Целта на овој проект е поддршка и охрабрување на младите луѓе да размислуваат во оваа насока - младинско вработување и поттикнување на социјалното претприемништво. Добар начин за да го достигнеме ова е низ процес на работилници и кампањи каде што младите би можеле да го разберат социјалното претприемништво и ќе ги мотивира да размислуваат во насока на отворање на социјално претпријатие.
Преку проектот ќе се спроведат работилници за јакнење на капацитетите на младите за социјално претпримеништво и професионални вештини за вработување, исто така и подигнување на свеста за социјалното претприемништво преку креирање на страница на социјалните мрежи со име ,,ЕДУКАТИВЕН КЛУБ ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО”. Страницата ќе служи за запознавање со можностите на АВРМ за самовработување, можностите за работа од дома, најбараните вештини на пазарот на трудот, повиците од разни фондови и инспиративни искуства на најмалку 3 бизнис претприемачи.
Активностите вклучуваат иновативни пристапи при креирање на можности за работа за младите, соработка меѓу граѓанското општество, јавниот и приватниот сектор. Младите од Гостивар ќе изградат капацитети за социјално претприемништво и професионални вештини за вработување преку одржување на две едукативни работилници.
Иновативноста на проектот не е само да се обучат и зајакнат младите, туку и да се подобри разбирањето на феноменот на социјалното претприемништво во помалите средини како што е Гостивар.
Овој профил е подготвен во рамки на проектот “Социјално претприемништво за младинско вработување” со финансиска подршка од Млади – Агенти на промената.