07/08/2026
Стравот од неуспех понекогаш нè запира уште пред да го направиме првиот чекор. Може да се појави како одложување, прекумерно размислување, чувство дека не сме доволно подготвени или мислата дека е подобро воопшто да не се обидеме, отколку да ризикуваме да не успееме.
Во истражувањето спроведено во рамките на овој проект, младите зборуваа за притисокот од очекувањата, споредувањето со другите и стравот дека нема да бидат доволно добри.
Но, неуспехот не е доказ дека не вредиш. Обидот не е срамота.
И не мораш сè да имаш совршено испланирано за да започнеш.
Доволно е да направиш еден мал чекор. 💚
Поддржано преку Erasmus+ проектот „Mental Health of YoEUth at Heart“, кој го спроведуваме во соработка со партнери од Словенија, Естонија, Грција, Португалија, Хрватска и Северна Македонија, бидејќи веруваме дека менталното здравје на младите е важно.
#МенталноЗдравје #НеСиСам #менталноздравје