ЈКП Комуналец - Прилеп

  • Home
  • ЈКП Комуналец - Прилеп
Call Directions Website Contact the organization

ЈКП Комуналец - Прилеп ЈКП Комуналец Прилеп

Чисто е убаво!Отпадот има свое место♻️ЈКП ,,Комуналец" -Прилеп
05/11/2026

Чисто е убаво!
Отпадот има свое место♻️
ЈКП ,,Комуналец" -Прилеп

Децата се нашите амбасадори за чистотаКампања ,,Чисто е убаво"Во рамките на кампањата „Чисто е убаво“, едукативни активн...
02/11/2026

Децата се нашите амбасадори за чистота
Кампања ,,Чисто е убаво"

Во рамките на кампањата „Чисто е убаво“, едукативни активности беа реализирани и во детската градинка „Рампо Левката“, каде најмладите преку дружење, разговор и практични примери учат за значењето на јавната хигиена, правилното одлагање и селектирање на отпадот.

Целта на оваа активност е уште од најрана возраст кај децата да се развиваат здрави еколошки навики, чувство на одговорност и грижа за чистотата на просторот во кој живеат и престојуваат. На наједноставен и разбирлив начин, децата се запознаваат со важноста на одржувањето на јавната хигиена, потребата отпадот да се фрла на соодветно место, како и со можностите за селекција на отпадот и негово правилно постапување.

Преку ваквите едукативни средби испраќаме важна порака: грижата за животната средина започнува од најмала возраст, а добрите навики се градат преку знаење и личен пример.

Децата се нашите најдобри амбасадори за чистота.
Чистотата е наша заедничка грижа, а убавите навики започнуваат од најмалите!

Кампањата се реализира во рамките на Проектот за регионално управување со цврст отпад, имплементиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, поддржан од SALAR Intenational и Шведската влада.
На локални ниво, ЈКП,, Комуналец"- Прилеп, едукативните игри ги реализира во соработка со граѓанскиот сектор: Мој Прилеп, Станица 5, и Агро ЛАГ Лидер.

02/11/2026
01/11/2026
30/10/2026

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, од денеска ги пушти во употреба двете новонабавени машини за метење улици: мобилна машина за метење улици и електрична мобилна машина за метење улици (Green Machines).

Особено значајна е електричната мобилна машина, која придонесува за намалување на локалните емисии на штетни издувни гасови. Со тоа, нејзината употреба претставува чекор кон воведување поеколошки практики во комуналното работење и намалување на негативните влијанија врз животната средина.

За почист Прилеп, продолжуваме со кампањата "Чисто е убаво" !

Благодариме Министерство за транспорт и врски!

30/10/2026

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, со нова механизација за почист град и поздрава животна средина

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, од денеска ги пушти во употреба двете новонабавени машини за метење улици: мобилна машина за метење улици и електрична мобилна машина за метење улици (Green Machines).

Со оваа современа механизација, јавното претпријатие во соработка со Локалната самоуорава, продолжуваат со унапредување и модернизација на комуналните услуги, создавајќи подобри услови за одржување на јавната чистота и уредноста на градот.
Новите машини значително ќе ја олеснат и забрзаат работата на комуналните работници, ќе овозможат поефикасно и поквалитетно метење на улиците, тротоарите, пешачките зони и другите јавни површини.

Особено значајна е електричната мобилна машина, која придонесува за намалување на локалните емисии на штетни издувни гасови. Со тоа, нејзината употреба претставува чекор кон воведување поеколошки практики во комуналното работење и намалување на негативните влијанија врз животната средина.

Покрај заштедата на време и работна сила, новата механизација ќе придонесе за подобро собирање на прашината и ситниот отпад од јавните површини, намалување на разнесувањето на нечистотиите и подобрување на квалитетот на урбаното живеење.

За почист Прилеп, продолжуваме со кампањата "Чисто е убаво" !

Благодариме Министерство за транспорт и врски!

Во функција уште еден рекреативен и парковски простор за граѓанитеСо градежни зафати, осветлување со нови канделабри, са...
27/10/2026

Во функција уште еден рекреативен и парковски простор за граѓаните

Со градежни зафати, осветлување со нови канделабри, санација на старата фонтана, поставување на чешма, засејување на трева, поставување на урбана опрема и хортикултурно уредување, блесна просторот пред сала Македонија, па се до Могилата.

🇲🇰 Честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна бирба!ЈКП „Комуналец“ – Прилеп упатува искрени честитки по ...
22/10/2026

🇲🇰 Честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна бирба!

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп упатува искрени честитки по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кој го симболизира стремежот на македонскиот народ за слобода, самостојност и државност.

Нека ни е честит 23 Октомври!

🇲🇰 Да ја чуваме Македонија, да го почитуваме минатото и со заедничка работа да градиме подобра иднина!

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

Address

ул, Питу Гули’’, бр2

7500

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈКП Комуналец - Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ЈКП Комуналец - Прилеп:

Shortcuts

  • Want your organization to be the top-listed non profit organization?

Share