01/06/2026
🌱 Од био-отпад до зелени бизнис идеи: младите покажаа дека промените започнуваат со знаење, креативност и конкретна акција!
На 28 мај, во Градскиот парк – Школка во Скопје, го одбележавме завршувањето на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.
Во изминатите две години работевме со учениците, наставниците, општините и локалните заедници за да покажеме дека био-отпадот не мора да заврши како отпад, туку може да се искористи како вреден ресурс. На завршниот настан учениците од општините Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров ги претставија своите зелени бизнис идеи и производи создадени преку реупотреба на органски отпад.
🏆 На трите најуспешни тимови им беа доделени признанија за освоено место, а нивните практични решенија покажаа дека циркуларната економија не е само концепт, туку можност за развој на нови идеи, одговорни навики и локални зелени иницијативи.
„Младите не се само публика на која ѝ зборуваме за заштита на животната средина. Тие се активни учесници кои имаат идеи, знаење и волја да создаваат промени. Особено охрабрува фактот што учениците покажаа дека био-отпадот не мора да биде проблем, туку може да стане ресурс. Токму ваквиот пристап е суштината на циркуларната економија“, истакна Кирил Ристовски од ФЛОРОЗОН.
♻️ Зеленото претприемништво е дел од решението. Тоа ги поврзува еколошката свест, иновативноста и одговорноста кон заедницата. Инвестирањето во знаењето и креативноста на младите е инвестиција во поздрава животна средина и поодржлива иднина.
„Особено нè радува што младите денес се носители на оваа позитивна промена. Нивната енергија, ентузијазам, иновативност и визија се доказ дека иднината може и треба да биде поодговорна кон природата“, изјави Тамара Радовановиќ Анѓелковска, РЕЦ – Северна Македонија“.
„Кога младите ќе препознаат можност таму каде што другите гледаат отпад, тогаш започнува вистинската промена кон одржливо и одговорно општество“, изјави Стефани Пренкова, од Еко Логик.
Проектот е подржан од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас.
, , Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)