20/08/2026
По потпишувањето на Меморандумот за соработка со Хабитат Македонија, Општина Македонска Каменица објави Јавен повик за субвенции за изработка на проектна документација и поставување на енергетски-ефикасни фасади и реконструкција на кровови на станбени згради за колективно домување. Општината обезбеди субвенции од дури 40% од вкупната вредност на инвестициите за реновирање на згради, овозможувајќи им на граѓаните побрзо и полесно да ја подобрат енергетската ефикасност во своите домови. Поддршка за граѓаните на Македонска Каменица обезбеди и проектот OSS HABITAT финансиран од ЕУ, од каде ќе се покријат трошоците за изработка на техничката документација за реновирање на станбените згради. Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следниот линк: https://makedonskakamenica.gov.mk/subvencii-energetsko-efikasni-domovi-kamenica/