24/11/2025
Состанок со СЕКТОРСКАТА РАБОТНА ГРУПА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, на кој присуствуваа сите клучни институции и меѓународни партнери
Моите предлози од овој состанок, за активности во следниот период, се:
1. Да се обезбедат средства за изградба на објект од базна енергетика. Во Националниот план за енергија и клима – нема такви информации за периодот до 2030 година.
Приватните инвестиции не обезбедуваат ЕНЕРГЕТСКИ СУВЕРЕНИТЕТ, ниту безбедно/сигурно снабдување со енергија
2. Да се интензифицира работата врз откривката на јаловината во Суводол, каде што се дефинирани слоеви на јаглен за повеќегодишна работа на РЕК Битола.
3. Да се внесе во Законот за обновливи извори делот кој се однесува на сегментот „делење на енергија“ (energy shearing) DIRECTIVE (EU) 2024-1711.
4. Да се прифати Јавно Приватно Партнерство 50:50 % меѓу ЕСМ и граѓаните активни потрошувачи (просјумери). ЈПП е препорачано како мерка и од Енергетската заедница.
Капиталот на ЕСМ привлекува приватен капитал - двојна придобивка за енергетскиот сектор, помал увоз на скапа енергија.