Факултетско Студентско Собрание на Правен Факултет

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Факултетско Студентско Собрание на Правен Факултет

Факултетско Студентско Собрание на Правен Факултет Факултетското студентско собрание е претставничко тело на студентите на Правниот факултет “Јустинијан

ИЗБОРЕН ИНТЕГРИТЕТ И ДИГИТАЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ КОГА И КАДЕ? Датум: 9-ти јуни 2026 годинаЛокација: Правен факултет, Медиумск...
27/05/2026

ИЗБОРЕН ИНТЕГРИТЕТ И ДИГИТАЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

КОГА И КАДЕ?

Датум: 9-ти јуни 2026 година
Локација: Правен факултет, Медиумско-иновативен центар (МИЦ)
Почеток во 10:30 часот

Интерактивна дебата со еден од водечките меѓународни експерти за дигитални кампањи и политички пари, политичко информирање, улогата на политичкото инфлуенсерство и како да ја препознаеме изборната корупција?

Можете да се пријавите на овој линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdnX2uFM8IoAzxaEI5IbY0vFWxSxShMIjIEK6RogfdODV8llw/viewform

ГОСТИН ПРЕДАВАЧ

Д-р Магнус Оман
Директор на Регионалната канцеларија на ИФЕС во Европа и виш советник за политичко финансирање
Експерт со повеќе од три децении меѓународно искуство во над 40 земји, посветен на спречување на политичката корупција, злоупотребата на државните ресурси и заштитата на интегритетот на изборните процеси во дигиталната ера.

ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАШ?

Биди во тек со глобалните трендови и дознај како дигиталните технологии, социјалните мрежи и скриеното финансирање ги обликуваат модерните изборни кампањи.
Учи од најдобрите и искористи ја ретката можност за директна дебата и прашања со врвен меѓународен експерт.
Надгради го твоето CV бидејќи секој студент кој ќе земе активно учество на настанот ќе добие официјален сертификат, кој ќе биде одличен додаток на портфолиото за понатамошни кариерни и академски можности.

Дали сте подготвени да влезете во улогата на дипломат? 🌍✨Апликациите за SIMUN 2026 (15 -17 јуни 2026) се отворени! 🎉Ова ...
26/05/2026

Дали сте подготвени да влезете во улогата на дипломат? 🌍✨
Апликациите за SIMUN 2026 (15 -17 јуни 2026) се отворени! 🎉
Ова е одлична можност да бидеш дел од симулација на Обединетите Нации, да стекнеш нови искуства, да ги усовршиш своите вештини за дебата и дипломатија и истовремено да го збогатиш своето CV.
Оваа година ќе имаме три комитети:
• World Health Organization (WHO)
Тема: Подобрување на глобалниот одговор на кризата со менталното здравје кај младите
• United Nations Development Programme (UNDP)
Тема: Имплементација на агендата Млади, мир и безбедност на национално и локално ниво
• United Nations Security Council (UNSC)
Тема: Справување со ескалацијата на тензиите во Ормутскиот Теснец - разгледување на регионалните тензии, поморската безбедност и меѓународните напори за спречување понатамошна ескалација на конфликтот.
Не ја пропуштај можноста да бидеш дел од SIMUN 2026 и да ја започнеш својата дипломатска приказна! 🌐
Линк за аплицирање:
https://forms.gle/Jqsopm9qcajCRAm8A
Апликациите се отворени до 1-ви Јуни.

Денес, 22.05.2026 година студентите на правниот факултет „Јустинијан Први”  остварија институционална посета и присуство...
22/05/2026

Денес, 22.05.2026 година студентите на правниот факултет „Јустинијан Први” остварија институционална посета и присуство на судење во Основниот кривичен суд Скопје во организација на Факултетското студентско собрание на факултетот.
Во рамки на посетата, студентите беа запознаени со организацијата и функционирањето на судот, работата на пробациската служба, како и со тековното постапување по предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата, при што присуствуваа и на судска расправа на случајот против струмичкиот бизнисмен Крмзов на кој со уште 6 лица му се товарат кривични дела Злосторничко здружување и Перење пари, како и дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело Даночна измама.

За време на средбата се разговараше и за предизвиците со кои се соочува судството при постапување по актуелни и предмети од висок јавен интерес, како и за влијанието на јавноста и медиумите врз текот на судските постапки и довербата во правосудниот систем.

Во насока на продлабочување на соработката меѓу судот и академската заедница, студентите беа поканети во текот на летниот период, помеѓу студентските сесии, да ја искористат можноста за практична настава и непосредно запознавање со работата на судот и судските служби.

📢 Почитувани студенти,Ве покануваме да се пријавите за институционална посета и присуство на судење во Основен кривичен ...
20/05/2026

📢 Почитувани студенти,

Ве покануваме да се пријавите за институционална посета и присуство на судење во Основен кривичен суд Скопје која ќе се одржи овој Петок 22.05.

Оваа посета претставува одлична можност за непосредно запознавање со функционирањето на судската постапка, следење на реално судење и стекнување практично искуство од областа на кривичното право. ⚖️

Бројот на места е ограничен, затоа пријавете се навреме!

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScxThZ2ObEo_kP_ggZF1Re2AthEwBeGwGuI6aC1G5XF2XBXvg/viewform?usp=sharing&ouid=106190783582082776475

Ве известуваме дека за заменик претседател на Факултетското студентско собрание е избран Огнен КипријановскиВеруваме дек...
20/05/2026

Ве известуваме дека за заменик претседател на Факултетското студентско собрание е избран Огнен Кипријановски

Веруваме дека со својата посветеност, одговорност и желба за работа ќе придонесе кон реализација на нови идеи, иницијативи и активности во интерес на сите студенти.

Со почит,
Факултетско студентско собрание-Правен факултет ,,Јустинијан Први’’

Ве потсетуваме дека рокот за пополнување на анкетата за самоевалуација е 26.05. Ве замолуваме анкетата да ја пополните н...
16/05/2026

Ве потсетуваме дека рокот за пополнување на анкетата за самоевалуација е 26.05. Ве замолуваме анкетата да ја пополните навремено и да одвоите неколку минути за внимателно и искрено да ги споделите вашите мислења и искуства.

Анкетата за самоевалуација претставува важен инструмент преку кој се добива увид во квалитетот на наставниот процес, начинот на предавање, комуникацијата и целокупната работа на професорите. Вашите одговори имаат големо значење, бидејќи придонесуваат кон подобрување на наставата, унапредување на образовниот процес и создавање поквалитетна средина за учење и развој. Преку вашите мислења и сугестии се препознаваат позитивните практики, но и областите во кои постои потреба од дополнително подобрување.

Пополнувањето на анкетата е можност активно да придонесете кон развојот и подобрувањето на наставниот процес, а вашето учество е од особена важност за добивање реална и објективна слика.

Анкетата е анонимна и ве охрабруваме да ја пополните најдоцна до 26.05.

Сакаш да работиш, учиш и креираш содржини со тимот на „Што го врти светот“? 🌍Сега е вистинското време за нов предизвик!В...
14/05/2026

Сакаш да работиш, учиш и креираш содржини со тимот на „Што го врти светот“? 🌍
Сега е вистинското време за нов предизвик!

Во потрага сме по 20 млади кои заедно со нас ќе креираат ЕУ содржини на теми поврзани со конкурентност и инклузивен раст како дел од проект поддржан од UNOPS.

Доколку сакаш да бидеш дел од европски проект, да стекнеш нови знаења, практично искуство и да учествуваш во процесот на создавање современи дигитални содржини - ова е можност за тебе.

Потребно образование и интереси:

✔️ Новинарство
✔️ Економија
✔️ Дигитални медиуми
✔️ Продукција / сценарио
✔️ ЕУ политики и општествени теми

Те очекуваат:

✔️ Искуство во истражување и креирање содржини
✔️ Нови познанства, тимска работа и дружење
✔️ Можност твоите идеи да станат вистински епизоди кои ќе се емитуваат на нашите канали.

👉 Пријави се на: https://form.jotform.com/261312455781355

*Финансирано од Шведска преку проектот „Поддршка за европска интеграција на С. Македонија“.

Правен факултет е вицешампион во женска одбојка во Универзитетската спортска лига на УКИМ! 🏐🥈Во финалниот натпревар прот...
13/05/2026

Правен факултет е вицешампион во женска одбојка во Универзитетската спортска лига на УКИМ! 🏐🥈

Во финалниот натпревар против Медицинскиот факултет, нашите одбојкарки прикажаа борбена, квалитетна и неизвесна игра, оставајќи срце на теренот до самиот крај. И покрај поразот со 0:2 во сетови, девојките достојно го претставија факултетот и покажаа огромна пожртвуваност, тимски дух и желба за успех.

Им честитаме на колешките од Медицинскиот факултет за добриот и фер натпревар и за освоеното прво место 🙌

За Правен факултет настапија: Евгенија Стојанова, Мила Гичева, Мелита Богатинова, Андријана Бучиноска, Анастасија Исијановска, Анастасија Панговска, Марија Даневска, Тијана Серафимовска, Данка Стојкова и од клупата ги предводеше и бодреше нашиот студент Климент Колоски.

Горди сме на нашите девојки и на овој голем успех! Се гледаме во следната академска година каде Правен во ждребувањето ќе биде носител во втората група ❤️

🌍 Повик за пријавување: Младинска работилница на УНОДЦ за климатски промени и корупција9–10 јуни 2026Канцеларијата на Об...
13/05/2026

🌍 Повик за пријавување: Младинска работилница на УНОДЦ за климатски промени и корупција
9–10 јуни 2026
Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), преку својата иницијатива GRACE и во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, ги поканува студентите во Скопје да учествуваат на уникатна дводневна интерактивна работилница што ќе се одржи на 9–10 јуни 2026 година и ќе ја истражува поврзаноста помеѓу климатските промени и корупцијата.
Преку иновативната и глобално призната методологија Climate Fresk, учесниците ќе учествуваат во заеднички, интерактивни активности со картички, осмислени за подобро разбирање на:
🌱 науката зад климатските промени;
🤝 начинот на кој корупцијата може да ги поткопа еколошките активности; и
💡 како младите можат да промовираат транспарентност, интегритет и отчетност во своите заедници.
Не е потребно претходно знаење - доволни се љубопитност, мотивација и подготвеност за активно учество.
📍 Формат: со физичко присуство
🗣 Јазик: англиски
📅 Времетраење: два целосни дена (9–10 јуни 2026)
🎓 Право на учество: отворено за студенти и млади заинтересирани за климатска акција, добро владеење, борба против корупција и општествени промени.
Учесниците кои активно ќе учествуваат во текот на работилницата ќе добијат Сертификат за учество од UNODC GRACE. За време на работилницата ќе бидат претставени и дополнителни можности за идно вклучување со UNODC. Кафе-паузите и ручекот ќе бидат обезбедени од страна на UNODC.
За пријавување, испратете е-пошта на [email protected] најдоцна до 20 мај 2026 година, со следните информации:
• име и презиме,
• факултет/универзитет,
• година на студии,
• контакт телефонски број и
• кратка мотивациска изјава (3–5 реченици) во која ќе објасните зошто сте заинтересирани за работилницата.
Ве молиме имајте предвид: Достапни се 25 места, кои ќе се пополнуваат по принципот „прв пријавен - прв услужен“.
Пријавете се сега и станете промотор на климатски интегритет во вашата заедница.

Ве покануваме да дојдете и да дадеме силна поддршка на нашите девојки во големото финале во одбојка 🏐⚖️ Правен факултет ...
12/05/2026

Ве покануваме да дојдете и да дадеме силна поддршка на нашите девојки во големото финале во одбојка 🏐
⚖️ Правен факултет vs 🩺 Медицински факултет

📅 Среда, 13.05.2026
🕓 16:00 часот
📍 Спортска сала „Македонски Херои“

Да ја наполниме салата со навивање, енергија и факултетски дух!
Вашата поддршка може да биде пресудна за победата 💪🔥

Се гледаме на трибините!

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Факултетско Студентско Собрание на Правен Факултет posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Факултетско Студентско Собрание на Правен Факултет:

Share