31/10/2025
🧭 ЛЕГИТИМИТЕТ И КРЕДИБИЛИТЕТ ЗА НОВАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ — ПРИОРИТЕТ #1
Почитувани соседи и сограѓани,
во изминатата недела спроведовме анкета за да го провериме легитимитетот и кредибилитетот на нашите кандидати за советници и да утврдиме кои двајца треба да нè претставуваат во Советот на Општина Кочани. 🗳️📊
🌿 Што покажаа резултатите?
Трендот е јасен — неколку луѓе го изнесоа најголемиот дел од теретот на кампањата и уживаат висока доверба кај нашите поддржувачи:
Влатко Здравков
Ефтимиј Атанасовски
Магдалена Трајковска
Венцо Доневски
Емануела Саидова
Борче Атанасовски
Од нив, Влатко и Ефтимиј имаат убедливо најголема поддршка кај граѓаните што го поддржаа концептот „Сакам Живот во Кочани“. 💚
🌿 Што следува?
Во наредните денови ќе организираме состанок и транспарентно ќе одлучиме кои двајца ќе бидат делегирани во Советот. Одлуката и образложението ќе ги објавиме јавно. Многупати рековме дека броевите не значат ништо. 🔍📢
🌿 Напомена за легитимитетот во заедницата!
Јасно е дека ромската заедница во градот се изјасни и даде доверба на Аки Акиов; нашата Емануела Саидова не ја доби потребната поддршка. Сепак, горди сме на Емануела — на нејзината работа, нејзиниот став, пристојност и енергија во кампањата. Веруваме дека доаѓа време кога профили како нејзиниот ќе бидат природен избор на Кочани. 🤝
🌿 Порака до оние што ќе ја креираат локалната политика од понеделник!
Кочани нема потреба од триумфализам и навивачка логика. Потребни се легитимитет, кредибилитет и вклучување на најкреативниот дел од заедницата — без разлика кој ќе победи. 🧠⚙️
Кочани не може да биде подобро место за живеење ако Венко или Влатко (кој и да победи) бидат оставени сами — или ако се однесуваат како победници триумфалисти што ги игнорираат сите околу себе.
Успехот е можен само со обединување и заедничка одговорност за јавното добро.
🌿 Саморефлексија и почит кон изборот
Немаме дилема дека Зоран доколку победеше би го водел процесот на обединување одлично. Исто така, немаме дилема дека програмата „Сакам Живот во Кочани“ би била далеку поизвесно реализирана доколку освоевме 4–5 советнички места.
Можеби нашата програма не стигна до сите граѓани на Кочани, можеби беше погрешно претставена, можеби пораките не беа адекватни, можеби и кандидатите не беа најдобрите кои што локалната заедница ги очекуваше, можеби и рекламните материјали не беа добри — како и да е…
Но, тоа е тоа — граѓаните одлучија тоа што одлучија, а мнозинството одлучи и да формално не одлучува, и ние ја почитуваме и прифаќаме одлуката на мнозинството. 🙏
Нашата желба е од понеделник Кочани да биде обединет и скромен во победата, достоинствен во несогласувањето, а јавното добро да стои пред личната суета на било кого. 💚
На Кочани од понеделник му требаат со целиот свој капацитет и Венко, и Влатко, и Игор, и Зоран, и Жаклина, и Ефтимиј, и Влатко, и Магдалена, и Венцо, и Борче, и Емануела, и Викторија, и Александар, и Царка, и Благој, и Рустем, и Виолета, и Игор, и Јасна, и Васил, и Игорчо, и Лозанка, и Тања, и Војислав — и секој друг од сите листи што искрено сака да придонесе за развојот на општината, а најмногу и сите тие кои не излегоа да гласаат на овие избори.
За граѓаните да изговорат „Сакам Живот во Кочани“, потребни сме сите: и луѓето од советничките листи од сите страни, и сите сограѓани што живеат во Кочани и го сакаат Кочани.
Секоја помош мора да биде добредојдена и таков амбиент во Општината да се изгради — а желбата за напредок кај оние што одлучуваат мора да биде помоќна од било која индивидуална суета. 🤝💚
🌿 За крај на овој пред изборен карневал:
Легитимитетот и кредибилитет не се зборови — тоа се дела.
Ги започнавме со анкета, транспарентност и јавна објава. Така ќе продолжиме.
Да ја градиме општина Кочани преку доверба, отчет и обединување, а не на поделби. 🫶