16/10/2025
✅ Со Дејан Проданоски се запознав во мојата партија ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 20 години и оттогаш останавме блиски пријатели и соработници.
Во животот на човекот имало и убави и тешки моменти, но кога човек е во најтешките — тогаш најдобро се гледа кој е вистински пријател а кој не е.
Јас тоа го почувствував на своја кожа.
Додека сум во затвор повеќе од 8 години, Дејан е еден од тие што не ме заборавил НИКОГАШ.
Помагал секогаш кога можел, ми дава морална поддршка да издржам и дека ќе ја дочекаме правдата и никогаш не се оддалечи ниту од мене ниту од мојата фамилија.
Такви луѓе не се забораваат. 🙏
Победата во првиот круг е повеќе од јасна во Прилеп.
Јас сум убеден дека Дејан Проданоски ќе биде градоначалник како што заслужува Прилеп.
Дејан се докажа како чесен, скромен и посветен човек кој секогаш стои зад зборот што ќе го каже.
Тој е човекот кој го крена ВМРО во Прилеп последните години кога на партијата и беше најтешко.
Претседателот Мицкоски, партијата но и прилепчани застанаа зад него и му дадоа огромна поддршка и убеден сум дека нема да нѐ разочара ниту еден, туку напротив ќе направи да се гордееме што сме го гласале за него.
Бидејќи Прилеп заслужува да биде во првите 3 општини во Македонија и економски и инфраструктурно и во секој поглед.
Затоа што знам кој е Дејан, што носи во себе и дека Прилеп со него ќе оди напред – чесно, достоинствено и визионерски.
Деки направи нѐ горди сите 🙏🇲🇰
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!!! ⚫🔴
Да живее Република Македонија 🇲🇰