Слобода на Говорот

Слобода  на  Говорот Слобода на Говорот Freedom of speech in Macedonia and the Balkans

Време е за длабока анализа на менталното здравје и активностите на младите. Наместо деструктивната енергија да завршува ...
23/06/2026

Време е за длабока анализа на менталното здравје и активностите на младите. Наместо деструктивната енергија да завршува со уништување на парковите и урбаната опрема, мора да им понудиме алтернативно и конструктивно решение — боксерска вреќа каде ќе можат да ја канализираат својата сила.
Што мислите вие, кои се идеалните решенија? Пишете во коментари! 👇
Вашите размислувања во коментари.

Загадениот воздух убива. Најсмртоносната форма на аерозагадување се микроскопските PM2.5 честички кои кога ги вдишуваме ...
23/06/2026

Загадениот воздух убива. Најсмртоносната форма на аерозагадување се микроскопските PM2.5 честички кои кога ги вдишуваме навлегуваат во секоја пора од нашиот организам (баш бидејќи најситни) и најмногу им влијаат на најслабите организми, на децата, кои се' уште немаат стекнато силен имунитет за да се одбранат и да ги исфилтрираат од себе.

Па според последните анализи на UNICEF MK, 1 во 9 новороденчиња во Македонија го губи животот уште пред да почне да го живее... додека паралелно слушаме од владините претставници дека треба да раѓаме, но која е поентата кога не ни ги обезбедуваат ни основни услови за тој живот да се одржи и зачува?

Дополнително, според податоците на Европската агенција за животна средина, токму овие честички се одговорни за околу 182.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2023 година, но Македонија воопшто не им ни наложува на големите индустриски загадувачи (како цементара Титан Усје) да ги мерат PM2.5 честичките. Ниту пак самите надлежни органи Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH и Државен Инспекторат за Животна Средина кои постојат, ја имаат обврската и ги плаќаме со нашите тешко спечалени пари за да ни обезбедат квалитет на воздух, ги мерат.

Поради тоа, во 2023 година, PM2.5 честичките предизвикале над 301 предвремена смрт на секои 100.000 жители во Скопје. Со други зборови, ✨Скопје е ЕДИНСТВЕНИОТ ГРАД ВО ЦЕЛА ЕВРОПА✨ обележан во виолетова боја на сликата подолу, кој ги надминува сите останати со најголема стапка на смртни случаи поврзани со токсините кои ги дишеме.

Во ваква ситуација, не можеме да зборуваме ниту за идеологија, ниту за идентитет, ниту да се расправаме за национализам, религија, сексуална определба, иднината на Македонија... Не можеме да се посветиме ниту на кариерата, ниту на семејството, на децата, на здравјето, на прославите со пријателите, на малите задоволства кои заслужуваме да ги уживаме во животот - без чист воздух. Бидејќи нема живот без воздух. Нема иднина без основниот предуслов за живот.

Идеално, никогаш не смеевме да дозволиме да се доведеме до овој степен. Но еве сме..

Нека не ве влечат дефетистите надолу со 'ништо нема да се смени' - бидејќи која е поентата да продолжиме да се преправаме дека живееме тогаш? Работите се менуваат кога ќе преземеме нешто во врска со нив, a се влошуваат кога нема да направиме ништо, не остануваат исти.

Нашите институции нема кој друг да ги држи одговорни освен ние, граѓаните што ги плаќаме и за кои постојат. 'Шефот', 'газдата', 'сопственикот' на Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH сме ние, народот, од чија плата зависат, за да си ја сработат работата, a за несработеното одговараат пред нас.

Уште колку од нас треба да го изгубат животот за да почнеме да ги држиме одговорни?

Денес во 18:00 пред Собрание излегуваме на марш за чист воздух, човековото право кое ни е загарантирано со Устав, но надлежните се покажаа неспособни ниту тоа да ни го овозможат... па мораме сами да ги турнеме да кинисаат.

Излези на протест и застани за себе, за своето право на достоинствен живот, за да ти го ценат и почитуваат животот оние кои ги плаќаш за тоа, а не само што не ти го почитуваат животот, ти го одземаат за дополнителен личен профит.

Сите крупни општествени промени кон подобро, во секоја држава на светот, во целата историјата на човештвото, се донесени на улица, од народот на тоа општество.

Епа и овој народ заслужува да дише чист воздух! Да докажеме дека е така.
За затварање и за Стоп за Усје веднаш.

22/06/2026

Пушењето во Македонија: Национална криза со огромна здравствена и економска цена
​Податокот дека Македонија се наоѓа на самиот врв во светот по стапка на пушење е алармантен доказ дека како нација се наоѓаме на дното на јавното здравје. За да се исправиме и оздравиме од оваа зависност ќе ни бидат потребни децении сериозна работа, бидејќи последиците веќе го уриваат нашиот систем.
​Пушењето не е само личен избор, туку огромен товар кој директно го уништува Фондот за здравствено осигурување (ФЗО):
​Огромен финансиски товар: Според проценките, лекувањето на болестите предизвикани од пушењето (кардиоваскуларни оддели, онкологија и пулмологија) го чини државниот буџет десетици милиони евра годишно.
​Притисок врз системот: Над 45% од возрасната популација во земјава пуши цигари и вејпови, што значи дека речиси половина од граѓаните се во висок ризик од тешки и скапи хронични заболувања.
​Економски загуби: Покрај директните медицински трошоци, економијата губи продуктивност поради предвремена смртност и чести боледувања.
​Крајно време е за радикални мерки. Државата мора итно да обезбеди силна поддршка и мотивација за одвикнување. Меѓутоа, доколку пушачите свесно продолжат да го игнорираат сопственото здравје, оправдано е да се размислува за модел каде тие самите ќе сносат дел или во целост трошоците за скапите лекувања на болестите директно предизвикани од оваа навика.

Ве замолуваме да ги споделувате нашите објави и кампањи за да допреме до популацијата.
Секоја поддршка со поканување пријатели да станат наши членови на Анти Никотински Сојуз на Македонија е ваш допринос за општо добро на сите сограѓани во република Македонија.

21/06/2026

Аеродром сега Слем џем Три бисери патрик парк

Убавините на Преспа - Туристички понуди
21/06/2026

Убавините на Преспа - Туристички понуди

Наравоучение не се носи сопругата во ....Продолжете во коментарите Срам ве било :)
21/06/2026

Наравоучение не се носи сопругата во ....
Продолжете во коментарите
Срам ве било :)

20/06/2026

Singles - Libero party nights in Skopje

19/06/2026

Професија - Жалбар :)

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Слобода на Говорот posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share