Eko-svest

Eko-svest Environmental Research and Information Center Eko-svest goals are to increase public awareness

На овогодишното издание на Flipbook Film Festival, Еко-свест ја додели традиционалната награда за филм со најдобра еколо...
13/08/2026

На овогодишното издание на Flipbook Film Festival, Еко-свест ја додели традиционалната награда за филм со најдобра еколошка порака на хрватскиот филм „Последната сламка“ (“The Last Straw“) на Доротеа Радушиќ и Мислав Ротим.
Оваа година, преку заедничката едукативна програма за деца и млади во соработка со Flipbook и Арт Лајф, младите креативци имаа можност да создадат сопствени анимации. Овие прекрасни детски трудови беа претставени во рамки на новата детска програма „Бумбар“ ("Boombar")!
Огромни честитки до тимот на Flipbook Film Festival за официјалното започнување на детската програма на фестивалот — значаен чекор кон градење нови генерации љубители на анимацијата и еколошки свесни граѓани.
Честитки и до сите автори и млади учесници кои преку своите приказни ни покажаа дека иднината на нашата планета е во сигурни и креативни раце!

10/08/2026

🌿Дали знаеш што се случува во твојата околина?

‼️Проектите за изградба на гасовод честопати носат промени кои директно го засегаат животот на локалните жители. За жал, луѓето на терен не секогаш се целосно информирани за последиците кои ги носат овие зафати.

🔴Не дозволувај неинформираноста да резултира со нарушување на природата и квалитетот на твојот живот.

📣Доколку приметиш еколошка неправда во оваа насока консултирај се на Зелен телефон 071 600 333.
#екосвест #природа #зелентелефон

Дали сонувате за Македонија со чист воздух, бистри реки и густи, заштитени шуми? Ова не е само сон - ова е нашата мисија...
31/07/2026

Дали сонувате за Македонија со чист воздух, бистри реки и густи, заштитени шуми? Ова не е само сон - ова е нашата мисија.

Од 2002 година, Еко-свест е водечкиот глас за заштита на животната средина. Но, за вистинска и долготрајна промена – ни требаш и ТИ.

Се бориме за спас на реките и планините, за енергетска транзиција од јаглен кон сонце и ветер, и за еколошка правда во секој град и село. Ние ја премостуваме празнината помеѓу науката и активизмот.

Од заштита на Вевчанските извори, до создавање зелени коридори на Јабланица и едукација на млади ренџери – ние градиме иднина каде човекот и природата живеат во хармонија.

Природата нема свој глас, но нè има нас. Твојата поддршка гарантира дека таа нема да биде жртва на туѓи интереси.

Стани дел од промената. Регистрирај се на https://ekosvest.com.mk/clenstvo/ и биди поддржувач.

Заедно сме посилни!

31/07/2026
28/07/2026

Демир Капија е чекор поблиску до статус: Споменик на природата! 🌿🏔️
Советот на Општина Демир Капија ја прифати Студијата за валоризација! Ова значи директна заштита за:
✨ Впечатливите варовнички карпи и карстни појави
✨ Биолошките специфики на реките
✨ Дел од Вардар за првпат во историјата! 💧
По 4 години заедничка работа на Еко-свест, Општината, заедницата, експертите и бројни уметнички и едукативни колективи, оваа визија станува реалност. 🙌
Искрена благодарност до нашите партнери: The Nature Conservancy, Hans Wilsdorf Foundation и Кралството Шведска за поддршката. 🤝

🚀 Следни чекори: Изготвување Закон за прогласување и План за управување. Одиме понатаму! 💪

#ЕкоСвест #ДемирКапија #СпоменикНаПриродата #Природа #Вардар ЗаштитениПодрачја NatureProtection природатаеприоритет

🌿 Голем чекор поблиску до заштита на Демир Капија! 💚Денес, на меѓународниот ден на заштитата на природата информираме за...
28/07/2026

🌿 Голем чекор поблиску до заштита на Демир Капија! 💚

Денес, на меѓународниот ден на заштитата на природата информираме за големиот напредок во напорите за проширување на мрежата на заштитени подрачја во нашата земја!

На 27 јули, Советот на Општина Демир Капија официјално ја прифати Студијата за валоризација — важен чекор кон прогласување на идното заштитено подрачје во категорија III (Споменик на природата)! 🏔️💧

Ова подрачје ги опфаќа впечатливите варовнички клифови, карстни појави и специфичните екосистеми околу Демиркаписката Клисура, а за првпат ќе овозможи заштита и на дел од реката Вардар. 🌊

👉 Како стигнавме до овде?
Зад ова стојат 4 години посветена работа. Еко-свест, заедно со локалната заедница, Општината, експертите, уметнички и едукативни колективи, како и регионалната иницијатива интензивно работеше на терен, изготвувајќи извештаи и реализирајќи едукативни активности.

👏 Огромна благодарност до Општина Демир Капија, Министерството за животна средина и сите наши партнери кои несебично го поддржуваат овој процес: The Nature Conservancy, Hans Wilsdorf Foundation и Кралството на Шведска.

🎯 Што следи?
Изготвување на Закон за прогласување и План за управување. Преку нашата нова канцеларија во Демир Капија, Еко-свест продолжува рака за рака со заедницата кон зачувување на нашите природни богатства! 📍✨

Општина Демир Капија Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PHThe Nature ConservancyEmbassy of Sweden in Skopje

#ЕкоСвест #ДемирКапија #СпоменикНаПриродата #Природа #Вардар #ЗаштитениПодрачја #природатаеприоритет

Зошто сè почесто се соочуваме со вакви екстремни појави насред лето?🌡️ Повеќе топлина = повеќе енергија: Потоплиот возду...
24/07/2026

Зошто сè почесто се соочуваме со вакви екстремни појави насред лето?
🌡️ Повеќе топлина = повеќе енергија: Потоплиот воздух содржи повеќе влага (дури +7% за секој 1°C затоплување), што создава „гориво“ за разорни бури.
⚠️ Временски екстреми: Пеколните суши сè почесто се прекинуваат со ненадејни и моќни невремиња.
📍 Балканот е жариште: Нашиот регион се загрева побрзо од глобалниот просек!
Климатските промени се тука, а нам ни се потребни поотпорни градови:
🔹 Подобра инфраструктура и подобро градежништво
🔹 Редовно одржување и подмладување на зеленилото 🌳
🔹 Навремени предупредувања за граѓаните и брза реакција на сите служби 🚨
Не можеме да го смениме времето, но МОРАМЕ да се прилагодиме! 🌍

Прочитај го нашиот блог на www.ekosvest.com.mk

💭 Што мислите вие, колку се нашите градови подготвени за следниот ваков „удар“? Пишете ни во коментар! 👇
#Скопје #КлиматскиПромени #Екологија #Невреме #ЕкстремниВременскиУслови

РАДОВИШ: Рудникот „Бучим“- Вода за земјоделство или за рудник? Додека зборуваме за рударството како индустриска гранка, ...
24/07/2026

РАДОВИШ: Рудникот „Бучим“- Вода за земјоделство или за рудник?

Додека зборуваме за рударството како индустриска гранка, често забораваме на она што останува зад него. Рудникот „Бучим“ во Радовиш е активен уште од 1979 година, а со тоа неговото влијание врз природата е огромно.

Што треба да знаеме?

- Рудникот е од отворен коп работи со децении , а процесот на екстракција на бакар создава огромни количини јаловина (руднички отпад).

- 4 милиони тони е количеството на флотациски отпад што се создава секоја година. Ако ја претвориме површината на рудникот во стандардни фудбалски терени (кои во просек зафаќаат околу 0.7 хектари), целиот комплекс се протега на простор од приближно 1.000 фудбалски игралишта.

- Сиот овој отпад се депонира во јаловиште изградено веднаш над браната на Тополничка Река.

Ваквите депонии на јаловина се постојан ризик за:

‼️Загадување и користење на водите: Опасност од истекување и загадување на подземните и површинските води (особено на Тополничка Река). Езерото Мантово, кое примарно било замислено за наводнување на земјоделско земјиште сега се користи исклучиво за потребите на рудникот.

‼️Загадување на воздухот: Прашината од сувите делови на јаловиштето може лесно да се рашири при силен ветер.

‼️Стабилноста: Браните на јаловиштата бараат постојан и најстрог надзор за да се спречат катастрофи.

Рудникот Бучим има вложено напори за подобрување на состојбите и заштита на средината, како и намалување на загадувачките материи. Се практикуваат мерки за искористување на ресурсите и од отпадните води, што е позитивен пример во нашата земја.

Од овој пример е евидентно дека долгорочната експлоатација на ресурсите, особено во случајот со рудниците за бакар и злато мора да е придружено со примена на најстроги мерки за заштита. Дополнително, поради разорното дејство на ваквите активности, рудниците не треба континуирано да ги прошируваат своите територии, туку да најдат начин како оптимално ќе работат без да го зголемат негативното влијание врз природата. Ова значи силна посветеност на циркуларната економија и реупотреба на ресурсите наместо постојана потрага по нови извори на руда.

#Радовиш #Бучим #Македонија #ЗаштитаНаПриродата #Јаловиште

📢Информација до граѓанитеМинистерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 6 од Зако...
21/07/2026

📢Информација до граѓаните

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 6 од Законот за животна средина, ја известува заинтересираната јавност дека Јавнатa расправa по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на брза железничка пруга долж Коридор 10“ ќе се одржи на:

-4 август 2026 година (Вторник), во Електронска сала на општина Велес со почеток во 11.00 часот.

-5 август 2026 година (Среда), во салата на Советот на Град Скопје, барака 13 со почеток во 11.00 часот.

-6 август 2026 година (Четврток), во салата на Дом на култура „Мирка Гинова “во општина Демир Капија со почеток во 12.00 часот.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање https://www.moepp.gov.mk/mk-MK/uslugi/studii-za-ovzs и во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Истата е достапна за увид до 13.08.2026 година.
Повеќе информации за јавната расправа може да најдете на линкот подолу:
https://www.moepp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/javna-rasprava-po-studija-za-ovzs-izgradba-na-brza-zeleznicka-pruga-dolz-koridor-10

Известувања за намера, студии, записници, влијанија, решенија и заклучоци Студии за оценка на влијанието врз животната средина Услуги Министерство за животна сред....

Address

Kiro Krstevski Platnik 6/1
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:30
Tuesday 09:00 - 16:30
Wednesday 09:00 - 16:30
Thursday 09:00 - 16:30
Friday 09:00 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Eko-svest posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share