29/11/2024
📢Само 14% од младите во Општина Кичево го проверуваат изворот на вестите кои што ги читаат или слушаат, додека пак високи 46% воопшто не го прават тоа 📢
📢Од денес ја започнуваме промотивната онлајн кампања посветена на младите и медиумската писменост!
📢Само 14% од младите во Општина Кичево го проверуваат изворот на вестите кои што ги читаат или слушаат, додека пак високи 46% воопшто не го прават тоа
📢Ова е доволен аларм за да се започне со посериозни активности во локалната заедница и општините кога станува збор за медиумската писменост со оглед на напливот на непроверени вести и информации кои што доаѓаат од сите страни, а особено од страна на социјалните медиуми кои што младите ги користат најмногу
📢 Ваквите резултати ги добивме во рамките на нашето истражување спроведено со 150 млади од општина Кичево, а резултатите ги срочивме во извештај за нивните перцепции и ставови достапен на веб страницата на Рурална Коалиција: https://ruralnakoalicija.mk/publikacii/
📍 Промотивниот материјал за промотивната онлајн кампања, како и спроведеното истражување се дел од активностите предвидени во рамките на проектот Проектот “Младите и медиумите vs. родово-сензитивните дезинформации“, што пак е грант кој што го спроведува Рурална Коалиција, а е финансиран во рамки на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ финансиран од страна Европската Унија. Проектот „Заедно за поквалитетно новинарство“ е спроведуван од Здружение Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, Гостивар Медиум - Medium во партнерство со Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR преку IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights
#ЕУсоТЕБЕ