Преспа? Разбуди се за чиста средина

Преспа? Разбуди се за чиста средина Кампања за подобрување на практиките за управувањето со отпадот во Преспа.

Кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина” има за цел да ги поттикне локалните заедници за одржливо управување со отпадот, со фокус на селекција, намалување и соодветно отстранување на комуналниот, земјоделскиот и индустрискиот отпад. Кампањата ja спроведува Институтот за комуникациски студии (ИКС), во соработка со Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво од Ресен, во рамки на проект

от „Поттикнување на промени во однесувањето на граѓаните за подобрување на практиките за управување со отпад во Преспанскиот регион“, финансиски поддржан од Европската унија. Содржината на оваа страница е единствена одговорност на Институтот за комуникациски студии и не ги одразува нужно ставовите на Европската унија.

🌿Преспа со години се соочува со намалување на нивото на водата, но под површината постои уште еден, помалку видлив пробл...
26/05/2026

🌿Преспа со години се соочува со намалување на нивото на водата, но под површината постои уште еден, помалку видлив проблем – загадувањето од земјоделството.
♻️Во регион каде што се користат големи количини пестициди, а дел од земјоделскиот отпад завршува во околината, водотеците и езерото, дел од производителите бараат поинаков пат.
🍎Таков е примерот на Кирил Прцуловски од Царев Двор, кој се врати на корените во Преспа и го создаде органскиот бренд „Царица“. Наместо синтетичка хемија, тој користи природни препарати и органски пристап во заштитата на јаболката.
💚Неговата приказна потсетува дека начинот на кој ја произведуваме храната е директно поврзан со почвата, водата и иднината на Преспанското Езеро. Помалку отпад и помалку пестициди значат повеќе живот за Преспа.
🔗 Погледнете ја приказната: https://telma.com.mk/2026/05/02/pomalku-otpad-i-pesticzidi-poveke-zhivot-za-prespa/
Со оваа сторија TV Telma ја поддржува кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион #ПреспаРазбудиСе, што ја спроведуваИнститут за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies во соработка со EKO Gerila Prespa и Македонско еколошко друштво, поддржана од Delegation of the European Union to North Macedonia.
#ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД #ЕУсоТебе #ЕУзаПреспа

Преспа со години се соочува со намалување на нивото на водата, но покрај ова, под површината постои уште еден, помалку видлив проблем – загадувањето од земјоделств....

22/05/2026

🌿 Чиста Преспа не зависи само од чистење на дивите депонии, туку и од систем што функционира и граѓани кои знаат како правилно да постапуваат со отпадот.
♻️ Регионалните центри за управување со отпад, селекцијата, едукацијата и вклучувањето на локалната заедница се клучни чекори кон почиста и поодржлива Преспа.
🏡 Ресен веќе започна со селекција на стакло, текстил и електронски отпад, а се очекува и проширување на системот со жолти канти за пластика, како и нови решенија за компостирање и градежен отпад.
📍Но, вистинската промена почнува од секојдневните навики односно од тоа како го одделуваме, намалуваме и одлагаме отпадот.
👉 Целата приказна на https://presparazbudise.mk/shto-e-novo/regionalnite-centri-i-edukacijata-kluchni-za-pochista-prespa/
#ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ЧистаПреспа #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД #ЕУсоТебе #ЕУзаПреспа
Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies
EKO Gerila Prespa
Македонско еколошко друштво
Delegation of the European Union to North Macedonia
Општина Ресен
ЈКП Пролетер - Ресен / JKP Proleter - Resen

20/05/2026

„Нашата главна цел беше екологијата да ја извадиме од учебниците и да ја поврземе со интересен предизвик, игра и успех“, вели Наташа Нечовска, наставничка по биологија, хемија и природни науки во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Ресен.
🌿 Токму тоа се случи во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Царев Двор, каде учениците преку работилници, експерименти и еко-акции учеа за заштитата на животната средина на поинаков начин – преку искуство и практична работа.
♻️ Во рамки на активностите поврзани со „Генералка викенд“, учениците чистеа во и околу училишниот двор, засадија дрвја и растенија и разговараа за тоа колку време му е потребно на отпадот да се разгради во природата.
👉 Целата приказна на: https://presparazbudise.mk/shto-e-novo/uchenicite-od-carev-dvor-se-prikluchija-na-generalka-vikend-za-pochista-prespa/
#ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД #ЕУсоТебе #ЕУзаПреспа
Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies
EKO Gerila Prespa
Македонско еколошко друштво
Delegation of the European Union to North Macedonia
Општина Ресен
ЈКП Пролетер - Ресен / JKP Proleter - Resen

18/05/2026

„Ако се заштити средината, Преспа ќе стане попривлечна за туристите, нема да има ѓубре и ќе изгледа поубаво.“

🌿 Вака размислуваат учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ во Царев Двор, кои преку работилници, посети и еко-акции учат како подобро да ја запознаат средината во која живеат и како да придонесат за нејзина заштита.

♻️ Нивното учество во „Генералка викенд“ е уште еден потсетник дека грижата за Преспа почнува од секојдневните навики, но и од најмладите кои растат со свест дека чистата средина значи поубава и поодржлива иднина.

👉Целата приказна на https://presparazbudise.mk/shto-e-novo/uchenicite-od-carev-dvor-se-prikluchija-na-generalka-vikend-za-pochista-prespa/
#ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД #ЕУсоТебе #ЕУзаПреспа
Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies
EKO Gerila Prespa
Македонско еколошко друштво
Delegation of the European Union to North Macedonia

🌿 Во Преспа, грижата за животната средина почнува уште во градинка, а продолжува и во училиште.♻️ Децата од ЈОУДГ „11 Се...
15/05/2026

🌿 Во Преспа, грижата за животната средина почнува уште во градинка, а продолжува и во училиште.

♻️ Децата од ЈОУДГ „11 Септември“ – Ресен и учениците од ОУ „Мите Богоевски“ во село Јанковец преку креативни активности, еколошки акции и практични примери учат како да ја чуваат природата.

👧🧒 Од собирање батерии и селекција на текстилен отпад, до реупотреба на хартија, пластика и стакло и интерес за компостирање, најмладите покажуваат дека добрите навики се градат постепено, преку искуство, пример и вклученост.

💚 Овие примери потсетуваат дека чистата Преспа е заедничка одговорност, а промените почнуваат токму од најмладите генерации.

Со оваа сторија TERA TV ја поддржува кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион #ПреспаРазбудиСе, што ја спроведува Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies во соработка со EKO Gerila Prespa и Македонско еколошко друштво, поддржана од Delegation of the European Union to North Macedonia.
#ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД #ЕУсоТебе #ЕУзаПреспа

Децата од Преспа од најмала возраст учат како да ја штитат животната средина. Градинката „11 септември“ во Ресен покрај тоа што се вклучува во различни еколошки ак....

13/05/2026

🌿♻️ Како дел од акцијата „Генералка викенд“, која овој викенд се реализираше низ државата, учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Царев Двор се приклучија во акциите за почиста Преспа!

🌍🌱💚Преку практични активности, еко-акции и интересни експерименти, учениците учеа како отпадот влијае врз животната средина, колку време е потребно за негово разградување и зошто секој мал чекор е важен за зачувување на природата. Во рамки на активностите, тие чистеа во и околу училишниот двор и засадија дрвја и растенија.

Кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста животна средина“ продолжува и во другите населени места во Преспа, со цел преку едукација и заеднички акции да поттикне поголема грижа за природата и почиста животна средина за сите.
Погледнете повеќе за активностите што се спроведоа како дел од акцијата „Генералка викенд“.
#ГенералкаВикенд #ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ЕУзаПреспа #ЕУсоТебе #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД
Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies
EKO Gerila Prespa
Македонско еколошко друштво
Delegation of the European Union to North Macedonia
Општина Ресен
ЈКП Пролетер - Ресен / JKP Proleter - Resen

🌿Во Преспанскиот регион, природата е дел од секојдневниот живот, но токму таа најмногу ги чувствува последиците од несов...
12/05/2026

🌿Во Преспанскиот регион, природата е дел од секојдневниот живот, но токму таа најмногу ги чувствува последиците од несовесното управување со отпадот. Дивите депонии, пластиката и отпадот од земјоделското производство оставаат траги врз еден од највредните природни региони во земјата.

♻️Но, има и луѓе што не поминуваат рамнодушно покрај проблемот.

🧑‍🌾🌱Дејан Јосифовски, љубител на природата и ентузијаст за нејзино зачувување, од отпад создава фигури со силна порака дека она што го фрламе не исчезнува, туку останува како дел од природата околу нас.

💚Неговата приказна покажува дека промените започнуваат од поединецот, но можат да инспирираат и многу поширока акција за почиста и поздрава Преспа.

Со оваа сторија Нова Македонија ја поддржува кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион #ПреспаРазбудиСе, што ја спроведува @Институт за комуникациски студии Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies во соработка со EKO Gerila Prespa и Македонско еколошко друштво, поддржана од Delegation of the European Union to North Macedonia.

#ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД #ЕУсоТебе #ЕУзаПреспа

Во Преспанскиот регион, природата е дел од секојдневието, но и прва ја чувствува последицата од несовесното однесување кон отпадот. Дивите депонии, пластиката, орг....

🌿 Подобреното управување со отпадот почнува со знаење, разговор и мали промени во секојдневните навики.♻️ На априлските ...
09/05/2026

🌿 Подобреното управување со отпадот почнува со знаење, разговор и мали промени во секојдневните навики.
♻️ На априлските работилници во Преспа, околу 100 граѓани разговараа за селекција на отпад, компостирање, органски отпад и практични решенија што можат да се применат во домаќинствата, училиштата и локалната заедница.
🍃 Наместо проблем, отпадот може да стане ресурс – ако правилно го одвојуваме, намалуваме и повторно го користиме.
👉Прочитајте повеќе: https://presparazbudise.mk/shto-e-novo/okolu-100-gragani-uchestvuvaa-na-aprilskite-rabotilnici-za-podobro-upravuvane-so-otpadot-vo-prespa/
#ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД #ЕУсоТебе #ЕУзаПреспа
Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies
EKO Gerila Prespa
Македонско еколошко друштво
Delegation of the European Union to North Macedonia
Општина Ресен
ЈКП Пролетер - Ресен / JKP Proleter - Resen

Околу 100 земјоделци, фармери и жители од Преспанскиот регион учествуваа на четирите априлски работилници посветени на одржливо управување со отпадот, организиран....

08/05/2026

🌿 Сите имаме улога во грижата за Преспа.
♻️ Проблемите со отпадот и загадувањето не се изолирани – природата е поврзана, а последиците нè засегаат сите.
💚 Затоа, важно е да бидеме информирани, едуцирани и подготвени да помогнеме кога можеме.
Преспа е заедничка одговорност.
#ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД #ЕУсоТебе #ЕУзаПреспа

🌱 Во Преспа се случува тивка, но важна промена – органскиот отпад сè почесто станува ресурс, а не проблем.🍎 Наместо гран...
06/05/2026

🌱 Во Преспа се случува тивка, но важна промена – органскиот отпад сè почесто станува ресурс, а не проблем.
🍎 Наместо гранките од кастрењето, скапаните јаболка и другиот био-отпад да завршуваат на диви депонии или да се палат, дел од преспанските земјоделци ги претвораат во компост и природно ѓубриво.
🌿 Овие добри практики покажуваат дека со повеќе знаење, грижа за почвата и помала зависност од хемикалии, може да се произведува поодржливо и да се заштити Преспанското Езеро.
♻️ Од отпад до „црно злато“ за почвата – ова е патот кон почиста Преспа и поздраво земјоделство.

Со оваа сторија @Телевизија 24 jа поддржува кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион #ПреспаРазбудиСе, што ја спроведува Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication во соработка со EKO Gerila Prespa и Македонско еколошко друштво, поддржана од Delegation of the European Union to North Macedonia.
#ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД #ЕУсоТебе #ЕУзаПреспа

Ресен и Преспа се синоним за македонското јаболко. Но, зад црвенилото на плодовите со децении се крие тивок непријател – прекумерната употреба на пестициди која го...

🍃 Од органски отпад до здрава почва и повкусен род!👨‍🌾 Земјоделецот Игор Фузевски од Ресен веќе десет години го користи ...
04/05/2026

🍃 Од органски отпад до здрава почва и повкусен род!
👨‍🌾 Земјоделецот Игор Фузевски од Ресен веќе десет години го користи органскиот отпад од своето производство за компост, наместо тој да завршува на депонии.
🌱 Со компостирање на остатоци од јаболка, компири, гранки, трева и друг био-отпад, тој создава природно ѓубриво што повторно се враќа во земјата.
🍓 „Откако почнавме со компостирање, родот е подобар, малините и компирите се многу повкусни“, вели Фузевски.
♻️ Неговата приказна покажува дека отпадот може да стане ресурс, а компостирањето е практичен начин да се заштити природата, да се намалат трошоците и да се подобри квалитетот на производството.

Со оваа сторија Sakam Da Kazam jа поддржува кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион #ПреспаРазбудиСе, што ја спроведува @Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies во соработка со EKO Gerila Prespa и Македонско еколошко друштво, поддржана од of the European Union in North Macedonia.
#ПреспаРазбудиСе #Кампања #Отпад #ИКС #ЕкоГерилаПреспа #МЕД #ЕУсоТебе #ЕУзаПреспа

Семејството Фузевски на нивната нива во Ресен каде одгледуваат малини и компири, десет години користат компост кои сами го прават […]

Address

Јуриј Гагарин 17-1/1
Skopje
1020

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Преспа? Разбуди се за чиста средина posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Преспа? Разбуди се за чиста средина:

Share