Konekt

Konekt Конект поттикнува промовирање на приватното донирање и општествената одговорност за одржлив развој

♻️ Хартија што живее повторноМИТ Груп од Куманово успешно ја претвора отпадната хартија и картон во нови производи, како...
16/07/2026

♻️ Хартија што живее повторно

МИТ Груп од Куманово успешно ја претвора отпадната хартија и картон во нови производи, како подлошки за јајца и индустриски пакувања, покажувајќи дека одржливото производство може да биде и економски и еколошки исплатливо.

Секој лист хартија добива втора шанса, а по употребата повторно може да биде рециклиран, создавајќи круг на одговорно користење на ресурсите и намалување на отпадот.

📖 Прочитај повеќе во Студијата на добри практики од локален бизнис сектор -https://konekt.org.mk/wp-content/uploads/2026/01/Konekt-Studija-na-dobri-praktiki-od-lokalen-biznis-sektor-Eko-dijalog-kon-EU-A5-30.12.2025-2-1.pdf

Студијата е изработена во рамки на проектот „Еко Дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“, ко-финансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондација за развој на локалната заедница - Штип(ФРЛЗ) во партнерство со здружението Конект и здружението „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје.“ AGORA

of the European Union to North Macedonia
#ЕУсоТЕБЕ

⚖️ Во судниците се носат одлуки што ги менуваат животите на луѓето, а токму затоа е важно таму да има и будно око. Повеќ...
15/07/2026

⚖️ Во судниците се носат одлуки што ги менуваат животите на луѓето, а токму затоа е важно таму да има и будно око.

Повеќе од 20 години, Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials) преку независни набљудувачи придонесува за потранспарентни, пофер и поодговорни судски постапки.

💙 Денес, поради недостаток на средства, нивниот мониторинг е значително намален. Да обезбедиме следење на уште 100 судски рочишта и да им помогнеме на граѓаните со разни судбини како жртви на семејно насилство, лица со попреченост, работници кои се соочуваат со судските лавиринти да не бидат сами.

🔗 Донирај преку платформата Оп-оп и поддржи фер делење правда 👉https://opop.mk/project-view/a8a22d0d-4a9c-4dfb-87a6-1c5ea3b4083e

Донирај за нов почеток за лицата со афазијаВо 🇲🇰 живеат 5.000 – 10.000 лица со афазија – состојба по мозочен удар во кој...
06/07/2026

Донирај за нов почеток за лицата со афазија

Во 🇲🇰 живеат 5.000 – 10.000 лица со афазија – состојба по мозочен удар во која умот сака да зборува, но зборовите тешко излегуваат.

ХОУП Здружение за помош и поддршка на лица со Афазија ја бара вашата поддршка за отворање на првиот специјализиран Центар за лица со афазија во земјава. 🧑‍🧑‍🧒‍🧒

Место каде пациентите ќе добијат медицинска грижа, логопедска и психосоцијална поддршка. Да создадеме простор каде што луѓето повторно ќе го пронајдат својот глас. 🗣️

Донирај за иницијативата на здружението ХОУП на платформата opop.mk 👉 https://opop.mk/project-view/7d400412-bf10-4893-aff1-e8742f82f801

Сподели ја кампањата и помогни да се отвори Центарот што менува животи. 💝

♻️ Текстилниот отпад не смее да завршува на депонии. За да се подобри управувањето со текстилниот отпад, националните ин...
04/07/2026

♻️ Текстилниот отпад не смее да завршува на депонии. За да се подобри управувањето со текстилниот отпад, националните институции во 🇲🇰 треба да преземат координирани, стратегиски и долгорочни мерки:

✅ Зајакнување на законската рамка и усогласување со ЕУ директиви

✅ Субвенции и даночни олеснувања за компании што инвестираат во рециклирање и кружна економија

✅ Развој на рециклажна инфраструктура и регионални центри

✅ Поддршка на младите и стартапи во циркуларната економија

🔗 Повеќе препораки за националните институции прочитајте во Анализата за состојбата со текстилниот отпад во 🇲🇰 развиена во рамки на ЕУ проектот „Еко дијалог кон ЕУ“ 👉https://agora.org.mk/wp-content/uploads/2025/12/Analiza-tekstilen-final-1.pdf

Информативната кампања „Еко еволуција: Од отпад до иднина“ се спроведува во рамки на проектот „Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики”, ко-финансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондација за развој на локалната заедница - Штип во партнерство со здружението Конект и здружението AGORA .

Delegation of the European Union to North Macedonia

#ЕУсоТЕБЕ

⚖️ Препораката 8 на Financial Action Task Force (FATF) е јасна: заштитата од злоупотреба на непрофитните организации мор...
03/07/2026

⚖️ Препораката 8 на Financial Action Task Force (FATF) е јасна: заштитата од злоупотреба на непрофитните организации мора да биде заснована на ризик и пропорционална, а не пречка за легитимната работа на граѓанските организации

👥 20 претставници од банките, Народна банка на РСМ, Управата за финансиско разузнавање и НПО на обука за новата FATF препорака 8 што се одржа на 30.06.2026 година во Скопје дискутираа за:
👉различното толкување на дефиницијата за НПО и потребата од јасни упатства,
👉ризиците од непотполна документација и готовински трансакции,
👉практики на избегнување на НПО од високо ризични земји,
👉потребата од подобра национална стратегија и посоодветни подзаконски акти

👥 Учесниците предложија конкретни решенија: подобра соработка меѓу регулаторот и банките, ознака за доверба за непрофитните организации, повеќе обуки и практични насоки за пристап заснован на ризик.

Правиме важен чекор напред кон финансиска инклузија на НПО и усогласеност со меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање тероризам. 🤝

Обуката за новата FATF препорака 8 се спроведе во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со YMCA.mk. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas.

📍Денеска одржавме онлајн обука со 9 лица - претставници на девет граѓански организации кои ќе бидат во првите редови на ...
02/07/2026

📍Денеска одржавме онлајн обука со 9 лица - претставници на девет граѓански организации кои ќе бидат во првите редови на следењето на тоа како општините и институциите се справуваат со текстилниот отпад.

Во следните 6 месеци тие ќе ги следат надлежните институции и ќе ги анализираат политиките за управување со отпад, а воедно ќе предлагаат конкретни подобрувања.
✅ Повеќе знаење
✅ Поголема отчетност
✅ Посилни зелени политики
Важни чекори кон поодржлива иднина! 🌱

Обуката се реализира како дел од проектот „Еко Дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“, ко-финансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондација за развој на локалната заедница - Штип во партнерство со здружението Konekt и нас - АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности-Скопје.

👥 18 претставници од банките во земјата, Народна банка на РСМ и Управата за финансиско разузнавање учествуваа на првата ...
22/06/2026

👥 18 претставници од банките во земјата, Народна банка на РСМ и Управата за финансиско разузнавање учествуваа на првата средба на меѓусекторската работна група банки, регулаторни институции и НПО што се одржа на 18.06.2026 година во „Јавна соба“ во Скопје.

🔹 Дискутиравме за идентификуваните предизвици на НПО во Северна Македонија - административни бариери, отворање проектни потсметки, впишување на вистински сопственик, донации и уплати од странство. Банкарскиот сектор ги претстави практичните аспекти од проценката на ризици на НПО за финансирање тероризам, но и предизвиците со проценката кај фондациите.

✨ Управата за финансиско разузнавање ја презентираше новата Национална стратегија за борба против ПП и ФТ 2026-2029 со која се јакнат капацитетите на националниот систем за владеење на правото и борба против организираниот криминал и коруција.

✅Најавивме практични работилници за FATF препорака 8, обуки за кадрите во банките за работа со ГО и следни чекори за јакнење на меѓусекторскиот дијалог на овие теми.

Средбата се организира во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со Младинска асоцијација ИМКА Битола YMCA.mk. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas.

ЕЛЕКТРО ШАРИ: Зелена енергија од органски нус-производи! 🚜⚡Првата биогасна електрана во 🇲🇰 има капацитет од 999 kWh и го...
11/06/2026

ЕЛЕКТРО ШАРИ: Зелена енергија од органски нус-производи! 🚜⚡

Првата биогасна електрана во 🇲🇰 има капацитет од 999 kWh и годишно прозиведува 8.760.000 kWh зелена енергија.

Органските нус-производи од фармите се претвораат во електрична и топлинска енергија, како и 8.000 тони органско ѓубриво ‘Naturpur’ создавајќи одржлив енергетски циклус.“

📖 Повеќе за добрата практика на Електрошари/ Везешари прочитајте во Студијата на добри практики од локален бизнис сектор -https://konekt.org.mk/wp-content/uploads/2026/01/Konekt-Studija-na-dobri-praktiki-od-lokalen-biznis-sektor-Eko-dijalog-kon-EU-A5-30.12.2025-2-1.pdf

Студијата е изработена во рамки на проектот „Еко Дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“, ко-финансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондација за развој на локалната заедница - Штип (ФРЛЗ) во партнерство со здружението Конект и здружението „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје.“ AGORA

Delegation of the European Union to North Macedonia
#ЕУсоТебе

✨ Филантропијата е моќна алатка кога ги здружуваме нашите донации.Поддржувачи и соработници на донаторскиот кружок, ви б...
07/06/2026

✨ Филантропијата е моќна алатка кога ги здружуваме нашите донации.

Поддржувачи и соработници на донаторскиот кружок, ви благодариме за вашиот придонес во подготовките и менторирањето на организациите, зошто токму вашата енергија и конструктивни насоки го прават кружокот посебен. 💕

🤝 Благодарност и до нашите волонтери, вашата максимална посветеност, време и ентузијазам беа клучни за успешна реализација на донаторскиот кружок. 🥰

Заедно покажавме дека секоја донација и сечиј придонес има сила да поттикне големи промени на подобро во нашите заедници! 🌍❤️

📸: Венко Шереметкоски

💚 Прегратка за компаниите што се во донаторскиот кружок🌟🙌  Telekom MK ЕВН Македонија  USJE AD Skopje, Лабораторија Дијаг...
06/06/2026

💚 Прегратка за компаниите што се во донаторскиот кружок🌟

🙌 Telekom MK ЕВН Македонија USJE AD Skopje, Лабораторија Дијагностика Фармахем, SIGAL Insurance Group - Macedonia Пивара Скопје / Pivara Skopje Chateau Sopot Makedonija Chateau Kamnik

Благодариме зашто:
👑Удвоивте донации и така секоја крената палка носеше донација со двојна вредност!
🥤Обезбедивте супер забава со услуги и ваши производи.
🐣 Помогнавте да стигнеме до нови донатори преку промоција и ваши контакти.
💟Со корпоративно волонтирање ваши вработени помогнаа за подготовките и организацијата на настанот.

Начините се различни, но вашата волја и отвореност прави кружокот да се шири и да прави големи добрини
🎉

Знаете ли компанија што би сакала да се вклучи?

Address

Risto Shiskov 12-1/4
Skopje
1103

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Konekt posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Konekt:

Shortcuts

Share