ECO LIFE

ECO LIFE ЗЗЖСЕДМ ЕКО ЛАЈФ работи на проекти за поттикнување на позитивни практики со цел заштита на животната средина

🌍♻️ Денес го одбележуваме Global Recycling Day!Рециклирањето не е само навика – тоа е одговорност кон нашата планета и и...
19/03/2026

🌍♻️ Денес го одбележуваме Global Recycling Day!

Рециклирањето не е само навика – тоа е одговорност кон нашата планета и идните генерации. Со секое правилно селектирано парче отпад, придонесуваме за почиста животна средина, помалку загадување и поодржлива иднина.

💚 Малите чекори прават голема разлика.

Да ја чуваме природата – затоа што немаме резервна планета. 🌱

#СочувајЈаПланетата

18/03/2026

🌿 Споделувамe едно прекрасно видео од убавините на Кожуф и регионот Конско, Ума и Серменин 🌿⛰️

Овие места кријат неверојатни природни пејзажи, чист воздух и мир што тешко се опишува со зборови. Од планински видици до тивки села и недопрена природа – вистински рај за љубителите на авантурата и релаксацијата.

Овој регион има огромен туристички потенцијал кој заслужува да биде откриен и споделен со светот 🌍

Погледнете го видеото и уверете се сами – можеби токму тука ќе биде вашата следна дестинација! ✨

➡️ Оваа е само дел од пошироката мисија на проектот „Развој и промоција на туристичките потенцијали во Општина Гевгелија“ спроведен од страна на ЗГ ЕКО ЛАЈФ со финансиска поддршка од страна на Општина Гевгелија.

#Кожуф #конско #серменин #ума #туризам #природа #Македонија

💯 Полека, но сигурно го градиме туристичкиот идентитет на нашите села во Општина Гевгелија! ➡️ Поставување на информатив...
31/07/2025

💯 Полека, но сигурно го градиме туристичкиот идентитет на нашите села во Општина Гевгелија!
➡️ Поставување на информативни табли за промоција и видливост на туристичките обележја во селата Серменин, Конско и Ума
➡️ Поставување на 20 информативни табли непосредно пред секое позначајно обележје или актракција во селата Серменин, Конско и Ума, како и 3 големи информативни табли со сите значајни обележја поставени на влезот во секое од селата.
На тој начин посетителите ќе имаат можност да:
✅ дознаат повеќе за потеклото и значењето на секоја локација; ✅ се ориентираат полесно во природата;
✅ да ја почувствуваат приказната зад секој камен, поток или патека.

➡️Во прилог линк до дигитална интерактивна мапа на која се прикажани сите позначајки обележја во горенаведените места за подобра ориентација и полесно наоѓање на истите:
https://interaktivnamapa.netlify.app/

➡️ Оваа е само дел од пошироката мисија на проектот „Развој и промоција на туристичките потенцијали во Општина Гевгелија“ спроведен од страна на ЗГ ЕКО ЛАЈФ со финансиска поддршка од страна на Општина Гевгелија.
➡️ Благодарност до сите кои придонесоа за реализација на ова активност: проектниот тим, локалниот водич и останатите ентузијасти кои допринесоа нашите културни и природни богатства конечно да добијат своја приказна и име во насока на развој на алтернативниот туризам во Општина Гевгелија.



Општина Гевгелија Dejan Marencev

✨ Малите херои на природата на дело!Во дворот на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија и ООУ „Ристо Шуклев“ - Негорци никна...
20/06/2025

✨ Малите херои на природата на дело!
Во дворот на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија и ООУ „Ристо Шуклев“ - Негорци никнаа нови домови за пријателите на природата - птиците! 🐦🌳

Како дел од креативната работилница „Запознавање со природата и алтернативниот туризам“, нашите ученици ги изработија овие прекрасни куќарки за птици, со љубов, имагинација и грижа за животната средина. 💚

Ова не е само украс, туку чекор кон развој на еколошка свест кај младите и враќање на природата во нашиот секојдневен живот.

Горди сме на нашите млади креатори! 👏

Општина Гевгелија Elena Krstevska Ruzica Ikonomova Dejan Marencev

#младиекохерои #креативниученици #Гевгелија #љубовконприродата #алтернативентуризам

Еко-Живот,   Eco-Life Kavadarci ви благодариме на поканата! Прекрасно искуство за нас и за младите 🤩
20/06/2025

Еко-Живот, Eco-Life Kavadarci ви благодариме на поканата! Прекрасно искуство за нас и за младите 🤩

🌿✨ На 31 мај 2025 година успешно ја реализиравме завршната работилница како дел од обуката „Запознавање со природата и а...
31/05/2025

🌿✨ На 31 мај 2025 година успешно ја реализиравме завршната работилница како дел од обуката „Запознавање со природата и алтернативниот туризам“, со ученици од трите основни училишта:
📚 ООУ „Крсте Петков Мисирков“- Гевгелија
📚 ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија
📚 ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци

Работилницата се одржа во прекрасната природна атмосфера на Пчеларската фарма „Алчинов“ – Гевгелија, каде што учениците имаа уникатна можност да се запознаат со светот на вредните пчелки 🐝, да цртаат на каменчиња 🎨 и креативно да изработуваат куќарки за птици 🐦кои ќе бидат поставени во дворовите на нивните училишта.

Сè беше во духот на природата – учење, креативност и уживање на чист воздух, со акцент на важноста од зачувување на природните ресурси и развој на свесност за алтернативниот туризам. 🌱🌍

📸 Благодарност до сите учесници, наставници и домаќините од „Алчинов“ за топлиот пречек и инспиративното искуство!

Работилницата се одржува во рамки на проектот „Развој и промоција на туристички потенцијали во Општина Гевгелија“ финансиран од Општина Гевгелија, а реализиран од страна на ЗГ ЕКО ЛАЈФ Гевгелија.

Пчеларска фарма Алчинов Општина Гевгелија Dejan Marencev

#природа #алтернативентуризам #љубовконприродата

🌿 Успешно реализирана трета обука за запознавање со природата и алтернативниот туризам! 🌄На ден 20 мај 2025 година, во О...
23/05/2025

🌿 Успешно реализирана трета обука за запознавање со природата и алтернативниот туризам! 🌄

На ден 20 мај 2025 година, во ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија, со голем ентузијазам и интерес беше одржана третата по ред обука на тема:

🎒 „Запознавање со природата и алтернативниот туризам“

Учениците од IV до VI одделение имаа можност преку интерактивни активности, практични примери и едукативни сесии да се запознаат со:
🔹 Основите на еко-туризмот
🔹 Безбедно движење и ориентација во природа
🔹 Одговорно однесување при престој во природни средини
🔹 Препознавање на локалната флора и фауна
🔹 Потенцијалите за развој на алтернативен туризам во нашиот регион

📸 Обуката беше исполнета со позитивна енергија, љубопитност и желба за учење!

Голема благодарност до сите ученици, наставници и организатори кои придонесоа оваа едукативна активност да биде уште еден чекор кон развој на свеста за заштита на природата и одржлив туризам! 🌱

Продолжуваме со нови активности и иницијативи – за подобра иднина и поздрава околина.

Општина Гевгелија Apitoxin - Gevgelija

#ооукрстемисирков #природа #алтернативентуризам #Гевгелија #екосвесност #љубовконприродата #УЧИМЕ

💚 Мисијата продолжува! 🌍 Во ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија, на 08.05.2025 (четврток) со голем ентузијазам ја продолж...
10/05/2025

💚 Мисијата продолжува! 🌍
Во ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија, на 08.05.2025 (четврток) со голем ентузијазам ја продолживме мисијата за ширење љубов кон природата и алтернативниот туризам 🌿🏕️

За време на обуката:
✅ Разговаравме за бенефитите од престој во природа;
✅ Учевме што претставува алтернативниот туризам и зошто е важен;
✅ Споделивме практични совети за одговорно однесување во природа;
✅ Го повторивме најважното – што секогаш треба да понесеме со нас на излет или планинарење 🎒🌲:
✅ Патувавме низ светот на зелените вредности, научивме како да бидеме пријатели на природата и откривме нови начини на одговорно истражување на нашата земја. 📚🌄

📚 Обуката беше надополнета со креативен квиз на крајот, кој ги размрда учениците и им помогна на забавен начин да го повторат наученото! 🙌🧠

Учениците покажаа голем интерес, ентузијазам и љубов кон природата – вистински млади еко-херои! 🌍💚

👏 Голема благодарност и пофалби до сите што учествуваа
💚 Благодарност до директорката Ruzica Ikonomova и наставниот персонал за несебичната поддршка и соработка!
📌 Проектот „Развој и промоција на туристичките потенцијали во Општина Гевгелија“, на Здружението ЕКО ЛАЈФ од Гевгелија е финансиран од Општина Гевгелија.

Општина Гевгелија Пчеларска фарма Алчинов Apitoxin - Gevgelija

#природа #алтернативентуризам #едукација #екосвесност #чувајприродата

👨‍🏫ОБУКА НА ТЕМА „ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРИРОДАТА И АЛТЕРНАТИВНИОТ ТУРИЗАМ“👨‍🏫📍 На 05.05.2025 год. во просториите на ООУ „Ристо...
07/05/2025

👨‍🏫ОБУКА НА ТЕМА „ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРИРОДАТА И АЛТЕРНАТИВНИОТ ТУРИЗАМ“👨‍🏫

📍 На 05.05.2025 год. во просториите на ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци се одржа едукативна обука на тема „Запознавање со природата и алтернативниот туризам“ наменета за ученици од 7 - 11 годишна возраст. На обуката 30 ученици имаа можност да се запознаат со придобивките од природата и алтернативниот туризам. Обуката беше предводена од страна на Кристијан Алчинов - основач на здружението на пчелари АПИТОКСИН Гевгелија и голем љубител на природата.

📍 Со многу интеракција, визуелни практични примери и инспиративни разговори, учениците покажаа вистинска посветеност и љубов кон природата. 🙌
Од откривање на скриени природни убавини до идеи за одржлив туризам – заедно учевме, се дружевме и се поврзавме со светот околу нас на еден поинаков начин. 🌍💚

👏 Голема благодарност и пофалби до сите што учествуваа – вие ја направивте оваа работилница посебна!

💚 Благодарност до директорката Елена Крстевска и преданите наставнички за прекрасната соработка.

📌 Проектот „Развој и промоција на туристичките потенцијали во Општина Гевгелија“, на Здружението ЕКО ЛАЈФ од Гевгелија е финансиран од Општина Гевгелија.

ООУ”Ристо Шуклев”-Негорци Пчеларска фарма Алчинов Општина Гевгелија Dejan Marencev Елизабета Јанева
#алтернативентуризам #љубовконприродата #работилница #интеракција

На 09.04.2025 беше Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението за заштита на животна средина и едукација на деца...
05/05/2025

На 09.04.2025 беше Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението за заштита на животна средина и едукација на деца и млади ЕКО ЛАЈФ Гевгелија и Здружението на пчелари АПИТОКСИН од Гевгелија со цел воспоставување на соработка на полето на детската едукација, здравствената грижа, исхраната , алтернативната и традиционалната медицина, еко туризмот, алтернативниот туризам и хоби активностите на страните потписнички.

Пчеларска фарма Алчинов

Work in progress!
14/04/2025

Work in progress!

Address

Risto Chavdarov 15
Gevgelija
1480

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ECO LIFE posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ECO LIFE:

Share