28/05/2026
📢 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТИ/ТРЕНЕРИ
Здружението Отворена порта / Ла Страда објавува повик за ангажирање на експерти/тренери за јакнење на капацитетите и локалната координација на Локалните совети за превенција, во рамки на проектот „Од рехабилитација до отпорност: Патот напред“.
🔹 Се бараат лица со искуство во:
• превенција и спречување на насилен екстремизам (П/СНЕ)
• локална безбедност и социјална кохезија
• работа со млади и семејства во ризик
• онлајн радикализација, сајбер безбедност и дигитално насилство
• фасилитација на обуки и мултисекторска соработка
🔹 Ангажманот опфаќа:
• подготовка и спроведување на тематски работилници
• фасилитација на локални состаноци и иницијативи
• практична работа со случаи, групни вежби и дискусии
• поддршка на локални координатори за П/СНЕ
• подготовка на извештаи и евалуација на активности
📍 Активностите ќе се реализираат главно во општините Сарај, Гази Баба и Бутел.
📅 Период на ангажман: јуни 2026 – мај 2027
📩 Рок за аплицирање: 5 јуни 2026
Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија (CV) на:
📧 [email protected]
Со назнака:
„Апликација за експерти/тренери – Локални совети за превенција“
Повеќе информации за условите, задачите и потребните квалификации се достапни на следниот линк: