Друштво на филмски работници на Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Друштво на филмски работници на Македонија

Друштво на филмски работници на Македонија Трето на Златна рамка - денови на македонски филм во ор?

СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА НАЈНОВИОТ ИГРАН ФИЛМ “17“ ВЕЧЕРВА ВО БЕРЛИН‐ Дебитантскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ...
18/02/2026

СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА НАЈНОВИОТ ИГРАН ФИЛМ “17“ ВЕЧЕРВА ВО БЕРЛИН

‐ Дебитантскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ, а во продукција на Томи
Салковски и Црна Мачка, во официјална компетиција на Берлинскиот Филмски Фестивал ‐

Скопје, 18 Февруари, 2026 година – Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби
на режисерката Косара Митиќ, ќе ја доживее својата Светска премиера во рамките на 76.
издание на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот - Меѓународниот Филмски
Фестивал во Берлин. Проекцијата ќе се одржи вечерва, 18.02.2026 година во Берлин, во
Киното “Блумакс“ (Bluemax Theater) со почеток во 19:00 часот.
Успехот со учеството во официјалната компетитивна програма „Перспективи“, е надополнет
со фактот дека „17“ е првиот дебитантски македонски игран филм кој во изминатите 26
години се натпреварува за награда во официјална компетиција на еден од големата тројка
светски филмски фестивали: Берлин, Кан, Венеција.
Филмот „17“ ќе се натпреварува за наградата Најдобар дебитантски филм (GWFF Best First
Feature Award), која е етаблирана во 2006 година и со која Берлинале дава уште посилна
поддршка на новата генерација филмски автори.
Годинава, членови на тричленото жири кое ги оценува филмовите во оваа селекција се:
Софија Алауи (Sofia Alaoui) - сценаристка и режисерка од Мароко, Фредерик Хамбалек
(Frédéric Hambalek) – режисер и сценарист од Германија и Дорота Лех (Dorota L**h)-
директорка на Меѓународниот филмски фестивал „Нови хоризонти“. Тие, со нивното искуство
и досегашен придонес во светската кинематографија треба да го стават на пиедестал
најдобриот талент од конкуренцијата.
Во Берлин, пред големото платно на вечерашната премиера, филмот ќе го претстават:
режисерката Косара Митиќ, актерките Ева Костиќ и Мартина Даниловска и продуцентот
Томи Салковски, а ќе присуствуваат и ко-сценаристот Огњен Свиличиќ, копродуцентите
Мирослав Могоровиќ, Владо Булајиќ и Лија Пограчник, монтажерот Владимир
Павловски, продажната агентка Беренис Вeнсан, дел од актерите Жаклина Стефковска
Дрнасин, Ана Стојановска, Ева Стојчевска, Даме Јовески, Ирена Димеска, Тодор
Стојковски, Иво Јездиќ, Алина Христовска, како и членовите од екипата Дејан Крајчевски,
Тина Величковиќ и Димитар Атанасоски.
Голема поддршка за филмската екипа е и присуството на Министерот за култура и туризам,
Зоран Љутков и на Директорот на Агенцијата за филм на РСМ, Сашко Мицевски.
Филмот „17“ е македонско-српско-словенечка копродукција, финансиски поддржана од
Агенцијата за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Словенечки
филмски Центар и СЕЕ Синема Нетворк (SEE Cinema Network). Продуцент на филмот е
„Црна Мачка Продукција“, во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од
Словенија, а меѓународната продажба на филмот ја работи „Tотем Филмс“ од Франција.

11/12/2025

Денес имав неформална, но многу пријатна средба со претседателот на ДПМ (Друштво на писатели на Македонија – Живко Гроздановски и претседателот на ДФРМ (Друштво на филмски работници на Македонија) – Игор Иванов-Изи.

Разговаравме за низа теми што нè поврзуваат како здруженија со најбогата културна меморија во земјава, бидејќи заедно ги претставуваме најстарите и најзначајни уметнички организации во Македонија.

🎨📽✒️

Со огромна тага, ве известуваме дека по кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски, филмски работник ...
27/10/2025

Со огромна тага, ве известуваме дека по кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски, филмски работник и еден од сопствениците и основачите на радио Антена 5.

Работеше на техничката и програмска реализација на сите домашни и меѓународни музички и културни настани пренесувани на програмата на Антена 5 од Британските музички награди, Ем-Ти-Ви европските музички награди (ЕМА), Зимската музичка конференција во Мајами, Викенд Медиа фестивалот, Егзит, Таксират, Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” и Д Фестивал во Дојран.

Својата кариера како филмски работник ја започнува во осумдесетите години, како монтажер на тон и тон снимател. Во 1985 година работеше како слободен филмски работник во Друштвото на филмски работници на Македонија, а од наредната година работи во продуцентската куќа “Вардар филм”. Во текот на својата кариера учествуваше во реализација на филмски проекти од домашна продукција и странски копродукции, голем број на играни, документарни, краткометражни и долгометражни филмови како “Македонска сага”, “Среќна Нова ‘49”, “Тетовирање” и многу други.

Беше член на Друштвото на Филмските Работници на Македонија и член на Здружението на тонски сниматели на Македонија

Погребот ќе биде во вторник во 11 и 30 на Градските Гробишта Бутел во Скопје.

https://www.facebook.com/share/p/16pAmxcgCG/
06/09/2025

https://www.facebook.com/share/p/16pAmxcgCG/

Ин мемориам: Почина Илинденка Петрушева, филмски критичар, историчар на филмот, есеист и една од основачите на ИФФК „Браќа Манаки“
На 81 година во Скопје почина Илинденка Петрушева- филмски критичар, историчар на филмот и есеист. Целиот свој живот го посвети на филмот и на филмската уметност. Таа беше исклучително голем културен деец, кој остави трајна трага на македонската културна сцена. Петрушева беше најголемиот познавач на филмската уметност и на киноприкажувачката дејност кај нас, а историјата на македонската кинематографија ја носеше во „малото прсте“, бидејќи тоа го работеше во текот на целиот животен век.

Петрушева е една од основачите на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ и член на македонската секција на филмски критичари и член на ФИПРЕСЦИ (Меѓународна асоцијација на филмските критичари FIPRESCI).

09/08/2025

ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН ФИЛМ-КАНДИДАТ ЗА НАГРАДАТА ОСКАР ЗА НАЈДОБАР ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФИЛМ

Врз основа на Одлуката, донесена на редовното Собрание на Друштвото на филмските работници на Македонија на ден 06.06.2018 година, членовите на комисијата за избор на филм, кандидат за македонски претставник за наградата Оскар за најдобар интернационален филм, доделена од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, според долгогодишната пракса традиционално ги избира претседателот на Друштвото на филмските работници.

Претседателот ја формира предлог комисијата од редовите на Друштвото на филмските работници, како и од други истакнати филмски професионалци и филмски актери.

И годинава Друштвото на филмските работници ја состави предлог комисијата и таа е испратена до Американската академија за подвижни слики, уметност и наука за нејзина верификација.

Друштвото на филмските работници ја започна и постапката со контактирање на продукциите кои ги имаат завршено своите филмски проекти и би можеле да потврдат дека ги исполнуваат (или ќе ги исполнат) критериумите зададени од Академијата, со цел кандидирање на македонски претставник за наградата – Оскар.

Сите заинтересирани продукции, можат да го пријават својот филм најдоцна до 25ти август 2025 година на официјалниот маил на ДФРМ: [email protected] Продукциите можат да се информираат за зададените рокови, како и правилата од регулативата пропишана од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука од следниов документ: https://www.oscars.org/oscars/rules-eligibility

За процесот на пријавување и селекција, продукциите може да се информираат и преку официјалниот маил на Друштвото на филмските работници: [email protected]

Address

8 Mart, 4
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Друштво на филмски работници на Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Друштво на филмски работници на Македонија:

Share