Здружение на жени фармери"Моја Фарма"

Здружение на жени фармери"Моја Фарма" Здружението "Моја Фарма" Гостивар е формирано во 2010 година.

10/04/2026
Започнуваме со ново поглавје со поддршка на Akcija Zdruzenska во насока на јакнење на женски активизам за промени на лок...
10/04/2026

Започнуваме со ново поглавје со поддршка на Akcija Zdruzenska во насока на јакнење на женски активизам за промени на локално ниво. Во рамките на оваа иницијатива ќе биде спроведено истражување на две локации - село Тумчевиште и село Железна Река за да се запознаеме со предизвиците, потребите и приоритетите на жените во овие средини.

The Kvinna till Kvinna Foundation
Embassy of Sweden in Skopje

Денес учествуваме на фестивалот на чај кој се одржува во Скопје сити мол. Убаво поминат ден во убава атмосфера опкружени...
15/11/2025

Денес учествуваме на фестивалот на чај кој се одржува во Скопје сити мол. Убаво поминат ден во убава атмосфера опкружени со вредни луѓе. Позитивно искуство за нас и со нови идеи кои произлегоа од фестивалот продолжуваме понатака.

Интервју со претседателката на здружението на жени фармери "Моја Фарма"https://zenskimagazin.faktor.mk/nema-javen-prevoz...
03/11/2025

Интервју со претседателката на здружението на жени фармери "Моја Фарма"

https://zenskimagazin.faktor.mk/nema-javen-prevoz-vo-moeto-selo-pa-samo-mazite-odea-na-rabota-a-zenite-bea-doma-so-decata-vrednite-race-na-zivka-gjurchinovska-od-obrabotliva-zemja-napravija-umetnost?

Животна училница // Приказни Живка Ѓурчиновска гордо истакнува дека е земјоделка: Нејзините вредни раце може да прехранат цела општина! 02 Ноември, 2025 15:45 tweet Добивај ...

Денес присуствуваме на настанот "Жените ги разменуваат семињата на иднината" заедно со Радика Де Дебар и ГИЖ Свети Никол...
25/10/2025

Денес присуствуваме на настанот "Жените ги разменуваат семињата на иднината" заедно со Радика Де Дебар и ГИЖ Свети Николе поддржан од НВО Инфоцентар. Целта на овој настан е да се поттикне размена на традиционални знаења и стари сорти семиња меѓу жените од руралните средини од три региони Дебар, Гостивар и Свети Николе, преку директни средби, дегустација на традиционална храна, зачувување на биодиверзитетот и учество во развој на заедницата. Имавме можност да посетиме еден локалитет во село Мустафино на органско производство, да размениме искуство, вештини и знаења и да ја зајакнеме мрежата помеѓу жени-земјоделки од три региони.

Меѓународниот ден на руралната жена го прославивме со гости од Албанија и претставници од CNVP Македонија. Имавме можнос...
24/10/2025

Меѓународниот ден на руралната жена го прославивме со гости од Албанија и претставници од CNVP Македонија. Имавме можност да им го демонстрираме опитното поле со планински чај, предизвиците со кој се соочивме при подигање на овој опит како и приносите кои ги добиваме од истиот. На крај го дегустиравме планинскиот чај кој беше собран од нашиот насад. Горди сме на приносите кој ги добивме од насадот со планински чај и ентузијазмот на членките од здружението Моја Фарма кој неуморно работеа на подигање на опитот со планински чај.

Подигањето на насадот со планински чај е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust - PONT и CNVP Foundation

Голем предизвик за здружението Моја фарма беше подигањето на насадот со планински чај во село Тумчевиште на површина од ...
06/10/2025

Голем предизвик за здружението Моја фарма беше подигањето на насадот со планински чај во село Тумчевиште на површина од 1 декар(1000 м2) Иако оваа година беше подигната насадот со планински чај приносите дефинитивно ги наминаа нашите очекувања Сите членки заеднички ги
набравме последните количини планинскиот чај и секоја од нас имаше можност да земе за себе колку што собрала од истиот.Следен чекор беше сушење на собраниот планински чај во електричната сушара која беше набавена во рамките на проектот”Руралната жена – чувар на планинскиот чај”финанситана од CNVP I PONT.Електричната сушара во иднина ќе им овозможи на членките од здружението Моја фарма го сушат- дехидрираат планинскиот планинскиот чај и
истиот го продаваа на локалните пазари и остварат дополнителни приходи во насока на економско јакнење на руралните жени.
Оваа активност е релизирана во рамките на проектот ,, Руралната жена – чувар на планинскиот чај,, финансиски поддржан од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT
CNVP Foundation Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Денес  членките на Здружението на жени фармери МОЈА ФАРМА од Гостивар го одржаа завршниот настан – промоција на планинск...
02/10/2025

Денес членките на Здружението на жени фармери МОЈА ФАРМА од Гостивар го одржаа завршниот настан – промоција на планинскиот, чај што е дел од проектот : Руралната жена чувар на планинскиот чај.
Настанот се одржа во село Тумчевиште, каде што е на крајот на месец април беше подигнат насад на планински чај на површина од 1000 м2.
Вредните членки најпрво имаа можност да ја посетат парцелата и самите да собираат чај, кој потоа се носи на сушење во електронска сушара.
Членките имаа можност исушениот чај самите да го пакуваат во хартиени кеси означени со етикети.
На крајот следуваше дегустација на топол и миризлив чај засладен со мед по желба.
За време на целиот настан меѓу членките се чувствуваше ведро расположение поради привршувањето на еден успешно реализиран проект.
Членките инспирирани од успешно реализираниот проект добија желба за проширување на површините со планински чај, а со тоа и можност за остварување на поголеми прриходи и стенкнување на финансиска независност. Исто така добија и самодоверба за понатамошно вклучување на слични активности и проекти.
Голема благодарност до CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT кои го финансираа овој проект. Оваа активност е релизирана во рамките на проектот ,, Руралната жена – чувар на планинскиот чај,, финансиски поддржан од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

CNVP Foundation Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Го реализиравме завршниот настан во рамките на проектот Гласот на жените од руралните средини кој го спроведува здружени...
15/09/2025

Го реализиравме завршниот настан во рамките на проектот Гласот на жените од руралните средини кој го спроведува здружението на жени фармери Моја фарма во партнерство со Институтот за едукација стратешки истражувања и анализа Рурал тинк од Кичево.

Започнавме со презентирање на активностите кои беа реализирани во рамките на овој проект со цел транспарентност и отчертност на добиените резултатите.
На овој настан учествуваа и преставници од општина Кавадарци кои ги презентираа активностите на комисијата за еднакви можности. Слушнавме успешни приказни од преставничка на здружението за еднакви можност Визија од Кавадарци кои долго време работат на оваа проблематика.Се запознавме со активностите кои ги реализира здружението Рурална коалиција кои беа присутни на овој настан.Ваквите настани преставуваат одлична можност за вмрежување ,размена на вештини знаења и промовирање на успешни приказни.

Оваа посета се реализираше во рамките на проектот "Гласот на жените од руралните средини" спроведуван од Здружение на жени фармери"Моја Фарма" Гостивар во партнерство со Институт за едукација, стратешки истражувања и анализи РУРАЛ ТИНК Кичево. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”.
Граѓански ресурсен центар

04/09/2025

Address

Gostivar
1230

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение на жени фармери"Моја Фарма" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Здружение на жени фармери"Моја Фарма":

Share