30/04/2026
✿❯──── КОГА ДЕНОТ ИМА УТРЕ ────❮✿
Врз основа на прифатено 'Барање за добивање на согласност за реализација на проект ЌЕРКАТА НА ОРЕЛОТ и проект МАНДИ на територија на општина Пробиштип', денес имав чест и задоволство во име на Здружение ТАЈКА, пред Советот на општина Пробиштип, да презентирам:
▷ПЛАН за имплементација на процесите на деинституционализација, децентрализација и дигитализација, развој на планински туризам за лица со попреченост и лица со ретка болест, нов регионален пат Пробиштип - Пониква, со проект ЌЕРКАТА НА ОРЕЛОТ и проект МАНДИ, во општина Пробиштип (2026-2029) - нацрт ◁
❥ ВО ЧЕСТ И СЛАВА НА ТАТКО МИ
ღ Полицаецот Ѓорги Јованов - Орелот од Ратковица/Раткова Скала ღ
Проектни активности на Здружение ТАЈКА на територија на општина Пробиштип :
✿ Воспоставување станбени единици за живеење со поддршка од социјалните служби, здружено домување за лица со попреченост - за кои нема кој да се грижи од потесното семејство/вон-семејна заштита;
✿ Клуб за социјална инклузија за привремен престој на лица со попреченост и лица со ретка болест, рекреативен центар, едукативен центар и советувалиште;
✿ Инвестиција во производство на храна за домашни миленици Бренд МАНДИ, со вработени работоспособни лица со попреченост, лица со ретка болест и лица изложени на социјален ризик и општествено исклучување;
✿ Формирање Локален Лиценциран Тим - ЛЛТ за одржливост на проектни активности;
✿ Спроведување на Социјално мапирање и креирање на Дата База/База на податоци со пополнување на авторски ПРАШАЛНИК по методот 'Лице в Лице';
✿ Развој на планински туризам за лица со попреченост и лица со ретка болест во с.Ратковица, месност Раткова Скала
(родното место на татко ми - изворот на радосната тага);
✿ Изградба на нов регионален пат Пробиштип - Пониква.
❥ За овие активности Здружение ТАЈКА обезбедува сопствени финански средства.
❥ Упатувам срдечна благодарност до Градоначалникот на општина Пробиштип, г-н. Тони Тоневски, Претседателот на Совет на општина Пробиштип, г-н. Бојан Серафимовски и Секретар на општина Пробиштип, г-ѓа. Јованка Данева, за поддршката и афирмацијата на активностите на Здружението и од ♡ искажаната добра волја за соработка.
❥ Упатувам срдечна благодарност до сите членови на Комисијата за општествени дејности и Совет на општина Пробиштип за укажаната беспрекорна почит и едногласно добиената согласност за реализација на проектите.
❥ Упатувам срдечна благодарност и до мојот придружник, мојот сопруг,
г-н. Кирил Каркалашев, Извршен директор на Здружение ТАЈКА.
⎖ Ваквата поддршка претставува важен придонес кон афирмација и видливост на правата и потребите на лицата со попреченост и лицата со ретка болест во општеството.
⎖ Ревносното и респективно делување на Здружение ТАЈКА со заедницата во заедницата и меѓусебната тесна координација со општината придонесува за инклузија на заедницата и поттикнува општински, регионален и државен развој во областа на социјална заштита и благосостојба и економски развој.
⎖ Заедно продолжуваме да го јакнеме гласот и правата на лицата со попреченост и лицата со ретка болест - на национално и меѓународно ниво и отвораме инпути врз општинската и регионална економија.
✥ Чекор по чекор до општествен прогрес!
♡ Со почит,
Тања Јовановска Каркалашева, Претседателка на Здружение ТАЈКА; Авторка на Проектите и Планот;
Лице со ретка болест.
❝ Кога ќерка љуби татко...
Не пишува животот со мастило на судбината. Таа пишува!
#ТаЈкаЕпиграм #ЌеркатаНаОрелот #ВоинСнегулка #Манди #ТАЈКА #ОпштинаПробиштип