08/04/2026
ТОМЕ БИНОВСКИ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЈОГА СОЈУЗОТ НА МАКЕДОНИЈА
На седницата на Собранието на Јога сојузот на Македонија одржана на 05.04.2026 во Прилеп, тој беше едногласно избран за претседател на Јога сојузот.
Томе Биновски 40 години работи јога под водство на јога учителот Павлос Хасанагас. Во претходниот период ја обавуваше функцијата потпретседател на Јога сојузот на Македонија.
Го основа и успешно го води Јога друштво Штип-Центарот за јога наука веќе 36 години. За својата посветена работа Јога друштвото го доби општинското признание „8-ми ноември“ за исклучителен придонес во развој на јога културата во општина Штип. Држи настава и во Јога друштво Велес.
Во последните две години имаше забележителни настапи на повеќе македонски национални телевизии, на кои ги презентираше активностите и достигнувањата на Јога сојузот на Македонија во изминатите неколку децении.
Во својата професионална кариера како дипл. економист обавувал повеќе функции на републичко и општинско ниво, како и активности во приватниот бизнис.