16/12/2024
👉Поддршката за култура на локално ниво е регулирана преку законска рамка која ја дефинира улогата и надлежностите на општините во оваа област.
📊📊Клучни наоди од мониторингот на шест општини - Куманово, Велес, Струмица, Босилово, Свети Николе и Лозово:
📌Стратешко планирање: Немаат стратегии за култура. Имаат само годишни програми.
📌Организациска структура: Повеќето немаат посебен сектор, туку културата е дел од одделенија кои покриваат и други области.
📌Буџетски средства: Средствата за култура годишно се движат од 0.7% до најмногу 3% од општинските буџети.
📌Меѓународно финансирање: Не се обезбедуваат дополнителни средства од меѓународни донатори и ЕУ фондови за културни проекти.
📌Вклучување на граѓаните: Само дел од општините ги консултираат граѓаните, уметниците и културните работници при подготовката на годишните програми.
📌Јавни повици: Некои општини објавуваaт јавни повици за предлог - проекти од областа на културата наменети за ГО, културни институции и др.
📌Активности: Најмногу средства се трошат за музичко-естрадни настани и манифестации.
📌Фондации за култура: Во некои општини повеќето настани се реализираат преку фондација основана од локалната самоуправа.
📌Независно творештво: Повеќето општини не обезбедуваат (континуирано) поддршка за независни уметници.
✅✅Мониторингот се реализираше во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, во имплементација на НВО Инфоцентар, а финансиски поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.
AKTIVO-Center for active citizens
Граѓанска иницијатива на жени - ГИЖ Свети Николе
Регионален центар за соработка Спектар / RCC Spectar
Организација на жени од Струмица - ОЖС
Поддршката за култура на локално ниво во Северна Македонија е регулирана преку законска рамка која ја дефинира улогата и надлежностите на општините во оваа област...