Resource Environmental Center - REC North Macedonia

Resource Environmental Center -  REC North Macedonia Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Resource Environmental Center - REC North Macedonia, Environmental conservation organisation, Skopje.

09/06/2026

by Rec 5 days ago in Блог, Вести 116 Во време кога сѐ повеќе се зборува за одржливо управување со отпадот, едно од наједноставните и најефикасни решенија доаѓа токму од природ...

Системот за селективно собирање, подготовка и третман на биоотпад до компост во компостари, во рамки на проектот „Граѓан...
08/06/2026

Системот за селективно собирање, подготовка и третман на биоотпад до компост во компостари, во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ продолжува во Основните училишта во Општина Карпош.

ООУ „Димо Хаџи Димов“, ООУ „Владо Тасевски“ и ООУ „Лазо Трповски“

🌍 Твоето јаболко денес – зелен училишен двор утре! Погледнете ја циркуларната економија на дело во Карпош!

♻️На 4.06.2026 година, заедно со вредните ученици и совесни граѓани, успешно реализиравме уште една акција за селекција, подготовка и собирање на органски отпад во ООУ „Димо Хаџи Димов“.
♻ На 5.06.2026 година во 🏡 ООУ „Владо Тасевски“ и 🏡 ООУ „Лазо Трповски“ докажавме дека големите промени започнуваат од малите, секојдневни навики. Со заеднички сили на нашите вредни ученици и свесни сограѓани, успешно собравме и подготвивме органски отпад за компостирање.

🍏🌸🥬 Од отпад до нов живот: Собраниот биоотпад се отстранува во училишните компостари. Таму ќе се трансформира во висококвалитетен, природен хумус што ќе се користи за уредување на училишниот двор. Ново поставените саксии во еко-дворот ќе бидат исполнети со компост од компостарата на училиштето🌸🌳

Со правилно сортирање и собирање на органскиот отпад:
❌ Спречуваме штетни влијанија врз почвата, водата, воздухот и човековото здравје.
📉 Намалуваме огромни количини отпад кои завршуваат на депониите.
♻️ Создаваме циркуларна економија, враќајќи го отпадот како суровина за нов производ.

💡 Што всушност значи циркуларна економија во нашето маало?
Наместо биоотпадот да заврши на депонија и да ја загадува околината, ние го затвораме кругот:
1️⃣ Граѓаните и учениците паметно го селектираат органскиот отпад.
2️⃣ Училишните компостари го претвораат во висококвалитетен, природен компост.
3️⃣ Природата ни враќа со позелен, поздрав и поубав училишен двор за нашите деца!
🌍 Циркуларна економија на дело: Со вакви проекти не само што го намалуваме отпадот на депониите, туку директно ги едуцираме младите за практичните еколошки решенија. Ја менуваме свеста за позелена и почиста општина! 💚

🤝 Заедницата во акција: Преку нашиот проект поттикнуваме граѓански активизам за одржливо управување со органскиот отпад. Ги вклучуваме учениците, нивните родители, роднини и соседи со заедничка цел — правилно селектирање на отпадот уште од нашите домови! Ова е вистински пример за успешна соработка. Благодарение на силната поддршка од Општина Карпош, создаваме систем каде секој поединец има важна улога во заштитата на животната средина. Кога локалната заедница и училиштата дејствуваат заедно, резултатите се видливи!
🙌 Благодарност до секој граѓанин кој се приклучи и покажа висок степен на еколошка свест. Продолжуваме заедно! 💚

Секој чекор започнува од поединецот, но промената ја правиме заедно. Биди и ти дел од решението! 🌍💚

Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Resource Environmental Center - REC North Macedonia / Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco - Logic и Center for Environmental Democracy - Florozon / Флорозон - Центар за еколошка демократија, з
Проектот е подржан од Bладата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia, преку Цивика мобилитас.
, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

05/06/2026

Конкурсот ги поканува студентите од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Македонија да проектираат одржливи решенија за градови, села и зае...

Донација на компостер на општина Кисела Вода за спроведување на системот за селективно собирање, подготовка и преработка...
02/06/2026

Донација на компостер на општина Кисела Вода за спроведување на системот за селективно собирање, подготовка и преработка на биоотпад во компостари за производство на компост.

🌱 Во рамки на проектните активности на 02.06.2026 година започнавме со процесот за селективно собирање и преработка на органски отпад во општина Кисела Вода. За таа цел, во ООУ „Рајко Жинзифов“ е поставен градинарски компостер AL-KO K 390, изработен од рециклиран материјал којшто е донација од нашиот проект.

Компостерот има капацитет од 390 литри, систем за вентилација кој го олеснува и забрзува процесот на компостирање и овозможува органскиот отпад да се претвори во квалитетно природно ѓубриво. Со оваа активност се поттикнуваат одржливите практики, селекцијата на био-отпад и развојот на циркуларната економија во локалната заедница.

На учениците им беше одржано кратко предавање за тоа како се компостира и како да се користи компостерот.

🌍 На настанот присуствуваа Директорката на училиштето, наставници и ученици, г.ѓа Наташа Настоска, претставник од општина Кисела Вода и Проектните координатори на партнерите на проектот.

Оваа активност се остварува во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Resource Environmental Center - REC North Macedonia Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic Eco - Logic и Center for Environmental Democracy - Florozon Флорозон - Центар за еколошка демократија.
Проектот е подржан од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас.
, , Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Продолжување на системот за селективно собирање, подготовка и преработка на биоотпад преку компостирање во компостари, в...
01/06/2026

Продолжување на системот за селективно собирање, подготовка и преработка на биоотпад преку компостирање во компостари, во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

🌱 ОД ОДДЕЛУВАЊЕ ОТПАД ДО НОВ ЖИВОТ: Циркуларна економија на дело во ООУ „Војдан Чернодрински″! ♻️

Денес (01.06.2026) продолжуваме со полна пареа! Заедно со нашите вредни ученици и совесни граѓани, успешно го спроведуваме процесот на селекција, подготовка и собирање на органски отпад.
Целта е јасна – овој био-отпад се одлага во училишните компостари каде ќе се трансформира во висококвалитетен, природен компост за нашиот училишен двор. 🌸🍏
🤝 Оваа активност ја реализираме со силна поддршка од Општина Карпош, која активно го помага системот за селекција на органски отпад и училишното компостирање.
Со ова, заедно ја менуваме свеста, го намалуваме отпадот и практично го применуваме принципот на циркуларна економија за позелена и позелена општина! 🌍💚
♻️ Ова е одличен пример за тоа како локалната заедница и училиштата можат заедно да направат реална промена за животната средина. Со вакви проекти не само што се намалува количината на отпад на депониите, туку и директно се едуцираат младите и граѓаните за практична примена на циркуларната економија. Оваа активност ја вршиме со поддршка на Општина Карпош којашто го поддржува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во компостарите во училиштата.

Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Resource Environmental Center - REC North Macedonia / Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco - Logic и Center for Environmental Democracy - Florozon Флорозон - Центар за еколошка демократија, з
Проектот е подржан од Владата на Швајцарија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас.
, , Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

01/06/2026
01/06/2026
На 28 мај во Градски парк - Школка во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Граѓански активизам за остварување н...
29/05/2026

На 28 мај во Градски парк - Школка во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, којшто во изминатите две години ги обединува учениците, наставниците, граѓаните, општините и граѓанските организации околу темата за одржливо управување со био-отпадот и развој на циркуларна економија.

Настанот беше организиран од Здружението Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија Resource Environmental Center - REC North Macedonia, како носител на проектот и Еко Логик Eco - Logic и Center for Environmental Democracy - Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, во улога на Партнер организации, при што беа презентирани резултатите од проектот, ученичките зелени бизнис идеи и производите создадени преку реупотреба на био-отпад.

Во рамки на настанот беа доделени награди за трите најуспешни зелени бизнис идеи за реупотреба на био-отпад, а учениците од општините Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров презентираа практични и иновативни решенија за искористување на органскиот отпад како вреден ресурс.

„Особено нè радува што младите денес се носители на оваа позитивна промена. Нивната енергија, ентузијазам, иновативност и визија се доказ дека иднината може и треба да биде поодговорна кон природата“, изјави Тамара Радовановиќ Анѓелковска, Проектен координатор од Здружение „Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија“.

Кирил Ристовски од Здружението на граѓани Флорозон истакна дека младите денес не се само публика на која ѝ се зборува за заштита на животната средина, туку активни учесници кои имаат идеи, знаење и волја да создаваат промени.
„Особено охрабрува фактот што учениците преку своите зелени бизнис идеи покажаа дека био-отпадот не мора да биде проблем, туку може да стане ресурс. Токму ваквиот пристап е суштината на циркуларната економија – отпадот да се намали, повторно да се искористи и да се претвори во нова вредност“, посочи Ристовски.

На настанот присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Карпош Општина Карпош, Христо Саракинов. Саракинов истакна дека проектот имал значајно влијание врз младите, но и врз институциите и носителите на одлуки.
„Проектот ги обедини учениците, наставниците, граѓаните и партнерските организации кои во изминативе две години беа дел од активностите насочени за подигнување на јавната свест и поттикнување практики за одржливо управување со органски отпад. Токму овој проект ги отвори видиците не само кај помладите, туку и кај нас возрасните, не само како родители туку и како политички фактори и одговорно можам да кажам дека Општина Карпош ќе продолжи да учествува и спроведува вакви и слични проекти кои ќе имаат за цел да ја подигнат јавната свест за селекција на отпадот и циркуларната економија преку управувањето со органскиот отпад“, истакна Саракинов.

„Кога младите ќе препознаат можност таму каде што другите гледаат отпад, тогаш започнува вистинската промена кон одржливо и одговорно општество“, изјави Стефани Пренкова, проектен координатор од Еко Логик.

Во рамки на проектот, учениците од Општина Карпош го селектираа и подготвуваа органскиот отпад за добивање компост кој се користи за раззеленување на училишните дворови. Во наредниот период, покрај Општина Карпош, ќе се работи и на воспоставување систем за селектирање и одржливо управување со био-отпад во Општина Ѓорче Петров и Општина Кисела Вода, со цел проширување на добрите практики и поттикнување на циркуларната економија и во другите локални заедници.

Искажуваме голема благодарност на Град Скопје и Првата градска лабораторија управувана од Скопје, за отстапениот простор.

Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ се спроведува од Здружение Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија Resource Environmental Center - REC North Macedonia, Еко Логик Eco - Logic и Флорозон – Центар за еколошка демократија Center for Environmental Democracy - Florozon, со цел да придонесе за постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со био-отпад со стекнување практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и се спроведува во рамки на Civica Mobilitas.

Од денешната утринска најава во завршниот настан на проектот: "Граѓански активизам за остварување на циркуларна економиј...
28/05/2026

Од денешната утринска најава во завршниот настан на проектот: "Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад", којшто РЕЦ Resource Environmental Center - REC North Macedonia како главен ностител, го спроведува со партнерите Eco - Logic и Center for Environmental Democracy - Florozon
со поддршка на Владата на Швајцарија, преку Embassy of Switzerland in North Macedonia а во рамки на Civica Mobilitas.

АлфаТвУтринска

28/05/2026

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Resource Environmental Center - REC North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share