06/05/2026
Организирање на регионални натпревари по прва помош за 2026 година 🍀🍀
Црвениот крст на РСМ дава посебен придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде уште ги едуцираме младите за важноста од правилно и навремено укажување на прва помош. Со цел дополнително да се поттикне свеста кај младите, како и да се унапредат нивните знаења и практични вештини, организираме натпревари по прва помош.
Црвениот крст на РСМ во месец мај ќе организира два регионални натпревари по прва помош за пропласираните екипи од општинските натпревари по прва помош од средните училишта на територија на РСМ. Овогодинешната тема на натпреварите по прва помош е „Прва помош во урбана средина“.
Оваа година домаќини на Регионалните натпревари ќе бидат ООЦК Прилеп во Регион 1 и ООЦК Кисела Вода во Регион 2. Регионалниот натпревар за Регион 1 ќе се одржи на 9 мај 2026 година во центарот на Прилеп, додека регионалниот натпревар за Регион 2 ќе се одржи на 16 мај 2025 во паркот „Тоше Проески“ - Скопје. На двата регионални натпревари ќе учествуваат вкупно 30 екипи по прва помош, по 15 екипи во секој регион.
Натпреварите по прва помош претставуваат значајна поддршка за младите во стекнување и унапредување на нивните знаења и способности, а воедно придонесуваат и за зголемување на информираноста за навремена и ефикасна реакција при итни состојби, поттикнувајќи чувство на одговорност, хуманост и подготвеност за помош во заедницата.
Shqip: https://ckrm.org.mk/al/organizimi-i-garave-rajonale-te-ndihmes-se-pare-per-vitin-2026/
En: https://ckrm.org.mk/en/regional-first-aid-competitions-2026/