The Nest

The Nest Гнездо на инспирација, дружби и спонтани моменти

26/02/2026

Не се работи за обичен stand-up. Преку нереално добри имитации, пантомима, различни гласови, извици, крици, наративни елементи и врвен storytelling, Никола ни го доближи Охрид, авантурите од турнејата во Германија, приказни за уникатното искуство што го има во секој град во Македонија, па дури и неговите епски сонови.

Па вие сами можете да ги процените талентот и креативноста потребни за да се постигне овој соло драмски настап, во кој се интегрирани сите овие елементи.

Фала ти, , и фала ви на сите што што со аплауз, смеа и прекрасна енергија го направивте ова гостување прејако!

02/02/2026

Одиме со втора работилница! 💝
Support Kocani The Nest

Што гледаме кога ќе го тргнеме огледалото?На вчерашната работилница „Моето тело и моите чувства“ не разговаравме за изгл...
01/02/2026

Што гледаме кога ќе го тргнеме огледалото?
На вчерашната работилница „Моето тело и моите чувства“ не разговаравме за изгледот, туку за тоа како навистина се чувствуваме во сопствената кожа. Учевме дека емоциите не се само зборови, туку физички сензации што ги носиме во себе, како јазол во стомакот или стегање во градите.
Најважниот момент беше кога сфативме дека филтерот низ кој гледаме е внатре во нас. Преку огледала што зголемуваат, видовме дека стравот ни е потребен, но кога грижата премногу ќе порасне, може да ни ги сокрие убавите работи околу нас. Преку сензорни леќи истражувавме како понекогаш си бараме маани, без да сфатиме дека внатре во секој од нас има нешто посебно. На заедничкиот хамер видовме дека под површината, сите ги делиме истите бои, несигурности и храброст.
Завршивме со опуштена медитација преку која научивме да ги ловиме добрите мисли како пеперутки, а да ги пуштиме негативните да си одлетаат. Сфативме дека кога го слушаме нашето тело, добиваме моќ свесно да управуваме со сопствените чувства и да бидеме многу повеќе од нашиот одраз.
Благодарност до прекрасните учесници за храброста да нурнат во својот внатрешен свет и да излезат со насмевка на лицето од нашето „Гнездо“.

Како децата да ги препознаат своите чувства?Што им кажува телото кога се лути, се плашат или се вознемирени?И најважно, ...
31/01/2026

Како децата да ги препознаат своите чувства?
Што им кажува телото кога се лути, се плашат или се вознемирени?
И најважно, што можат да направат кога им е тешко?

Преку игра, движење, креативни активности и практични вежби, децата ќе:
•научат да ги препознаваат сигналите на своето тело
•развиваат самоконтрола
•добијат конкретни алатки за смирување и саморегулација
•градат позитивна слика за себе и подобра соработка со другите

Работилницата ќе биде динамична, без притисок, со многу интеракција и фокус на позитивно искуство и зајакнување на детето.
Пријавувања на нашата веб страна 👇
https://thenest.200ok.mk

28/11/2025
14/11/2025
Понекогаш учиме дека најтоплите односи не се оние без граници, туку оние во кои постои почит, простор и љубов.Нa работил...
16/10/2025

Понекогаш учиме дека најтоплите односи не се оние без граници, туку оние во кои постои почит, простор и љубов.
Нa работилницата ,,Граници со љубов”, заедно со психологот Biljana Ivanova Stojanovska низ движење, допир и споделување ги истражувавме нашите лични граници – кога ни е пријатно, кога ни треба простор, и како тоа нежно да го кажеме.

Сфативме дека „стоп“ не значи оддалечување, туку е еден вид „се грижам за себе и за тебе“.
Во топла и поддржувачка атмосфера учесниците имаа можност да се поврзат со себе и со другите на нов, искрен начин.

Благодарност до сите што беа дел од ова искуство, во The Nest, простор каде можеме да бидеме автентични и сигурни.

✨ Работилницата „Наше гнездо“ ја доживеавме како навистина посебно искуство. Атмосферата беше топла и искрена, а времето...
13/09/2025

✨ Работилницата „Наше гнездо“ ја доживеавме како навистина посебно искуство. Атмосферата беше топла и искрена, а времето помина во споделување, поврзување и создавање чувство на блискост.
Бевме дел од процес во кој сите заедно развивавме емпатија, се отвораа нови перспективи и наоѓавме простор каде што секој може да биде свој. Излеговме со чувство на благодарност, полни со емоции и радост што направивме уште еден чекор во градењето на заедништво.
Ова беше почеток кој нè охрабри и инспирира да продолжиме понатаму, сигурни дека „Наше гнездо“ ќе стане место на доверба, поддршка и нови пријателства. 🌿💙

💚Посебно сме благодарни на Билјана Стојановска, чија поддршка и насоки ни помогнаа да создадеме мирна и позитивна атмосфера која остана со нас и по завршувањето на работилницата и до сите присутни, кои изјавија дека едвај чекаат повторно да дојдат на вакви работилници и да внесеме уште повеќе љубов во нашето топло гнездо.🪺

Address

22 October 57
Kocani
2300

Opening Hours

Monday 11:00 - 21:00
Tuesday 11:00 - 21:00
Wednesday 11:00 - 21:00
Thursday 11:00 - 21:00
Friday 11:00 - 21:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when The Nest posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share