ГТК - Гевгелија Точак Клуб

ГТК - Гевгелија Точак Клуб Официјална страна на ГТК - Гевгелија Точак Клуб

Ние сме здружение на страсни велосипедисти кои ја споделуваат љубовта кон велосипедот. Без разлика дали сте друмски велосипедист, планински велосипедист или едноставно сакате да возите за забава, место има за секого.

Нашата мисија е да го промовираме велосипедот како здрав и одржлив начин на транспорт, да обезбедиме образование и ресурси за сите нивоа на возачи и да ги собереме истомислениците да

истражуваат нови дестинации и да уживаат во друштвото на едни со други.

Нашиот клуб е основан 2022-ра година од група ентузијасти кои сакаа да создадат заедница на велосипедисти од сите нивоа на вештини.

За само една година, пораснавме и станавме еден од најголемите и се најдовме во друштво со најактивните велосипедски клубови во Македонија.

Горди сме што имаме разновидна база на членство, со велосипедисти од сите возрасти, машки и женски, со различни убедувања кои се собираат заедно за да ја споделат својата љубов кон велосипедизмот.

Покрај нашите редовни клупски возења, ГТК исто така е домаќин на различни настани во текот на годината, вклучувајќи хуманитарни возења, друмски трки, настани за планински велосипеди и социјални собири.

Ние веруваме дека возењето велосипед е одличен начин да останете во форма, да истражувате нови места и да се поврзете со други, и посветени сме да го направиме велосипедизмот достапен и пријатен за секого.

Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот клуб, јавете ни се и во најбрз можен рок ќе добиете пристапница со која што ќе го потврдите вашето членство во ГТК !

Членството е отворено за сите кои се заинтересирани за велосипедизам и ги поздравуваме велосипедистите од сите нивоа на вештини.
Без разлика дали сте искусен професионалец или почетник во ГТК сте добро дојдени во секое време.
Нашите членови имаат богато знаење и искуство за споделување, а ние секогаш со задоволство им помагаме на новите возачи да започнат.

Па ајде, придружете ни се на возење и станете дел од нашата велосипедска заедница!

Заедно, можеме да направиме убави нешта во Гевгелија и да го промовираме велосипедизмот како здрав и одржлив начин на живот.

Поминаа три дена откако заврши и овогодинешниот настан Сите уф Серменин, а ние сѐ уште сме под импресии и ги сумираме на...
25/09/2024

Поминаа три дена откако заврши и овогодинешниот настан Сите уф Серменин, а ние сѐ уште сме под импресии и ги сумираме нашите впечатоци!

Од велосипедисти, планинари, моторџии, па се до ученици, членови од фондацијата Ице Бегов, мештани од селото, а посетители дури и од цела Македонија - навистина бевме Сите уф Серменин, подготвени за стартот на велосипедските и планинарските тури!

На самиот старт нѐ пречекаа прекрасните домашно приготвени закуски и десерти, од нашите вредни серменинчани и серменинчанки! По краткото време за дегустација и подигањето на стартните пакети, нашите велосипедисти се упатија кон внатрешноста на убавата Кожуф Планина! Оние, пак, кои останаа да го истражат селото, можеа да посведочат за долгите, но интересни натпревари во табла! По завршетокот на велосипедските и планинарските тури, во црковниот двор се служеше вкусното гравче за сите посетители!

Благодарение на сите Вас, Серменин беше исполнет со позитивна енергија и искрени љубители на велосипедизмот и природата која ја нуди нашиот Кожуф!

Би сакале овде да се заблагодариме на поддршката и на општина Гевгелија, ЈПДК Комуналец, МВР Гевгелија, Месна Заедница Серменин, ЈП. Н. Шуми - Подружница Гевгелија, ЈЗУ Општа Болница Гевгелија, Регионален Центар за Управување со Кризи - Гевгелија, Црвен Крст Гевгелија, Црква Св. Георгиј и на сите спонзори без кој овој настан немаше да биде на ова ниво.

Ни беше огромно задоволство да Ве поканиме на југот од Македонија, во село Серменин! Вашите насмевки ни се огромна мотивација за догодина да го направиме овој настан уште подобар! Ви благодариме на огромната посетеност на овој настан!

Ваш ГТК - Гевгелија Точак Клуб!

25/09/2024
Уште само еден ден, ве очекуваме утре на дружба и забава во природа!
21/09/2024

Уште само еден ден, ве очекуваме утре на дружба и забава во природа!

Инфо за сите што сакаат да кампуваат во сабота навечер!
21/09/2024

Инфо за сите што сакаат да кампуваат во сабота навечер!

Драги велосипедисти и велосипедистки, драги љубители на природата,Ве очекуваме оваа недела - 22.09 на настанот Сите уф С...
21/09/2024

Драги велосипедисти и велосипедистки, драги љубители на природата,
Ве очекуваме оваа недела - 22.09 на настанот Сите уф Серменин, во село Серменин, општина Гевгелија. Би сакале да споделиме неколку информации во врска со настанот!

🚗За сите посетители на настанот е обезбеден паркинг на влезот на селото! Се замолуваат сите посетители да ги паркираат своите возила на овој паркинг, сѐ со цел да имаме слободен премин низ селото! Воедно, ги замолуваме мештаните да ги паркираат своите возила во своите дворови!

⏰Стартот на велосипедските тури е во 9:00 часот од центарот на селото! Се замолуваат сите учесници да пристигат во 8:00 часот за потпишување на изјава и подигнување на стартни пакети!

🥘За сите посетители на настанот обезбеден е ручек на полјаната близу до селското училиште!

🏓Сите останати посетители може да учествуваат во турнири во шах, табла, карти, џамлии, пинг понг и слично, на полјаната до селското училиште по 12 часот!

🍀Ве молиме чувајте ја природата! Вашите отпадоци и отпушоци чувајте ги и фрлете ги во најблиската канта за отпадок!

Повелете на одлична дружба и забава!

Уште само 2 дена!!!Ве очекуваме во село Серменин! #СитеУфСерменин
20/09/2024

Уште само 2 дена!!!
Ве очекуваме во село Серменин!
#СитеУфСерменин

На 22.09 Ве очекуваме на настан полн со енергија и позитивни вибрации, а овој ден ќе биде посебен благодарение на поддрш...
20/09/2024

На 22.09 Ве очекуваме на настан полн со енергија и позитивни вибрации, а овој ден ќе биде посебен благодарение на поддршката од: Баламов Компани, Алдузо, Гема Пласт - ЦТС, Девомак, Димбафенс, Зона Експрес, Ципа Транс, Алфабет, Илинден 2007, Конигтон, Работна Рака, Тони Транспорт, Коми Транспорт, Click Tint, PrintBased.mk, 3DTara, Тим ДООЕЛ, Анса ДООЕЛ, Сара Меџик. Ви благодариме што го поддржувате нашиот настан!
Упатуваме благодарност и до Мотел Ашикот, Белиот Рај, Негорски Бањи и Burger and Beer! Со Вашата поддршка, ќе го оствариме овој посебен настан и ќе создадеме незаборавно искуство за сите учесници!

За време на нашиот настан, учесниците ќе бидат пречекани со вкусните Бели пецива - Васка и најубавиот мед од Пчеларска Фарма Беќарови! За сите учесници имаме мало изненадување на самиот старт - подготвено од мештани на село Серменин!
Изразуваме огромна благодарност до Лука Николоски за неговиот придонес за овој настан!
Настанот Сите уф Серменин ќе биде медиумски покриен од страна на ТВ Нова 12 и Time FM. Ви благодариме за залагањето и поддршката на нашиот настан!

Бескрајно сме благодарни до сите наши поддржувачи! Ве очекуваме сите на добра забава на 22.09 во село Серменин!

19/09/2024
Поддршка доаѓа од сите страни - неуморните општествено одговорни компании секогаш се покажуваат на дело! И денес би сака...
19/09/2024

Поддршка доаѓа од сите страни - неуморните општествено одговорни компании секогаш се покажуваат на дело! И денес би сакале да изразиме благодарност до дел од нашите поддржувачи!

Огромна благодарност до Серменински Чардак, кои ќе подготвуваат вкусни домашни специјалитети на овогодинешниот настан! Благодарност и до компаниите Вори, Випро, Изворска, Кожувчанка, Синалко, Органик Фарм и Шумски Плодови Кожуф за придонесот на нашиот настан Сите уф Серменин!

Изразуваме благодарност и до Маркет Года, Лени Тобако, Пиљара Еленче, Прима Фарм, Златни Рачиња, Томео Спорт и Тими Универзал кои значително придонесуваат за реализација на успешен настан!

Секој ваш придонес додава уникатна вредност која го збогатува духот на настанот Сите уф Серменин. Ви благодариме што сте клучен дел од овој настан!

И ние ќи бидме уф Серменин :-)
19/09/2024

И ние ќи бидме уф Серменин :-)

Сите уф Серменин 2023 - Инклузива
18/09/2024

Сите уф Серменин 2023 - Инклузива

Уште 4 дена...Бидете дел од оваа авантура🚲
18/09/2024

Уште 4 дена...
Бидете дел од оваа авантура🚲

Address

Gevgelija
1480

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ГТК - Гевгелија Точак Клуб posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share