Rotaract Club Kochani - Vinica

Rotaract Club Kochani - Vinica A global movement of young professionals taking action for a better world.

Join us for community service, professional growth, and lifelong friendships.

09/06/2026

💙 Зад секој спасен живот стои навремена дијагноза. Зад секоја навремена дијагноза стојат луѓе кои одлучиле да направат разлика.

Ротари клуб Кочани-Виница набави НОВ универзален цисто-уретроскоп во вредност од 212.000 денари, кој следната недела ќе биде дониран на Одделението за урологија при ЈЗУ Клиничка болница – Штип.

Оваа современа медицинска опрема ќе им овозможи на лекарите побрза и попрецизна дијагностика на заболувања на мочниот меур и уринарниот тракт, како и рано откривање на тумори и малигни промени.

Во медицината, времето е од непроценлива вредност. Секоја навремена дијагноза може да го олесни лекувањето и да му даде на пациентот нешто што нема цена тоа е живот.

Зад секоја рана дијагноза стои нечие семејство, нечии надежи и шанса за подобро утре. Токму затоа веруваме дека оваа донација ќе донесе поголема сигурност за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници.

💙 Вистинската вредност на оваа донација не е 212.000 денари. Вистинската вредност ќе се мери во рано откриени заболувања, спасени животи, зачувано здравје и насмевки на пациентите и нивните семејства.

#РанаДијагностика #СпасувамеЖивоти #Донација #КлиничкаБолницаШтип #РотариКочаниВиница #ЗаПодоброЗдравје 💙🏥

Здраво спортисти!Нашите пријатели од Rotaract Club Prilep ве покануваат на хуманитарната „Трка со срце“, од која дел од ...
13/05/2026

Здраво спортисти!

Нашите пријатели од Rotaract Club Prilep ве покануваат на хуманитарната „Трка со срце“, од која дел од средствата ќе бидат наменети за Кочани.

За сите заинтересирани од Кочани и Виница организираме бесплатен превоз.

📅 Кога? 14 јуни 2026�
📍 Каде? Плоштад Методија Андонов-Ченто, Прилеп�
💰 Котизација? 600 денари (со вклучен стартен пакет)�
🚌 Превоз од Кочани и Виница? Бесплатен

За учество и бесплатен превоз регистрирајте се на линковите во коментарите.

Сите сегашни и идни J1 патници, ова е за вас! ✈️🇺🇸 Се подготвувате за вашата Work and Travel авантура во САД? Ве поканув...
06/05/2026

Сите сегашни и идни J1 патници, ова е за вас! ✈️🇺🇸 Се подготвувате за вашата Work and Travel авантура во САД? Ве покануваме на “USA 101” – опуштено кафе-дружење каде што можете да прашате СЀ што ве интересира за животот во Америка. Нашата цел е да ви помогнеме да го минимизирате културниот шок и максимално да се подготвите за вашето прво големо патување. Стивен, Леан и Лиз, Американци кои моментално живеат во Македонија, ќе бидат таму за да го споделат своето искуство од прва рака и да одговорат на сите ваши прашања. Дојдете да поразговараме, да се напиеме кафе и да ве подготвиме за искуството на животот!
🗣️ Што: Разговор, кафе и сите ваши прашања.
🇺🇸 Со: Стивен, Лиан и Лиз, Американци кои живеат во Македонија
📍 Каде: Ротари Феникс Центар Кочани
📅 Кога: Сабота, 9 Мај, 12:00-13:00
☕️ П.С. Кафето е од нас. 😉

👏👏👏 Rotary CLUB Kochani-Vinica
05/05/2026

👏👏👏 Rotary CLUB Kochani-Vinica

Од 24-26 имавме чест да им посакаме добредојде на повеќе од 40 Ротаракт членови од Македонија на седмиот мотивациски вик...
28/04/2026

Од 24-26 имавме чест да им посакаме добредојде на повеќе од 40 Ротаракт членови од Македонија на седмиот мотивациски викенд во организација на нашиот клуб, и

Викендот беше исполнет со дружење, посета на знаменитости во Кочани и Виница, интереактивни работилници, игри, награди, како и промовирање на историјата и одликите на нашиот регион. Ја зајакнавме врската и соработката меѓу клубовите во Македонија и си зададовме амбициозни цели за зајакнување на целата Ротаракт заедница.

Огромна благодарност до спонзорите кои што го направија овој викенд да биде прекрасен:
mk

Музеј Теракота Виница






phoenixcenter

Им благодариме на сите ротарактовци што не посетија, се надеваме дека си заминаа со прекрасни спомени и нови пријателства, и се гледаме во 2027!









24/04/2026

ПРОСТОР ЗА БОЛКА, ПАТ КОН ОБНОВА!
Во моментот кога зборовите се тешки, заедно учиме повторно да дишеме.

Понекогаш, после тешки настани, не ни требаат совршени зборови…
туку простор каде што сме разбрани, прифатени и поддржани.

Ве покануваме на интерактивна работилница посветена на
психолошка рехабилитација и справување со кризни ситуации,
заедно со тим на психолози предводени од д-р Дијана Белевска.

Овој настан е создаден како безбеден простор каде што:
✨ учиме како да се справиме со внатрешниот товар
✨ ги препознаваме и разбираме нашите емоции
✨ правиме чекор кон стабилност и нов почеток

🧘‍♀️ Дел од програмата:
– музикотерапија
– медитација
– техники за смирување и враќање кон себе

📅 Датум: 24.04
🕒 Времетраење: 2–3 часа
📍 Локација: Прогресив Академија, Виница

👉 Понекогаш најважното нешто е да знаеме дека не сме сами.

Сите сегашни и идни J1 патници, ова е за вас! ✈️🇺🇸 Се подготвувате за вашата Work and Travel авантура во САД? Ве поканув...
21/04/2026

Сите сегашни и идни J1 патници, ова е за вас! ✈️🇺🇸 Се подготвувате за вашата Work and Travel авантура во САД? Ве покануваме на “USA 101” – опуштено кафе-дружење каде што можете да прашате СЀ што ве интересира за животот во Америка. Нашата цел е да ви помогнеме да го минимизирате културниот шок и максимално да се подготвите за вашето прво големо патување. Стивен, Леан и Лиз, Американци кои моментално живеат во Македонија, ќе бидат таму за да го споделат своето искуство од прва рака и да одговорат на сите ваши прашања. Дојдете да поразговараме, да се напиеме кафе и да ве подготвиме за искуството на животот!

🗣️ Што: Разговор, кафе и сите ваши прашања.
🇺🇸 Со: Стивен, Лиан и Лиз, Американци кои живеат во Македонија
📍 Каде: Ротари Феникс Центар Кочани
📅 Кога: Сабота, 9 Мај, 12:00-13:00

☕️ П.С. Кафето е од нас. 😉

11/04/2026

Address

Kocani

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Rotaract Club Kochani - Vinica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Rotaract Club Kochani - Vinica:

Share