Rotary CLUB Kochani-Vinica

Rotary CLUB Kochani-Vinica Rotary Phoenix Center

Rotary Club Kochani–Vinica е заедница на професионалци, хуманисти посветени на создавање подобро општество преку дела, проекти и визија. Наша мисија е да градиме силни, одговорни и поврзани заедници чекор по чекор, проект по проект.

❤️ 113 КИЛОМЕТРИ. ЕДНА МИСИЈА. PHOENIX 2.0.На 13 септември, нашиот претседател Pavlov Vladimir  ќе застане на стартот на...
05/09/2026

❤️ 113 КИЛОМЕТРИ. ЕДНА МИСИЈА. PHOENIX 2.0.
На 13 септември, нашиот претседател Pavlov Vladimir ќе застане на стартот на IRONMAN 70.3 Belgrade.
Пред него се:
🏊 1.9 km пливање
🚴 90 km велосипед
🏃 21.1 km трчање
113 километри во кои секој метар ќе има своја причина.
Овојпат целта не е само финишот.
Не е времето. Не е пласманот. Не е медалот.
Целта е PHOENIX 2.0. ❤️
Со секој километар сакаме да покажеме што може да се постигне кога спортот, хуманоста и заедништвото ќе се обединат околу една идеја.
Затоа, овој IRONMAN нека биде наш заеднички предизвик.
Владимир ќе ги помине 113-те километри.
А сите ние можеме да му дадеме вредност на секој од нив.
Со една донација.
Со едно споделување.
Со една порака на поддршка.
Секој придонес, без разлика колкав е, нè носи чекор поблиску до нашата цел.
❤️ Сите собрани средства од оваа хуманитарна акција ќе бидат наменети за PHOENIX 2.0.
Кога ќе стане тешко — ќе постои причина да продолжи.
Кога телото ќе бара да запре — мисијата ќе го турка напред.
А кога ќе ја помине целната линија — тој финиш нема да биде само негов. Ќе биде наш.
🔗 ДОНИРАЈ ЗА PHOENIX 2.0:
https://rotaryclubkocanivinica.org/nastani/113-%D0%BA%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B8-%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-phoenix-2-0/

113 KM. ONE MISSION. ONE FINISH LINE.
PHOENIX 2.0 ❤️
Rotary Club Kochani–Vinica
Create Lasting Impact

По летната пауза , синока 03.09.2026 год. членовите на Rotary CLUB Kochani-Vinica , во пријатниот амбиент во дворот на “...
04/09/2026

По летната пауза , синока 03.09.2026 год. членовите на Rotary CLUB Kochani-Vinica , во пријатниот амбиент во дворот на “Флорис” , остваривме ротаријанско дружење на кое изнесовме идеи , планови и желби за остварување на предвидените активности .

03/09/2026

Ротаракт Клубот Кочани-Виница со гордост донираше за новото физикално одделение во Општата болница Кочани. Обезбедивме нови душеци за вежбање и машина за перење на болничките ткаенини.

Им благодариме на сите што ги поддржуваат и ги посетуваат нашите настани, бидејќи тие ни овозможуваат да собираме средства и продолжиме со ваквите хуманитарни потфати.

Со големо задоволство бевме гости на нашите пријатели од Ротари клуб Пљевља, на традиционалниот хуманитарен Rotary Rafti...
29/07/2026

Со големо задоволство бевме гости на нашите пријатели од Ротари клуб Пљевља, на традиционалниот хуманитарен Rotary Rafting на реката Тара.

Настанот беше одлична можност за дружење, размена на искуства и зајакнување на ротариските пријателства. Особена чест ни беше присуството на гувернерката на Дистрикт 2483, Далиборка Брадиќ, наш долгогодишен пријател, со која разговаравме за идни заеднички проекти и иницијативи што ќе ги реализираме во периодот што следи.

Изминатите денови беа исполнети со прекрасна атмосфера, нови идеи и незаборавни моменти со ротаријанци од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Благодарност до Ротари клуб Пљевља за топлото гостопримство и одличната организација. Ваквите средби уште еднаш потврдуваат дека ротаријанското пријателство не познава граници.

💙 Service Above Self.

💙 Солидарноста се покажува со дела.Ротари клуб Кочани донираше вода за пиење за граѓаните на Гостивар, како поддршка во ...
28/07/2026

💙 Солидарноста се покажува со дела.

Ротари клуб Кочани донираше вода за пиење за граѓаните на Гостивар, како поддршка во периодот кога градот се соочи со проблеми со загадувањето на водата.

Веруваме дека во вакви моменти е најважно да бидеме заедно и да си помагаме. Секоја донација, без разлика на нејзината големина, може да направи вистинска разлика за оние на кои им е најпотребна.

Изразуваме поддршка до сите граѓани на Гостивар и се надеваме дека состојбата ќе се нормализира во најкраток можен рок.

01/07/2026
✨ Ново поглавје за Ротари клуб Кочани–Виница ✨На 20 јуни, во топла, пријателска и семејна атмосфера, го одбележавме прим...
01/07/2026

✨ Ново поглавје за Ротари клуб Кочани–Виница ✨

На 20 јуни, во топла, пријателска и семејна атмосфера, го одбележавме примопредавањето на претседателската функција во Ротари клуб Кочани–Виница. Со благодарност за сработеното, Vlatko Tasev му ја предаде претседателската должност на Pavlov Vladimir, отворајќи ново поглавје исполнето со идеи, енергија и уште поголема посветеност на заедницата.

Особена чест ни беше присуството на координаторот на Ротари клубовите во Македонија, Mitko Demirovski, како и на нашите драги пријатели од Ротари клубовите Штип и Струмица, чие присуство уште еднаш ја потврди силата на ротаријанското пријателство.

Вечерта беше можност да им оддадеме искрена почит на луѓето кои со својата работа, посветеност и несебична служба оставија длабока трага во нашиот клуб. Специјални признанија им беа врачени на Sasko Andonov и на нашиот најдолгогодишен член Blagoj Sitnovski.

Со голема гордост беа доделени и престижните Paul Harris Fellow признанија на Vlatko Tasev и Kiril Shuperliski – признание за луѓе кои со своите дела ги живеат ротаријанските вредности и инспирираат други да служат.

Во ротаријанската 2026–2027 година ќе чекориме водени од мотото:

Create Lasting Impact

Тоа не е само порака – тоа е наша обврска. Да создаваме проекти што менуваат животи, да градиме силни партнерства, да служиме со срце и да оставиме трајно позитивно влијание во секоја заедница до која ќе допреме.

Заедно продолжуваме да докажуваме дека кога добрите луѓе се обединети околу заедничка цел, секоја идеја може да стане дело, а секое дело – трајно наследство.

💙💛 Им посакуваме успешна и инспиративна ротаријанска година на сите членови на Ротари клуб Кочани–Виница!

29/06/2026

Постојат години кои се паметат по бројките.

Но постојат и години кои се паметат по животите што ги промениле.

Ротаријанската 2025–2026 година беше токму таква.

Заедно помогнавме таму каде што беше најпотребно. Реализиравме проекти кои спасуваат и подобруваат животи, подадовме рака на семејства, деца, здравствени установи, противпожарни служби и доброволни противпожарни друштва, а истовремено создадовме нови можности за младите преку визијата „Ротари Феникс 2.0“.

Зад секој реализиран проект стојат луѓе со големо срце – нашите членови, донатори, партнери и пријатели.

Ви благодариме што верувавте во нашата мисија и што бевте дел од секое добро дело.

Заедно покажавме дека најголемата сила е во хуманоста.

Најголеми донатори за оваа ротаријанска година:
- GNTC Foundation https://www.gntcfondi.com/
- Gorenje Kosovo
-LetzCare
-Safet Alili
-Roto_group Словенија
-Roto-M
-ACE AUTO Vinica
- Богдан Милутиновиќ
- Макпрогрес - Vincinni
- Мебел-Ви Виница
-Foundation Progressive Фондација Прогресив
-RK Celje
💙 Ротари Клуб Кочани–Виница
Ротаријанска година 2025–2026

Влатко Тасев
Претседател

29/06/2026

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА

РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ – ВИНИЦА

Ротаријанска година 2025–2026

Претседател: Влатко Тасев

Почитувани ротаријанци, пријатели, донатори и поддржувачи,

Ротаријанската година 2025–2026 беше година исполнета со хуманост, солидарност, лидерство и конкретни дела во служба на заедницата. Водени од мотото „Служба над сопствените интереси“, членовите на Ротари Клуб Кочани–Виница реализираа бројни проекти и активности со значајно влијание врз здравството, противпожарната заштита, образованието, младите и ранливите категории граѓани.

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Во текот на ротаријанската година клубот доби високи признанија од Сојузот на Ротари клубови на Македонија:

- Награда за најуспешен Ротари клуб;
- Награда за најголем и најзначаен проект;
- Признание за највреден проект со меѓународна помош.

ПРОЕКТ „РОТАРИ ФЕНИКС“

Најзначајниот проект на клубот беше реализацијата на проектот „Ротари Феникс“, инициран по трагичните настани во Кочани во март 2025 година.

Во рамките на проектот беа реализирани:

- финансиска помош;
- психолошка поддршка за децата и родителите;
- креативни работилници;
- едукативни програми и обуки;
- музички и културни настани;
- летни и зимски кампови;
- активности за социјализација и рехабилитација на повредените деца.

РОТАРИ ФЕНИКС 2.0

Во тек е подготовката на новата развојна фаза на проектот, која предвидува ХУБ за:

- центар за вештачка интелигенција;
- дигитална лабораторија со 3Д принтери;
- дронови и роботика;
- обуки за нови технологии;
- поддршка на млади иноватори;
- STEM образование и дигитална писменост.

ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

Ротари Клуб Кочани–Виница реализираше повеќе активности во областа на противпожарната заштита:

- набавка на две противпожарни возила за Виница;
- донации на опрема за доброволните противпожарни друштва низ Македонија;
- поддршка на локалните пожарникарски единици;
- активности за превенција и заштита од пожари.

Во текот на годината беа донирани две противпожарни возила, кои значително ги подобрија капацитетите на општината.

ЗДРАВСТВО

Клубот реализираше бројни донации во здравствениот сектор, меѓу кои:

- медицинска опрема за здравствени установи;
- спирометар;
- цистоскоп;
- медицински помагала;
- 300 инвалидски колички;
- електрични скутери за лица со намалена подвижност;
- помагала за лица со попреченост;
- лупи и специјализирани помагала за слепи и слабовидни лица.

Ротари Клуб Кочани–Виница и оваа година беше значаен партнер на здравствените институции во регионот.

ДОНАЦИИ И ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ

Во текот на годината беа реализирани донации за:

- болници;
- старечки домови;
- училишта;
- детски градинки;
- јавни институции;
- здруженија на граѓани;
- центри за лица со попреченост;
- организации кои работат со млади.

Дополнително, беа реализирани и индивидуални донации за физички лица преку обезбедување инвалидски колички, електрични скутери и други помагала за подобрување на мобилноста и квалитетот на животот.

Хуманитарните активности на клубот опфатија голем дел од територијата на Македонија, вклучувајќи ги: Кочани, Виница, Берово, Штип, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Велес, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар и Кичево.

ДОНАТОРСКИ НАСТАНИ

Клубот успешно ја организираше традиционалната донаторска манифестација „Оризова вечер“, на која беа собрани повеќе од 21.000 евра донации за поддршка на хуманитарните активности и проектите на клубот.

Најголеми донатори за оваа ротаријанска година:
- GNTC Foundation https://www.gntcfondi.com/
- Gorenje Kosovo
-LetzCare
-Safet Alili
-Roto_group Словенија
-Roto-M
-ACE AUTO Vinica
- Богдан Милутиновиќ
- Макпрогрес - Vincinni
- Мебел-Ви Виница
-Foundation Progressive Фондација Прогресив
-
Благодараност и до другите донатори кои помогнаа оваа година да биде една од најуспешните години на нашиот клуб .

МЛАДИ И ОБРАЗОВАНИЕ

Посебен акцент беше ставен на младите преку:

- интерактивни работилници;
- едукативни предавања;
- кампови и обуки;
- лидерски програми;
- соработка со Интеракт и Ротаракт клубовите;
- промоција на волонтеризмот и општествената одговорност.

ПОДДРШКА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ДЕЦА

Во текот на годината беа организирани бројни активности за повредените деца и нивните семејства:

- летни и зимски кампови;
- концерти и културни настани;
- спортски активности;
- фудбалски натпревари;
- дружења и рекреативни програми;
- психосоцијална поддршка.

КУЛТУРА И УМЕТНОСТ

Клубот активно ја поддржа културата преку:

- организација на културни настани;
- донација на пијано;
- поддршка на музички и уметнички активности;
- промоција на талентирани млади уметници.

СОРАБОТКА СО РОТАРИ ЗАЕДНИЦАТА

Во текот на годината беа реализирани бројни:

- посети на Ротари клубови во Македонија и во странство;
- меѓународни средби и конференции;
- партнерски проекти;
- заеднички хуманитарни активности.

Во јануари 2026 година клубот беше домаќин на официјалната гувернерска посета на гувернерот на Ротари Дистрикт 1912, Матјаж Новак (Matjaž Novak), при што беа презентирани реализираните проекти и идните планови за развој на клубот.

Со особена чест и благодарност му доделивме Благодарница на претседателот на Сојузот на Ротари клубовите од Македонија, Милош Радуловиќ, како признание за неговата несебична поддршка, соработка и придонес во реализацијата на бројни ротаријански активности и проекти.

ЗАКЛУЧОК
Ротари Клуб Кочани–Виница во ротаријанската година 2025–2026 остави значаен белег преку проекти со трајна вредност, силни меѓународни партнерства и бројни хуманитарни активности. Оваа година претставува доказ дека кога знаењето, посветеноста и хуманоста се обединети, можат да се постигнат резултати кои оставаат трајно наследство за идните генерации..

Упатувам искрена благодарност до сите членови, донатори, пријатели и партнери кои придонесоа оваа година да биде една од најуспешните во историјата на Ротари Клуб Кочани–Виница.

Со заеднички сили продолжуваме да градиме подобра иднина за нашата заедница.

Со искрена благодарност,

Влатко Тасев
Претседател

Владимир Павлов
Секретар

Зафир Наков
Благајник

Ротари Клуб Кочани–Виница
Ротаријанска година 2025–2026

23/06/2026

Address

Kocani
2300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Rotary CLUB Kochani-Vinica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Rotary CLUB Kochani-Vinica:

Shortcuts

Share