13/05/2026
Денес ја реализиравме четвртата фаза од проектот „Педали и Приказни“....временските услови не ни беа наклонети и заради безбедност на опремата за проектирање на филмови дел од активностите ги реализиравме во спортската сала на СОУ„Ѓорче Петров“...од ❤️ им благодариме.
Направивме проекција на два кратки филмови „Слобода на две тркала“ и „Велоаџилак“ со што на присутните ученици им го презентиравме ликот и делото на човекот кој прв во Прилеп реализираше фестивал на отворено и вело тура „Мариово на дланка“ и остави голем белег кај сите нас, Боби Касандар. 🎈
Колегите од Go Green и професорот Здравко Ристески, како и секогаш до сега, на висината од задачата 👏.
За сите да се чувствуваме позитивно денес се погрижи DJ PETE со одбран сет на музика 🎧.
Паралелно со нашите активности, денес активни беа и волонтерите од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ кои под менторство на професорот Методи Исков го привршуваат муралот во нивното училите 👌.
Најактивна беше групата на велосипедисти до кои не стигна информацијата дека Критичната маса се одложува заради дождот кој се најавуваше...едно големо Браво и извинување за нив, заради недоразбирањето.🚲🚲🛴
Се гледаме на 3ти јуни , на завршниот настан кој ќе се одржи во Ричко....Ве очекуваме !!!🍄