Извиднички Одред Димитар Влахов - Scout Group Dimitar Vlahov

  • Home
  • Macedonia
  • Veles
  • Извиднички Одред Димитар Влахов - Scout Group Dimitar Vlahov

Извиднички Одред Димитар Влахов - Scout Group Dimitar Vlahov Животот е краток, извидништвото е вечно !!! VITA BREVIS, SCOUTS AETERNA !!!

Во далечната 1948 година со законот за предвојничка обука во склоп на Гимназијата "Кочо Рацин" во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да некаде есента во учебната 1952 / 1953 година од тие одделенија се формира извидничкиот одред "Димитар Влахов".

Основач на

одредот е Проф. Петар Петровски. Од самиот почеток започнуваат да се формираат извиднички единици во сите основни училишта, а за поздравување било и формирањето на единици во тогашните претпријатија Монопол и Механичка. Од 1957 година со учеството на II Смотра на извидници на Југославија, на Пале, одредот во континуитет зема учество на сите републички и сојузни смотри. Во делот на ориентационите натпреварувања патроли од одредот земаат учество во Бечеј, Бања Лука, Смедерево, Белград, Коњиц, Сараево, Смедревска Паланка, Подгорица, Ниш, Младеновац, Алексинац, Нови Сад, Загреб, Љубљана и во сите градови во Република Македонија, а треба да се нагласи и првото место во 1972 година на Сљеме (кај Зграб) на Југословенскиот извиднички ориентационен натпревар.

Во сите овие години одредот имаше и учество на меѓународни активности како што се: зимовања во Закопане - Полска, 18то Светско Џамбори во Холандија, 10от Светски Мут во Шведска, Инструкторска школа во Бохињ - Словенија, потоа учеството на Џамбори на интернет - ЈОТИ, Првиот интернационале скаутски видео филм фестивал - СВИФЕСТ во Ниш, Ликовната колинија на извидници сликари во Ковачица, учество на семинар во Кандерштег - Швајцарија, Будимпешта - Унгарија, Киев - Украина, Европската конференција во Прага - Чешка, Националното Џамбори во Германија, Ровервеј - Италија и прославата на 100 години постоење на извидничкото движење во Светското во Англија во 2007 на 21 Светско Џамбори и друго.

За посебни успеси во работата во 1971 година одредот е одликуван со "Златен јаворов лист со зраци". За успешно спроведување на програмата одредот многупати е одликуван со "Партизански одред", а на 45 годишнината од неговото постоење во 1998 година одредот го добива највисокот општинско признание - "9то Ноемвриска плакета".

На 07.03.1998 година на Свечената седница на нашиот одред се изврши збратимување со ИО "Мија Станимировиќ" од Ниш со што се круниса нашето пријателство и успешна соработка.
На 05.04.2004 година извидничкиот одред Димитар Влахов го прослави своето 50 годишно постоење. На оваа прослава беше промоирана монографијата “Извидничкото движење во Велес 1953 - 2003“ и репортажата “50 години - воспитание - образование - извидништво“.

Во 2002 година, за квалитетното менаџирање на извидничкиот одред Димитар Влахов, Ангелче Гушев како старешина на одредот, од страна на Локалната самоуправа на Велес, доби “ 9то Ноевриска плакета“ како највисоко општинско признание. Истата година напрославата по повод 50 години извиднички одред Мија Станимировиќ од Ниш, нашиот одред беше одликуван со Кристална плакета.

Генерациите кои што следеа со пожртвувана работа и многу одрекувања успеаа да на најдобар начин ја презентираат вредноста на извидничкото движење. Основачите избраа, избравме и ние - направете го и вие вашиот најдобар избор.

01/06/2026

Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Благој Јорданов, Валентин Јанкуловски и Владимир Ивановски во периодот од 28 до 31 мај 2026 год. во извиднич....

31/05/2026

Во периодот од 29-31.05.2026 год. во црковниот локалитет Пресвета Богородидица во село Штавица, во близина на Прилеп пет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов....

24/05/2026

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, почитувајки ги основните принципи на извидничкото движење и оваа годината на 23 мај 2026 год. (сабота) во извидничкиот ц....

17/05/2026

На 17.5.2025 год. (недела) во Скопје во Младинскиот центар “Старо Матично“ беше организирано редовното Годишно Собрание на СИМ. Се работеше по следниот дневен ред за ра...

15/05/2026

АлфаТвУтринска

15/05/2026

На 1.5.2026 год. (петок), во утринската програма на ТВ Алфа во Скопје “Добо утро секое утро“ претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче...

14/05/2026

Sve bliže smo ljetu, a sezona raftinga i popularnih regata na rijekama i jezerima Bosne i Hercegovine krenula je već od marta. Upravo na jednoj od prošlogodišnj

14/05/2026

На 14.5.2026 год. (четврток) во Скопје, за потребите на програма на ТВ Канал 5, старешината и началникот на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес м-р Ангелче Гушев и ....

14/05/2026

Годинава, Вардарската регата повторно ќе плови до Солун. Откако се обнови 2010 , желба на организаторот беше гемиите од Велес да пловат до Солун, и тоа ќе се оствари во ...

Address

Улица Трајко Панов 22
Veles
1400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Извиднички Одред Димитар Влахов - Scout Group Dimitar Vlahov posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Извиднички Одред Димитар Влахов - Scout Group Dimitar Vlahov:

Share