14/03/2026
Денес се одржува Регионалниот натпревар по Математика за основно образование!
На сите ученици кои ги посетуваа бесплатните курсеви по Математика во „Бистри умови“ им посакуваме многу среќа, мирна глава и успешен настап на натпреварот.
Особено сме среќни што до сега над 2000 ученици поминаа низ системот на бесплатни курсеви и подготовки на „Бистри умови“. За нас тоа не се само бројки, туку млади таленти и идни успеси на Македонија.
Голема благодарност до Виктор Симјаноски, поранешен Македонски натпреварувач по Математика, а денес успешен човек кој живее и работи во САД, кој со својата финансиска поддршка помогна да се реализираат бесплатните курсеви по Математика. Неговата поддршка е пример каков што би сакале да следат и други наши поранешни натпреварувачи, кои денес се успешни луѓе ширум светот.
Огромна благодарност и до компанијата Кодхем, која во повеќе наврати ја поддржува работата на „Бистри умови“ и вложува во развојот на младите таленти.
Среќно на сите натпреварувачи! Трудот, знаењето и љубовта кон математиката секогаш носат резултати.