Стоп на загадувањето

Стоп на загадувањето ВОЗДУХ СЕГА!!!
Ние живееме еден филм, но нашите деца имаат право да го ЖИВЕАТ ЖИВОТОТ!
ПРИКЛУЧИ СЕ и СПОДЕЛИ
-граѓаните на овој град

ВОЗДУХ СЕГА!!!

Оваа страница е создадена со цел долгогодишниот проблем на енормното загадување на воздухот да стане минато, а иницирана е од институционалната пасивност години наназад да се справат со истиот. Иницијалниот почеток во 2011та година беше Општина Аеродром, која алармантно се издвојува во водечката тројка на најзагадени општини во Република Македонија.

Ние се залагаме загадувањето на

воздухот да стане приоритет на сите надлежни институции и за спроведување на конкретни мерки кои ќе се справат со сите сценарија кои доведуваат до аеро загадувањето и кои ќе ги заштитат граѓаните од истото.

Нашата цел е една, Воздух Сега, и немаме намера да поддржиме или нападнеме одредена политичка партија. Имаме намера да ја зголемиме свеста кај граѓаните за состојбата на воздухот, причинителите за негово загадување, позитивните пракси за намалување на истото, иновативни решенија, да ги информираме граѓаните за можностите за акција, за надлежните институции кои се должни да преземат мерки за негово намалување и да посочиме каде истите тие институции не ја извршиле/извршуваат својата законски пропишана должност и да бараме одговорност и отчетност од истите.

Членството во групата (https://www.facebook.com/groups/vozduhsega/) и вклучувањето активисти на оваа страница е отворено за секој кој сака Воздух Сега без разлика на политичката, верска, родова припадност, возраст, секој кој оправдано ја има изгубено довербата во институциите и трпението поради долгогодишното непреземање на мерки.

Оваа страница не е место за политички пресметки, национализам, лични пресметки, говор на омраза, себепромоција, маркетинг и истите нема да се толерираат.

ЕДНОСТАВНО РЕЧЕНО: НИЕ ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗДРУЖУВАМЕ САМО СО ЕДНА ЦЕЛ: ***** В О З Д У Х С Е Г А!!! *****

Email:
[email protected]
[email protected]

08/10/2025

СТОП ЗА ВАРДАРИШТЕ !

15/09/2025

Стоп за Вардариште е Иницијатива на граѓаните! Денеска: 18ч на исто место! Да бидеме таму, заедно можеме

Бараме Дрисла да остане во владение на град Скопје и да се трансформира по примерот на Регионалниот центар за управување...
11/09/2025

Бараме Дрисла да остане во владение на град Скопје и да се трансформира по примерот на Регионалниот центар за управување со отпад во Љубљана, а не да се дава на јавно-приватно партнерство, приказна која цела деценија е тотален неуспех и кривец зошто сме тука кај што сме!

Бараме кандидатите за градоначалник на Град Скопје да се обврзат дека НЕМА да формираат јавно-приватно партнерство за управување со Дрисла и дека ќе го започнат процесот на изградба на центар за управување со отпад по примерот на Љубљана, со комбинирани финансии од сопствен буџет, буџет на општините во Скопскиот регион, државни средства, ЕУ фондови, кредити со ниски стапки.

Во Словенија инвестицијата чинеше околу €150 милиони, каде 50% беа обезбедени од европски фондови. Изградбата одеше во фази, а јавното претпријатие е самоодржливо и не му се потребни субвенции за да функционира. Бараме да се преземе истата стратегија и за Дрисла и да престане системот на просто депонирање на отпад!

Се угушивме од чадовите на запалени депонии! Доста ни е од застарен начин на постапување со отпадот каде само со трупа во депонии!

Премиерот Мицкоски изјави дека повторно ќе направат јавно-приватно партнерство, како претходно, кога Дрисла беше дадена на мафијашите италијани во време на Коце Трајановски. За девет години ништо не направија од наведеното во тендерот. Градот Скопје имаше само 20% од сопственоста над Дрисла.

Премиерот нагласува дека ќе имало јавен тендер, со јасни критериуми, божем нешто различно овојпат. И тогаш имаше јавен тендер со јасни критериуми и беше избрана оваа сомнителна фирма и тоа два пати, а германската компанија Шолц со години го оспоруваше доделувањето на тендерот.

Не, доста ни е од лоши практики, неуспешни управувања и мафијашлук!

Доста е чекање, доста е некој друг да направи!

Буџетот на град Скопје за 2025 г. е €115 милиони, дополнително на сите општини во Скопскиот регион е €231 милиони, а на државата е €5.8 милијарди! Скопскиот регион создава речиси половина од државниот БДП! Редно е да се вложи назад!

Не може и не смее да се дозволи да не се инвестираат €150 милиони во Дрисла за да стане центар за соверемено управување со отпад, чија цел е нула отпад. Љубљана денес депонира помалку од 5% од создадениот отпад.

Чистиот воздух, здравата животна средина, безбедноста на граѓаните на Скопје мора да бидат наш приоритет. Државата и градот заедно со општините од Скопскиот регион имаат одговорност за обезбедување на одржлив, современ и сигурен систем за управување со отпад.

Деновиве е актуелно Вардариште, бившата градска депонија, затворена пред околу 30 години. Проблемот не е сегашен, ниту а...
03/09/2025

Деновиве е актуелно Вардариште, бившата градска депонија, затворена пред околу 30 години. Проблемот не е сегашен, ниту акутен, туку децениски и хроничен.

Кружат разни информации, па сакаме да расчитиме неколку нешта за јавноста.

🔷 За да се започне со санација на Вардариште, потребно е да се донесат преостанатите два ДУПа за Вардариште, за градска четврт СИ 09, блок 2 и блок 3, од страна на општина Гази Баба.
Само тогаш ќе може да се изработи основен и изведбен проект за санација на Вардариште.

‼️ Овие два ДУПа се ставени ДУРИ во февруари годинава во Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година на Владата. Изработката ја врши Агенцијата за планирање на просторот.

🟥 Сиве изминати години, децении, Општина Гази Баба го КОЧЕШЕ процесот со НЕНОСЕЊЕ на ДУПовите за Вардариште, иако се крајно едноставни и лесни за изработка.
Сега ќе чекаме Агенцијата да ги изработи, па потоа да се изгласаат од страна на Советот на Гази Баба.
30 години по затворањето на Вардариште.

🔷 За Вардариште има изработена физибилити студија за санација од 2014 година. Дали е потребна нова или ќе може оваа да се користи, останува да се види.
Со физибилити студијата таму се предвидени голф терени, парк, расади со рози...

🔷 Според изготвените документи од 2016 година за Регионалниот план за управување на отпад - Скопски регион, Вардариште е планиран да биде претоварна станица каде ќе се носи отпадот од Гази Баба, Арачиново, Петровец и Илинден, па потоа од таму во Дрисла.
Во исто време, општините Аеродром, Кисела Вода, Центар, Чаир и други општини ќе го носат својот отпад директно до Дрисла.

🔷 Според Правилникот за претоварните станици и условите што треба да ги исполнуваат локациите од 2007 година, претоварна станица мора да има
- систем за собирање и отстранување на исцедокот од отпадот, вклучително и отпадната вода создадена при вообичаените операции на миење и чистење на опремата, возилата и површините
- уреди за мерење на количината на отпад
- ограда и други безбедносни системи
- подлога на површината на која се чува отпадот, соодветно изработена
- обезбедена заштита на отпадот од атмосферски влијанија како и садови за складирање со дополнителна заштита
- сите видови отпад во претоварните станици треба да се чуваат најмногу 48 часови сметано од часот на прифаќање на отпадот.

Локацијата на која се градат, односно поставуваат претоварните станици не смеат да се со ризик за лесно поплавување или места заштитени од можни поплави.

❌ Вардариште НЕ ЗАДОВОЛУВА вакви услови за да биде претоварна станица, но се користи како таква со ГОДИНИ од страна на ЈП Комунална Хигиена. И никој ништо не реагира.
Дополнително, Вардариште е лоциран до Вардар, кој знае да се излие и да поплави.

🔷 Санацијата и рехабилитацијата на Варадариште ќе чини барем 40 милиони евра и ќе трае барем неколку години, ако не и повеќе.

🆘 Сите постапки бараат време. Но она што може и треба брзо да се направи, е истото што требаше пред години, а тоа е да престане да се користи како претоврана станица од страна на ЈП Комунална Хигиена, да се затвори и огради, осветли, постави 24 часовен видео надзор и чуварска служба.

Па нека течата постапките потоа за носење на ДУПови, изработка на проектна документација, санација и рехабилитација на оваа црна точка во градов.

31/08/2025

Пред малку избувна пожар во Вадариште. Поради интервенцијата и безбедносни причини, дел од Аеродром е без електрична енергија. Добиј ги најважните вести, бесплатно...

🟦Се придружуваме кон барањата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој на денешната прес конфере...
28/03/2025

🟦Се придружуваме кон барањата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој на денешната прес конференција бара кривична одговорност од Булмак 2016 по повеќе основи за излевањето од рудникот Тораница на 14 март во Крива Река, кога се излеа голема сива маса која потполно ја замати Крива река и Тораница.

🟥 Дента примероци од водата земаа од риболовниот клуб @ЗСРРК МРЕНА Кр.Паланка, а општината земала примероци следниот ден, за разлика од инспекторите на ДИЖС, кои НЕ ЗЕМАЛЕ примероци за анализа од водата на Крива Река и Тораница, со цел идентификација на изворите и обемот на загадувањето, НЕ ПОВИКАЛЕ акредитирана лабораторија која би земала примероци и извршила анализа, при состојба на комплетна заматеност и полна со талог на инаку бистрата река. Нивна обврска согласно законот при настаната хаварија е да ги утврдат опасните супстанции кои се присутни, податоците кои се потребни за проценување на последиците од несреќата по здравјето на луѓето и по животната средина.

🔺 Дополнително ДИЖС ја ДЕЗИНФОРМИРАШЕ јавноста дека на 14 март се излеала само вода од таложникот за јамски води, која НЕ СОДРЖИ хемиски средства, без да изврши анализа на водата за да тврди такво нешто, со што јавноста беше излажана. Ние истото утро стапивме во контакт со ДИЖС и баравме да излезе инспекција на терен што побрзо и да се земат примероци од водата.

⚠️ Реката е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето, со неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, десеткратно зголемено присуство на олово, за стотици пати на цијанид, зголемена pH и концентрации на фосфор, азот и останати тешки метали.

⚠️ И реката Пчиња е загрозена. Загрозени се бунарите, подземните води, живиот свет, загрозена е и почвата по текот на овие реки, земјоделските насади кои се наводнуваат од овие речни подрачја, сточниот фонд и ултимативно животот и здравјето на луѓето што ги конзумираат овие производи.

Долготрајни последици и штети по земјоделските поседи, земјоделски и овошни култури се очекува да има во реонот општината и соседната општина Ранковце, т.е. Славишко поле.

1️⃣ БАРАМЕ ОБВИНИТЕЛСТВО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СЛУЧАЈОВ, А ИНСПЕКЦИСКИ СОВЕТ И Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH ДА ГО ИСПИТА ДЕЛУВАЊЕТО НА ИНСПЕКТОРИТЕ.

2️⃣ Бараме од Влада на Република Северна Македонија и Собранието да ги изменат законите во насока на јасни ингеренции на инспекторите, зголемена транспарентност при нивното работење, јасно дефинирање на судир на интереси, зголемена одговорност и нивно санкционирање при непостапување.

3️⃣ Ефектот од ваква хаварија е кумулативен и поморот на живиот свет во Крива Река и Тораничка може да се случи со тек на време, ако не се случил во првите денови. Го повикуваме Природно-математички Факултет, @Институт за сточарство и рибарство - Скопје да излезат на терен и ја утврдат состојбата со живиот свет во овие реки.

4️⃣ СО ОГЛЕД ДЕКА Е ОВА ТРЕТО ПРЕКРШУВАЊЕ, БАРАМЕ МЖСПП ДА ЈА ОДЗЕМЕ А ИНТЕГРИРАНАТА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА НА БУЛМАК 2016.

5️⃣ Во однос на транспарентноста, зададена со закон, Решението од инспекцискиот надзор не е објавено согласно законот на веб страницата на ДИЖС.
ДИЖС не ги објавува своите инспекциски акти на својата веб страница најдоцна во рок од 5 дена од нивно носење, како и извештаите од извршен инспекциски надзор над субјектите со А и Б интегрирана еколошка дозвола. На страницата објавени се само инспекциски акти од 2023 година, иако законот се применува од крајот на 2019.
Во однос на денешното соопштение од МЖСПП за случајов, цитиран е министерот Izet Mexhiti дека законот мора да се почитува.
Со оглед дека ДИЖС е сега под наделжност на МЖСПП, очекуваме веднаш да започнат со спроведување на законот и објава на сите инспекциски акти и извештаи од извршен инспекциски надзор над субјектите со А и Б интегрирана еколошка дозвола на веб страницата на ДИЖС.

🟧 Според информации на свиркач:
- цевката пукнала поради зголемен обем на работа, не водејќи сметка за стабилноста на објектите како таложници, цевки, јаловишна брана;
- надвисува јаловишната брана без дозвола;
- едниот инспектор на ДИЖС кој вршел увид на терен е бивш вработен на Булмак 2016, а на другиот неговата сопруга работела во фирмата.

ℹ️ Инаку, фирмата која стопанисува со рудникот Тораница е „Булмак 2016“, чиј пак сопственик е бугарската фирма „Минстрој“ на бизнисменот Николај Валканов, поранешен потпретседател на озлогласената „Мултигруп“, која беше обвинета за вмешаност во атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров и еден од најблиските соработници на сопственикот на „Мултигруп“, Илија Павлов, оквалификуван во американските дипломатски извештаи како „доајен на бугарскиот организиран криминал“. Во 2021 година Булмак 2016 имала профит од €13 милиони.

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Стоп на загадувањето posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Стоп на загадувањето:

Share