Детска Амбасада за Сите Деца во Светот

Детска Амбасада за Сите Деца во Светот Деца / Children

Во духот на човечноста и солидарноста,секоја подадена рака значи внимание каде е најпотребно во овие предпразнични денов...
08/04/2026

Во духот на човечноста и солидарноста,секоја подадена рака значи внимание каде е најпотребно во овие предпразнични денови!
Благодарност на основните училишта што се вклучија,директорите,родители и Вие мили деца што несебично помагавте за оваа хуманитарна акција да биде уапешна,Вашите срца се големи!
Благодарност до живинарската фарма Јоки што и овојпат дадоа свој придонес!
Благодарност до сите добронамерници!

По повод големиот празник Рамазан Бајрам, на сите наши членови и пријатели му упатуваме најискрени честитки со желби за ...
20/03/2026

По повод големиот празник Рамазан Бајрам, на сите наши членови и пријатели му упатуваме најискрени честитки со желби за здравје, мир, среќа и благосостојба во Вашите домови.

https://otv.mk/za-15-minuti-rasprodadeni-site-cvekjinja-prilepchani-ja-poddrzhaa-humanitarnata-akcija-za-8-mart/?fbclid=...
07/03/2026

https://otv.mk/za-15-minuti-rasprodadeni-site-cvekjinja-prilepchani-ja-poddrzhaa-humanitarnata-akcija-za-8-mart/?fbclid=IwdGRjcAQZDZZjbGNrBBkNemV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHqCDq1i1EDQqxnosFRief_bPPG2J3yuCMYjEsV9duaCVCqG9pGfsv4HYKKiY_aem_ndfbz9fSvHHb9am41aiQAQ

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, на платото пред Градскиот саат во Прилеп во Прилеп се одржа хуманитарна акција со продажба на цвеќиња,

20 години исполнети со радост и среќа ❤️ Остануваме посветени на нашите најмили
01/03/2026

20 години исполнети со радост и среќа ❤️ Остануваме посветени на нашите најмили

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

20 години Божикен  ручек ❤️
20/01/2026

20 години Божикен ручек ❤️

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Традицијата продолжува!По повод Василица Детска Амбасада за Сите деца во светот го посети Детско одделение при Јзу Општа...
14/01/2026

Традицијата продолжува!По повод Василица Детска Амбасада за Сите деца во светот го посети Детско одделение при Јзу Општа болница со проширена дејност со желби оваа година да нема болни дечиња,а на згрижените им посакавме добро здравје и поскоро враќање во нивните домови.Голема благодарност до раководителот на одделот за Педијатрија Доктор Габриела Тавчиоска и останатите докторки кои со нивната топлина и посветеност на најмалите и најмилите ни овозможија да ги израдувавме.

По Јубилеен 20-ти пат, традиционално,  500 деца се дружат на свечен Божикен Ручек, во прекрасната сала за свечености „Си...
08/01/2026

По Јубилеен 20-ти пат, традиционално, 500 деца се дружат на свечен Божикен Ручек, во прекрасната сала за свечености „Симфонија“ во Прилеп, и го слават Христовото раѓање. На овој свечен настан Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го додели најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание и го доделивме на Амбасадорката на сите деца во светот Н.Е. Г-ѓа Гордана Нацева.
И оваа година гости ни беа традиционално деца од целата територија на нашата држава, кои на заедничка трпеза го славеа Божик, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза седнаа деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Струмица, Охрид, Штип и од другите градови и општини ширум државава.
Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина.
Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божикна трпеза заедно се дружеа деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат.
Со благослов на Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар, оваа година ручекот го благослови Неговото Преосвештенство, Викарниот Архиереј на Преспанско – Пелагониската Епархија, Господин Никола, а на сите деца им се доделиа пакетчина за слатки сеќавања на Божикниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Дејан Проданоски. Како до сега, така и оваа година за збогатување на свеченоста се погрижиа членовите од танц студио „Зодијак“ од Прилеп. И оваа година не забавуваше нашата звездичка Димитар Иваноски од Прилеп, и на наше големо задоволство, пред се на децата, овој Божик гостин ни беше македонската мегазвезда Христијан Настески - Пајак.
И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, се доделија и ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на: ЈП Македонска Радио Телевизија, Канал 5 Телевизија, Наша Тв Телевизија, Телевизија Тера, Радио Пела, Радио Холидеј и порталите Инфокомпас, Маркукуле и Шеталиште, медиумски покровители на Божикниот ручек во сите овие изминати 20 години.
Организацијата на овој 20-ти по ред Божикен Ручек успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, АК Инвест од Тетово, Алкалоид А.Д. од Скопје, Дексл Мајер од Кавадарци, Фиви принт од Охрид, Бимфуд Доо од Прилеп, Ингредиа од Кавадарци, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница, Дизниленд трејд од Прилеп, Цвеќарница Дани од Прилеп, Пекара Маја од Прилеп, Фан продукција Зоран од Прилеп, Лолипоп ентертејмент груп од Скопје, како и сопствениците на пракрасната сала за свечености Симфонија од Прилеп. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Радио Холидеј и Радио Пела, веб порталите Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас.
На наше големо задоволство, нашите партнери од џудо клубот Сеишин од Прилеп ни доделија плакета за заедничка долгогодишна успешна соработка, за нашите најмили и честитка за овој голем јубилеј од 20 години на Божикниот ричек на кој со задоволство секогаш се присутни нивните членови. На ветеранот и џудо тренер г-дин Кире Здравески му благодариме на убавите зборови, а на нашите партнери му благодариме за овој за нас мотивирачки и пред се ценет подарок, што значи дека продолжуваме и секако со нашите напори ќе работиме за правилен психо-физички развој на децата.
Воедно им благодариме на сите кои дадоа свој придонес за овој прекрасен јубилеј од 20 години на Божикниот ручек да биде реализиран во најубаво светло, со многу емоции, насмевки и задоволство на сите деца!

Декември беше месец на желби и изненадувања,а новата година што иде,посреќна да ни биде!Неколку слики,многу насмевки и и...
30/12/2025

Декември беше месец на желби и изненадувања,а новата година што иде,посреќна да ни биде!
Неколку слики,многу насмевки и исполнети срца!Детската Амбасада и Генијални умови реализираа уште една хуманитарна акција!
Благодарност на основните училишта кои се вклучија,директори,наставници,родители и Вие мили деца,Вашите срца се големи!

Address

Александар Македонски 160
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 09:00 - 15:00
Tuesday 09:00 - 15:00
Wednesday 09:00 - 15:00
Thursday 09:00 - 15:00
Friday 09:00 - 15:00

Telephone

+38948551355

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Детска Амбасада за Сите Деца во Светот posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Детска Амбасада за Сите Деца во Светот:

Share