Станица ПЕТ

Станица ПЕТ Визија: Овозможен пристап до правда за секој граѓанин.

Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. е локална организација фокусирана на правно зајакнување и пристап до правда за маргинализираните заедници, особено за ромските и руралните заедници во Северна Македонија. Во нашата работа го користиме пристапот заснован на заедницата за да ги поттикнеме граѓаните во остварувањето на нивните права, особено фокусирајќи се на здравствените и социјалните права, како и дому

вањето, животната средина, граѓанското учество во демократските процеси на локално ниво, транспарентноста и отчетноста на институциите и др.

04/05/2026

Купуваме.
Користиме.
Фрламе.

И мислиме дека тука завршува приказната.

❗ Но отпадот останува – во нашите улици, во нашата средина.

Време е за поинаков избор.
💚 Размени. Повторно користи. Размисли.

▶️ Погледни го видеото и дознај како можеш да бидеш дел од решението.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан", имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

#ЕУсоТебе #добровладеењезазеленаагенда

28/04/2026

📣Повик за донација!

Драги пријатели,

Во моментов поддржуваме млада мајка која е жртва на семејно насилство и се грижи за своето бебе на возраст од 1 година. Со цел да помогнеме во обезбедување основни услови за достоинствен живот, потребна ни е ваша поддршка.

👉 Потребни донации:
🧸 За бебето:

Пелени (Pampers бр. 4)
Течен детергент за алишта (Frosch)
Козметика за бебе (Frosch)

👩 За мајката:

Хигиенски влошки
Козметика за секојдневна хигиена
Суплементи за железо

Секоја донација, без разлика колку е мала, прави значајна разлика.

📩 Вашите донации може да ги донесете во канцеларијата на здружението на ул. Прилепски бранители 24/1 наспроти Поштата во Прилеп, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот или контактирајте нè во порака за да договориме друг начин .

Ви благодариме однапред за вашата солидарност онаму каде е најпотребно. 💛

Денес го одбележуваме Денот на планетата Земја која е нашиот заеднички дом, кој не бара совршенство, туку грижа, свеснос...
22/04/2026

Денес го одбележуваме Денот на планетата Земја која е нашиот заеднички дом, кој не бара совршенство, туку грижа, свесност и мали, секојдневни чекори 🌍

Ние веруваме дека вистинската промена започнува од секој од нас. Преку еко акции, чистење на диви депонии и едукација, градиме навики што не оставаат штета, туку придонесуваат за обновување на природата.

🌱Да компостираме затоа што отпадот може да стане нов живот.
🚮Да селектираме правилно затоа што секое парче има свое место.
🏞Да не дозволиме дивите депонии да станат нормалност затоа што природата не е депонија.
♻️Да го намалиме консумеризмот и да избираме помалку, но поквалитетно. Да даваме нов живот на предметите преку реупотреба, размена и донации.
🌍Да живееме одговорно и свесно, со почит кон ресурсите што ги имаме.

Нашата еко мисија е едноставна:
помалку отпад, повеќе свесност, почиста иднина! 💚

#ДенНаПланетатаЗемја

🌟 Ден на добри дела 2026„Добро дело е кога создаваме момент на топлина, надеж и храброст.“ 📅 На ден 20.04.2026 година, в...
21/04/2026

🌟 Ден на добри дела 2026
„Добро дело е кога создаваме момент на топлина, надеж и храброст.“

📅 На ден 20.04.2026 година, во рамки на Светскиот ден на добри дела, ја реализиравме волонтерската акција:
🎁 „Пакет Топол Момент - Добро дело што грее одвнатре“ 💛

🤝 Волонтерската акција се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од средните училишта и ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп.
Заеднички создадоа мали, но значајни гестови на грижа за жени и деца жртви на семејно насилство - кориснички на нашите услуги во советувалиштето за психосоцијална поддршка. 🫶

👥 За време на акцијата, волонтерите рачно изработија картички со охрабрувачки пораки и цртежи, со цел пакетот да не биде само материјална поддршка, туку и личен знак на солидарност. 💌
💬 Со оваа активност се испрати порака дека никоја жена и ниту едно дете не се сами - дека заедницата стои зад нив и дека грижата започнува од мали, но искрени дела. 🤍

🏢 Нашето здружение трета година по ред се приклучува кон глобалното движење „Ден на добри дела“. На национално ниво, активностите се координирани од MKC Bitola.


#деннадобридела

👇👇👇
17/04/2026

👇👇👇

⚠️Имињата на двете претставнички од организациите кои ја сочинуваат Мрежата за заштита од дискриминација воопшто ги нема...
15/04/2026

⚠️Имињата на двете претставнички од организациите кои ја сочинуваат Мрежата за заштита од дискриминација воопшто ги нема на листата на пријавени кандидати.

Согласно членот 18 ст. 2 од Законот за спречување и заштита од дискриминација:

📄 (3) Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија утврдува предлог - листа од пријавените кандидати, по претходно спроведена јавна расправа и во рок од 14 дена по истекот на рокот од ставот (2) на овој член, ја доставува до Собранието на Република Северна Македонија во прилог со материјал од сите доставени пријави и извештај од спроведената јавна расправа.

❓ Па, предвид ваквиот член, прашуваме каде се овие две уредно доставени пријави на кандидатки кои доаѓаат од граѓанскиот сектор?

⚠️ Постапките за избор на членови на независни тела не смеат да се водат нетранспарентно, селективно или на начин што остава сомнеж во однапред донесени одлуки. Токму спротивно, тие мора да се темелат на транспарентност, еднаков третман, учество, отчетност и почитување на демократските процедури.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е клучна институција за заштита на човековите права и еднаквоста, поради што, изборот на нејзините членови мора да влева доверба во јавноста. Денес ние се соочуваме со парадоксална ситуација: да бираме член на Комисија за спречување на дискриминација притоа неоправдано спречувајќи двајца кандидати воопшто да се претстават на јавна расправа.

⚠️ Бараме од Комисијата за избори и именувања итно да образложи:
🔴 На што го темели ова ограничување на правото на кандидатките да бидат бирани, како и
🔴 Уште колку други кандидати кои доставиле документи а ги исполниле условите утврдени со Закон не се повикани да ги презентираат своите кандидатури.

Конечно, бараме од Собранието јавно да одговори која е целта на усвојувањето на закони и процедури и за кого важат истите, кога очигледно не важат за телата на Собранието!

⚠️ СОБРАНИЕТО ПОВТОРНО ГИ ГАЗИ ЗАКОНИТЕ КОИ ГИ НОСИ И ГО ОГРАНИЧУВА ПРАВОТО НА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ КОИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИ

Мрежата за заштита од дискриминација е шокирана од начинот на кој Собранието на Република Северна Македонија го спроведува изборот на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Денес на веб страницата на Собранието на Република Северна Македонија е објавен дневен ред за утрешната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, со единствена точка на дневен ред: Јавна расправа за утврдување на предлог - листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

📄 Кон Дневниот ред се прикачени документите за пријавените кандидати кои утре, со почеток од 11:00 часот ќе бидат презентирани пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а веќе истиот ден во 14:00 часот, Комисијата се среќава да го утврди името на кандидатот кој ќе биде предложен за назначување од страна на Собранието.

Меѓутоа, имињата на двете претставнички од организациите кои ја сочинуваат Мрежата за заштита од дискриминација воопшто ги нема на листата на пријавени кандидати.

Согласно членот 18 ст. 2 од Законот за спречување и заштита од дискриминација:

📄 (3) Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија утврдува предлог - листа од пријавените кандидати, по претходно спроведена јавна расправа и во рок од 14 дена по истекот на рокот од ставот (2) на овој член, ја доставува до Собранието на Република Северна Македонија во прилог со материјал од сите доставени пријави и извештај од спроведената јавна расправа.

❓ Па, предвид ваквиот член, прашуваме каде се овие две уредно доставени пријави на кандидатки кои доаѓаат од граѓанскиот сектор?

⚠️ Постапките за избор на членови на независни тела не смеат да се водат нетранспарентно, селективно или на начин што остава сомнеж во однапред донесени одлуки. Токму спротивно, тие мора да се темелат на транспарентност, еднаков третман, учество, отчетност и почитување на демократските процедури.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е клучна институција за заштита на човековите права и еднаквоста, поради што, изборот на нејзините членови мора да влева доверба во јавноста. Денес ние се соочуваме со парадоксална ситуација: да бираме член на Комисија за спречување на дискриминација притоа неоправдано спречувајќи двајца кандидати воопшто да се претстават на јавна расправа.

⚠️ Бараме од Комисијата за избори и именувања итно да образложи:
🔴 На што го темели ова ограничување на правото на кандидатките да бидат бирани, како и
🔴 Уште колку други кандидати кои доставиле документи а ги исполниле условите утврдени со Закон не се повикани да ги презентираат своите кандидатури.

Конечно, бараме од Собранието јавно да одговори која е целта на усвојувањето на закони и процедури и за кого важат истите, кога очигледно не важат за телата на Собранието!

🏥 Речиси половина од граѓаните сметаат дека ако пријават корупција, нема да бидат заштитени од институциите. Оваа недове...
15/04/2026

🏥 Речиси половина од граѓаните сметаат дека ако пријават корупција, нема да бидат заштитени од институциите. Оваа недоверба ги обесхрабрува да кренат глас против коруптивните практики во здравството.

💙❤️💚По повод 8 Април-Меѓународниот ден на Ромите, Здружението СТАНИЦА ПЕТ упатува честитки до ромската заедница, со силн...
08/04/2026

💙❤️💚По повод 8 Април-Меѓународниот ден на Ромите, Здружението СТАНИЦА ПЕТ упатува честитки до ромската заедница, со силна порака за еднаквост, достоинство и вистинска инклузија во сите општествени сфери.

Овој ден не е само симболичен, туку и потсетник дека Ромите сè уште се соочуваат со системски бариери во пристапот до образование, вработување, здравствена заштита и правда. Затоа, нашата работа е насочена кон рушење на овие бариери преку обезбедување правна и административна помош, психосоцијална поддршка, економско зајакнување и активно вклучување на заедницата во процесите на донесување одлуки.

Во СТАНИЦА ПЕТ веруваме дека инклузијата не значи само пристап, туку и препознавање и вреднување на потенцијалот што постои во ромската заедница. Ромите не се само корисници на поддршка, тие се двигатели на позитивни промени, луѓе со знаење, вештини и капацитет да придонесуваат не само за својата заедница, туку и за целото општество.

Затоа, повикуваме на заедничка одговорност од страна на институциите, граѓанскиот сектор и општеството во целина да создадат услови во кои секој ќе има еднаква шанса да успее. Само преку вистинска инклузија можеме да изградиме поправедно, посолидарно и поодржливо општество за сите.

Остануваме посветени на оваа мисија, да бидеме глас, поддршка и партнер во градењето општество во кое различностите се вреднуваат, а не се исклучуваат.

🌿 Зелен Петок  #6 – „Размена наместо отпад“Одлична атмосфера, 20тина учесници (најмногу млади) и многу разменети предмет...
01/04/2026

🌿 Зелен Петок #6 – „Размена наместо отпад“
Одлична атмосфера, 20тина учесници (најмногу млади) и многу разменети предмети - облека, книги и уште многу корисни работи ♻️
Но најважното: не зборувавме само за размена, туку и за одржливо живеење и создавање нови навики. Голем дел од учесниците ја видоа оваа иницијатива како нешто што треба да го практикуваме постојано, а не само како настан.
👉 Мал чекор за секој од нас, големо влијание за заедницата.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан", имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.
#ЕУсоТебе #добровладеењезазеленаагенда

📣"Да не биде само едно имагинарно тело кое ќе постои на хартија за да ги исолнува законските норми. Се мадевам дека вист...
16/03/2026

📣"Да не биде само едно имагинарно тело кое ќе постои на хартија за да ги исолнува законските норми. Се мадевам дека вистински ќе функционира, младите ќе бидат повеќе вклучени во донесувањето на одлуките и политиките на Општината!" - истакна Теодора Цветаноска, членка на Локалното собрание на млади на Општина Прилеп, претставничка од Здружение СТАНИЦА ПЕТ во ова тело. 👇

Собранието е составено од млади кои се дел од граѓанскиот сектор, претставници на средните училишта и подмладоци на 3 политички партии.

Address

Ulica Prilepski Braniteli 24/1/mezanin
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38976278753

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Станица ПЕТ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Станица ПЕТ:

Share