25/02/2026
Откријте ја тајната на македонскиот рубин: Две ексклузивни предавања во Скопје! Претстојниот викенд, неформалниот културно-уметнички колектив „Аристон“, со поддршка од „Откритие“, „Меѓународниот Славјански Универзитет“ и „Нова Македонија“, ве кани на првите јавни предавања посветени на историјата и моќта на македонскиот рубин. Придружете ни се во истражувањето на геолошката реткост, мистичната енергија и светскиот престиж на најпознатиот скапоцен камен од Македонија.
Предавање 1: Кристали, скапоцени камења и енергија
Детално предавање за природниот феномен на минералите и нивното влијание врз човекот и амбиентот.
Датум: Петок, 27.02.2026 година
Час: 19:00 часот
Локација: Салон 19,19, Скопје
Предавање 2: Македонскиот рубин – Моќниот зрак на нашето срце
За прв пат пред пошироката публика, Деан Шкартов - Деко, најголемиот промотор на македонскиот рубин, ќе ја раскаже приказната за генерацијата која го постави новиот македонски стандард и го промовираше овој камен низ целиот свет.
Датум: Сабота, 28.02.2026 година
Час: 17:00 часот
Локација: Public Room (Јавна соба), Скопје
Билетите се достапни во предпродажба преку: Zlaten Zab Mk и Tix Мк (линкови во коментар)
Не ја пропуштајте оваа единствена можност да дознаете повеќе за историјатот, геологијата, јувелирската вредност и мистиката на нашето национално богатство. Ве очекуваме