условите утврдени во Членот 46, во случај на престанување на работата на здружението неговиот имот преминува во сопственост на Република Македонија.
Преодни и завршни одредби
Член 48
Толкување на одредбите на овој Статут дава собранието на здружението, а помеѓу две собранија, претставува надлежност на оснивачкиот борд на здружението.
Член 49
Измени и дополнувања на овој Статут се врши по иста постапка како и за неговото донесување.
Член 50
Овој Статут влегува во сила од денот на неговото донесување, на ден 23.11.2011 година.
Место и дата:
Штип, 23.11.2011г
Претседател на Здружението
МГХ Интернационална Асоцијација од Штип
Име и презиме
Габриела Јазинка