I love hiking - group Macedonia

I love hiking - group Macedonia A group of mountain association founded in 2012, was established in order to mountain fellowship, promotion and raising awareness about nature and health.

Founded
7 June 2012

Еден од поголемите македонски брендови на планинарење низ планините околу Катланово, Кожле и Карабуниште.  Еден бренд на...
10/06/2026

Еден од поголемите македонски брендови на планинарење низ планините околу Катланово, Кожле и Карабуниште. Еден бренд наречен Пивара Скопје / Pivara Skopje се грижи за вработени на многу можни начини а ние го разбираме само овој здравиот, спортскиот дух и дружењето во природа каде секој што е дојден е природен човек и без својство на менаџер или транспоретер тука е комплетно предаден на дружбата и себе запознавањето преку природата. Спортот е најголем амбасадор на народите низ планетата, а кај нас е амбасадор на модерниот начин на живот и здравиот дух кој го носи здравото тело по висините и убавините на Македонија.
Прекрасен сончев ден поминат на падините помеѓу реките Вардар и Пчиња, висечките мостови мислиш во Непал си и манастирите кои се одлика на нашата земја. Друштвото подмладено со многу нови ликови кои сакаат да другаруваат на убави места заедно со своите колеги.
После долги 4 години, научивме по нешто за нас за убавините на природата, за другарувањето кое продолжува и за тоа колку е потребно да сме активни.
До следна дружба!

Да бевме во можност во неделата ќе ја земевме цела Македонија на Лешница. Според бројот на водичи успеавме да ја укочиме...
09/06/2026

Да бевме во можност во неделата ќе ја земевме цела Македонија на Лешница. Според бројот на водичи успеавме да ја укочиме бројката на 180+ луѓе со сопствен и наш превоз. Ова е Vol.1 ќе има и Vol.2 на 12 Јули за сите тие што ги оставивме дома да чекаат и да не послушаат за гужвата овој пат.
Желбата кај некој беше голема за ова место, да дојдат и да си го остварат сонот дека сакаат да видат што крие нашата мајка тука во овој смарагд наречен Лешница. Имаме Горна, Долна, Кади, Водопад, планински ливади, карпи прогласени за национално богатство стари по неколку милениума итн. Зависи за што си дојден, а секако тоа не е да бидеш виден. Тука не се гледа, тука се ужива, а ако имаш вистински партнер покрај себе, можеш комотно да олАбавиш и да се препуштиш на автопилот без да трошиш него да апсорбираш енергија. ВАшиот партнер овој пат беа нашите водичи, тазе спремни за првиот подвиг во нивните кариери. Доста нови водичи, потковани за да можат да се справат со секаква ситуација.
Не можеме да го опишеме местото со зборови, нека тоа проба некој усно да го направи кога ќе раскажува за ова место, нека биде нашиот апостол и нека донесе уште нови луѓе кои би можеле следен викенд да се качат до Корапски Водопад, уште еден скриеан дијамант!

Трета тура во еден ист викенд, ден. Клубот се подели на Албанија, Црна Гора и неможеме а да не отидеме на традиционално ...
05/06/2026

Трета тура во еден ист викенд, ден. Клубот се подели на Албанија, Црна Гора и неможеме а да не отидеме на традиционално искачување кое е децениско на Титов врв. Маршалот секогаш горе не дочекува во убави раскошни прегратки проткаени со мистики на облаците, времето далеку постудено од градот, повеќе кислород и што е најважно од се, убава мека патека води до него.
Љуботенци се погрижиле како и секогаш тоа да биде професионално како Лидери во планина, за да зрачи самото искачување. Целиот риск менаџмент изработен како што е во литературата и згора на тоа, даваат и придонес во македонското планинарство како тоа се носи на ниво па да не претераме ама може и над Европа.
Овие дружење што ги имаме ние, горе се комерцијализирани и повеќе не постојат како што постојат тука, скоро и без пари.
Нашето е да бидеме сведоци на ова време и тоа и го правиме, да бидеме неми партнери на Маршалот, на сите наши ѕверови горе кои не чуваат од сите невремиња и да им бидеме благодарни што се тука за нас и не мора да патуваме со денови за да дојдеме до нив!

Од таа страна на “границата”,не знаеме што имаме, и сето тоа е наше катче на уживателите во природа. Самиот поим граница...
04/06/2026

Од таа страна на “границата”,не знаеме што имаме, и сето тоа е наше катче на уживателите во природа. Самиот поим граница е во нашата глава, мајката тоа не го признава. Тие убавини таму се на сите кои знаат да ги уживаат а такви има се повеќе и повеќе. Една група поделена на две искачувања отиде да ги апсорбира сите убавини кои беа на танца овој викенд. Преубави врвови, чисти и бистри реки и прекрасни водопади. За прв пат беше качен врвот Маја Харапит и пак без главниот водич Славко кој губи со 3:0.
Ехтра тешко врвче кога е заснежено со снежни јазици, и карпи како и целото Проклетије. Преубави глетки на долината на Тетх, Црна Гора и Албанија. Другата екипа малку по ленсниот премин кон Валбона и уживанцијата во тешката дабова шума која е измислена за глобалното затоплување.
За крај секако оставено Плавото Око како неизбрусен дијамант на Тетх, со нестварните бои кои ги фаќа окото. Сликите се закон, но замислете само како е во живо! Тој дијамант посакуваме да остане така, да не се направи пат како кај нас за Лешница и да посака некој да присвој дека сепак е дијамант! Без разлика во каква состојба се наоѓа!
Една од подобрите тури во месец мај! Нормално после Комови :)

Сведоци на една убавина која зрачеше со карпи, снег, бусени трева, зимзелени дрвјва и многу стрмнина, не далеку од нас, ...
02/06/2026

Сведоци на една убавина која зрачеше со карпи, снег, бусени трева, зимзелени дрвјва и многу стрмнина, не далеку од нас, на само 300км од Скопје. Тука почнува нашиот продолжен викенд, не долу на границата со чекање од 4-5часа, него горе со ладовините на планината и дишењето со полни плуќа на врвовите на Комови.
Кога долго време ќе ја имаш убавината во очи забораваш дека постои и дека некогаш таа те пленела со сета нејзина сила и моќ која ја поседува. И кога ќе ги заборавиш тие атрибути на таа убавина потоа можеш само да ја видиш во искрите во очите на друите кои ја гледаат таа сила и можеш повторно и повторно да се воодушевуваш на убавините кои ги носи и несебично дава ...
Очите се најискрен показател на душата и на се што и лежи на неа.
Комови со три врва, Васојевички, Кучки и Љеворечки остана недокачен поради изобилството на снег. Последниот врв ни се потна така за да не довлечка пак кај добриот домаќин Микша.
Убава домашна храна стокмена од рурални места, само за нас упорните трагачи на убавини.
Јадевме, се дружевме, малку качувавме и најважно од се семеевме на сите битни и небитни нешто, затоа што тука таква е енергијата, плени и не остава да си рамнодушен!

Кандидат за Претседател на Федерација за Планинарство на Р. Македонија- Дејан Доневски. Завршено образование, Машински Ф...
28/05/2026

Кандидат за Претседател на Федерација за Планинарство на Р. Македонија- Дејан Доневски.

Завршено образование, Машински Факултет- Скопје, насока Индустриски Дизјан

Во тек: Постдипломски студии во Гоце Делчев во Штип – насока Меѓународен Туризам

Лиценциран водич по UIMLA стандарди- Лидери во планина
Лиценциран водич по UIAA стандарди – при ФПСМ
Лиценциран маркацист- при ФПСМ

Водич на експедиции ширум Европа и Азија, Ленин Пик, Елбурс, Казбег, Монт Блан итн.

Посетеност на многу планински масиви ширум Европа, од Татри преку Карпати се до Јулски Алпи, Доломити и Алпи долж Италија и Франција.

Огранизатор на најмасовните акции во Македонија.
- Традиционално искачување на Кораб за осамостојување на Македонија
- Традиционално искачување на Љуботен по повод ослободување на Скопје

Креатор на најмасовниот настан на Водно – Почни Со Водно!

Претседател на најмасовниот клуб во Македонија - ПК Ај Лав Хајкинг Груп Маседониа

Организатор на тим билдинзи на најголемите македонски брендови.

Повеќе од 15год во организација на настани и помош во федерацијата.

Проектен координатор на проект од општина Гази Баба за изградба на 5 нови и постоечки патеки на Скопска Црна Гора - “Патеки за Сите” 2022-2024год

Работи за планината и од таму го вади парчето леб, од планината. Во недели е секој пат на терен и нема друго хоби во неделите освен планината. Работи како Амбасадор на планините во Македонија и им ја претставува на сите клиенти кои доаѓаат на тури, а не живеат во Р.М.

Од спорт се занимава со: Качување карпи, пливање, возење МТБ, треил трчање и теретана.

Фронтмен на организацијата “Спас за Лешница”, каде се бореше за прекин на изградба на мали хидро централи!

Oдлично познава Англиски, Словенски јазици, Албански, а течно говори Англиски јазик.

Семеен човек.

Не секогаш имаме зборови за да ја искажеме нашата страст или чувство кое се изразило во моментот кога е пуштено на најја...
27/05/2026

Не секогаш имаме зборови за да ја искажеме нашата страст или чувство кое се изразило во моментот кога е пуштено на најјако! Е тука беше пуштено на најјако а моментот е што тоа ни го прави планината преку нејзината енергија, која е чиста и ние како сродни души со ист хемиски елемент ја дожуваваме најсвојствено. Ќе се зголеми хормонот на среќа, ќе падат други вредности кои ни се изразени долу во градот. Ќе скокне окото ќе заигра ќе донесе убавини што тој цирк низ децении тука седи и дава енергија на сите поколенија што доаѓаат да имаат поголема свест и да знаат да го искористат тоа древно убаво место.
Тука енергијата плива, мириса, има боја, тука местото свети и има сенка, тука насмевката неможеш да ја симнеш од лицето и да не пробаш барем малку да ги затвориш очите и да отидеш подалеки од себе. Неможе да не пробаш. Зашто си препуштен сам на себе во чиста убавина, со примеси на сите можни браќа и сестри на мајката, заедно во една крошна, а тоа, е тоа дава многу полнење на чисто....
И како да не качуваш убави места, како доле градот да те задржи за да речеш, е тука сум бил веќе еднаш?! Не, разбираме...
Затоа и талкаме, бараме места за полење, бараме окото да заигра. Секој сопатник е свртен кон своето полнење и секој ја бара таа мала искра на подигање на свеста за тоа малку тонење подалеку од себе.
Црно езеро...

За жал временската прогноза не беше на наша страна, сите клубови почнаа да ги откажуваат акциите, но за среќа ние имаме ...
20/05/2026

За жал временската прогноза не беше на наша страна, сите клубови почнаа да ги откажуваат акциите, но за среќа ние имаме експрети во клубот кои добро ја владеат времеската прогноза и овој пат увидоа доста добар прозор за уживање на најубавиот воден тек на Шара.

Предскажаното се оствари, дојдоа многу следбеници, кои сакаа а и знаеа дека супер ќе си поминат.

Стартувавме со вода, со натопени стапала. Ова во градот долу да каже некој нешто ваква лудорија, сите ќе му се смееме. А тука не еднаш него некои и по 3 пати влегоа во студената грч вода во утрото и после пладне. Камен, болка, сечење, леле, извици и пак сите во водата до колена. Оваа година и те како има вода. Ама тука е фора што сите знаат дека се близу мајката и дека се што се прави не е лудост, па дури и боси да се прооди ладната река. Зашто е тоа така? Зашто сите знаат, кога на некој ова му е прва ваква лудорија? Ги повелкува рајата или едноставно имаат меморија од предходно (deep) за да можат без ниту еден изговор ова да го поминат, глатко!

Уживавме горе, малку стрмно и тука е езерто со сите негови цвеќиња и животниски свет. Дојодвме да бидеме сведоци на снегот, маглата, ветерот во Мај. Убавините на малкуто сонце кое знаевме да го цениме во денот. Го снема, се собравме и си отидовме. Без тој адут не седиме и лежиме на ветерот и студот.
Дождот дојде да не избрка, и одеше се по нас до селото. Не пратеше безбедно за да ја напуштиме Шара баш за време на ручек и во договор не чека и следна недела да види што ќе направиме!

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 19:00
Tuesday 08:00 - 19:00
Wednesday 08:00 - 19:00
Thursday 08:00 - 19:00
Friday 08:00 - 19:00
Saturday 08:00 - 19:00
Sunday 00:00 - 00:00

Telephone

+389 71212808

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when I love hiking - group Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to I love hiking - group Macedonia:

Share