05/03/2026
🔎 Индекс на политички интегритет | Случај #3
Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)
👉Институцијата која треба да се бори против корупцијата се најде во центар на сериозни контроверзии. За само шест месеци, две оставки во врвот на ДКСК – претседателката Татјана Димитровска по обвинение од Обвинителството и членката Цвета Ристовска по сомнежи за судир на интереси и непријавен имот. И во двата случаи, оставките следеа по силен јавен притисок, што укажува на очигледно отсуство на ефикасни внатрешни механизми за зачувување на интегритетот на ДКСК.
👉Клучно прашање: што се случува кога институцијата што треба да го чува интегритетот сама се соочува со сомнежи за интегритет?
Оценка: –10 | „Црн печат“
Категорија: Штитење на јавниот интерес
⚖️ Препорака: итно зајакнување на механизмите за избор, контрола и транспарентност на членовите на ДКСК, со цел враќање на довербата на јавноста.
📄Целосната анализа прочитајте ја тука: https://shorturl.at/naBMc