19/09/2026
🚒 5 ГОДИНИ ДПД КОЧАНИ – 5 ГОДИНИ ПОСВЕТЕНОСТ, ХУМАНОСТ И ЗАЕДНИШТВО 🚒
Денес, Доброволното противпожарно друштво Кочани го одбележува својот петгодишен јубилеј – пет години исполнети со предизвици, искуства, дружења, пожртвуваност и пред сè, со несебична посветеност кон заедницата. ❤️
По повод нашиот јубилеј, денес на Пониква се одржа и голем меѓународен противпожарен натпревар, на кој учество зедоа екипи од Македонија, Србија, Бугарија и Словенија. 🇲🇰🇷🇸🇧🇬🇸🇮
🏆 По одличните настапи и покажаните вештини, најуспешна беше екипата на Окта, второто место го освои ДПД „Архангел“ од Битола, додека третото место ѝ припадна на екипата на ДВД Крагуевац.
Паралелно со натпреварот на возрасните екипи, се одржа и противпожарен натпревар за учениците од основните училишта, преку кој најмладите имаа можност да се запознаат со противпожарната дејност, да ги покажат своите знаења и вештини, но и да стекнат нови пријателства. 👩🚒👨🚒
Овие пет години не беа секогаш лесни. ДПД Кочани имаше и подеми и падови, но никогаш не отстапи од својата мисија и визија. Напротив – секој предизвик нè направи посилни, поискусни и уште поцврсто обединети.
Од срце им благодариме на сите кои помогнаа во организацијата и реализацијата на денешните активности. Благодарност до сите учесници, гости, пријатели, институции, партнери и поддржувачи кои беа дел од овој посебен ден.
Посебна благодарност упатуваме до членовите на ДПД Кочани, кои несебично го вложуваат своето време, знаење, енергија и срце во она што го работиме. Вашата посветеност е најголемата сила на нашето друштво. ❤️🔥
Исто така, голема благодарност до сите донатори, помагатели и партнери кои овие пет години веруваат во нас, нè поддржуваат и ни помагаат да ја остваруваме нашата мисија.
🚒 Пет години поминаа. Но, нашата приказна продолжува.
Со уште поголема енергија, заедништво и посветеност, продолжуваме и во иднина со уште позабрзано темпо да чекориме кон новите предизвици, новите цели и новите успеси.
Среќен 5-ти роденден, ДПД Кочани! 🎉🚒
Една мисија. Една визија. Едно големо срце за заедницата. ❤️