11/09/2025
📍Изминатава недела претставници од нашето Здружение се сретнаа со двајцата кандидати за градоначалници во општина Росоман, Ѓорги Крстевски и Стојан Николов.
🟢Имавме прилика да разговараме за нашата услуга “Помош и нега во домот”, која што веќе неколку години активно работи во оваа општина и чија цел е помош и нега на стари лица и лица со попреченост.
🟡Нашите вработени споделија дел од нивните секојдневни обврски, активности, предизвици и заложби.
🟠Разговаравме и за досегашната соработка со општината, како и зголемувањето на вработеноста која ја нуди оваа сервисна услуга, но и финансиската помош која истата би ја добила во иднина за нејзино унапредување и усовршување со цел помагање и олеснување на животот на нашите корисници.
⚪️Исто така споделивме нови идеи, дискутиравме следни активности за подобра работа, унапредување и усовршување на услугата со цел прифаќање, почитување и разбирање на нашите сегашни и идни корисници.
✅Се надеваме дека овие средби ќе родат со плод и зацрвстена соработка помеѓу нашата услуга и општина Росоман!
#здружениеналицасоцеребралнаоарализаидругипопреченисти
#министерствозасоцијалнаполитикадемографијаимладина
#помошинегаводомот